- Член од
- 3 декември 2018
- Мислења
- 39
- Поени од реакции
- 37
- Возраст
- 37
Значи им ги имам прочитано на Лидија и на Венко последните неколку книги (со исклучок на последната нејзина детска, и Александар јава на Запад). Не се споредливи со тоа што го пишувале претходно. Ова што го зборувам нема врска со тоа што јас сум автор (ако мислиш дека сум ист како 90 посто од останати писатели во МК и што викаат јас јас и ништо друго, отвори само Книжевни разговори поткастот, каде што 50-60 современици сум ги промовирал и ми биле гости, бидејќи сметам дека имаат што да кажат).Лидија Димковска се шлепа на стара слава? Јас разбирам да не ти се допаѓа некој автор, ама за неа да кажеш дека се шлепа на стара слава е стварно безвезе. Исто и за Венко (колку и да не го сакам).
Три или било која издвачка куќа благодарение на продажбата на книгите од областа на пример од самопомош (или кој и да е друг “хит” жанр) може да ги издаде авторите како Мураками, Сали Руни, Феранте, Шафак и сличните на нив.
Може ли предлог од тебе за квалитетна македонска современа проза? Кои автори “не се шлепаат на стара слава”? Што за тебе преставува автор “нешлепач”? Секако со исклучок на твоите дела.
Што се однесува за тоа на кој начин Три си ги финансира делата, доста е да се погледне колку редовно земаат државна помош, или не. Пак ќе кажам, најверојатно најпрофесионална куќа од аспект на принцип на работа, ама издавачката програма на домашни автори им е во стагнација што беше целта на разговорот погоре.
Квалитетна современа македонска проза можеш да најдеш низ повеќе издавачки куќи, вклучително и Три (Јурчева, Вики Танчева и сл.) но пред се тука станува збор за понавата генерација која користи жанр како средство за да се допре до публиката и е доста читана по повеќе параметри (споредбено со ете и тие имиња како Димковска и Венко, доста е човек да провери ситуација во COBISS и по книжевните групи или goodreads), и која што е контунуирано игнорирана од страна на книжевната фела тука.










