И не само тоа, додадов уште нешто.Си го едитирал постов со твит од амазон прајм, па да прашам, трошењава од летово нема да ги рачинаме?
Зошто тогаш кажува дека секогаш биле различен клуб од тој аспект и набројува што освоиле претходните години работејќи така на различен начин од другите?Ама Клоп самк кажа дека е тешко и не може секој да троши во ова време, не генерално. Јас барем така го разбирам. Ако муабетот има друга поента, тогаш извини, не сум разбрал добро.
Затоа што историјата на клубот и финансирање на истиот никогаш не било какво што е она на Сити, на пример.Зошто тогаш кажува дека секогаш биле различен клуб од тој аспект и набројува што освоиле претходните години работејќи така на различен начин од другите?![]()
Џабе пишуваш долги постови коа од старт си ја утнал поентата, да го напишеше на папир ќе требаше у канта да го фрлиме ова.И не само тоа, додадов уште нешто.
Види Пеџа, сме се расправале по форум, сме влегувале во вакви или онакви клинчови, имам изградено некое мислење за тебе како форумски лик. Без разлика, јас не мислам дека ти си некој си тупав лик и затоа се надевам искрено дека само ,,се правиш на Тошо".
Поради тоа, не сакам да го правам овој муабет, бидејќи ова само по себе е исцртано. Не се работи за заземање страна. А и поради тоа да не дојдеме до ,,Војна и мир" ситуација. За сопствено здравје, превентивно.
Со ова лето, Челзи го надминува Ливерпул во нет спендинг. Тоа не е спорно воопшто. Ама не е ни тоа поентата.
Поентата е дека Челзи троши и трошел многу во ерата на Роман. Но и дека Ливерпул исто така троши пари и е дел од таа матрица потрошувачка на големците во светот на фудбалот. Повеќе или помалку, важно е дека Ливерпул исто така прави големи трансфери и Ливерпул исто така има сопственичка структура со многу силна финансиска позадина.
Клоп со оваа изјава се поставува и се однесува како да е тренер на ВБА. Како да крпи од сезона во сезона со играчи, како да позајмува младинци од премиерлигашки екипи. Како да се потпира само на својата школа, небаре е Ајакс.
Тоа едноставно не е вистина. Клоп се поставува во подредена ситуација. Како да е андердог во однос на Челзи, Сити, Јунајтед во тој поглед.
Клоп не зборува за профили на бизнисмени, сопственици и газди во светот на фудбалот. Па сега да ги става во категории ,,олигарси", ,,држава", ,,берзаши" итн.
Клоп зборува како да е сопственик на Ливерпул некој Живко Мукаетов. Сопственик на Ливерпул е човек со огромен и развиен бизнис, со огромни финансии и средства, човек, моќен човек.
Не е олигарх, ама не е ниту рандом сопственик на палачинкара во Гостивар. Хенри е милионер, Хенри располага со милијарди. Хенри е исто така експонат на капиталистичката машинерија навлезена и во фудбалот.
Е токму затоа изјавата негова е смешна, контрадикторна и бизарна. И крајно потценувачка. Не сме биле ние во кома, имаме и интернет, а и знаеме да баратаме со него повремено и да прочитаме по нешто.
Да не зборувам за поводот. Ајде да речеш, втор или трет завршил лани, па сега е малку салти и исфрустриран и затоа вака се излетува. Човекот лани доминантно изгази во Премиер Лига и стана шампион и сега предвреме на глупав начин бара алиби за потенцијален неуспех следнава сезона.
Абе јасно ми е се тоа, и може Ливерпул нема да троши како Сити и Челзи никогаш, иако доста им е сменето работењето на овие последниве неколку години.Затоа што историјата на клубот и финансирање на истиот никогаш не било какво што е она на Сити, на пример.
Ливерпул како клуб е клуб кој е заснован на работничка класа а градот е град кој секогаш се борел за работничките права.
Ливерпул како клуб има најголема експанзија кога градот пропаѓа на индустриски план и фудбалот (од муабети и документарци) е единствено нешто што го држи народот „во живот“, кога сите губат работа и „парче леб“.
Што би рекол Рики „идентитетот на клубот е слобода и права на работниците“.
Да не излезе дека продавам „муда за бубрези“, ти одговарам само затоа што праша и се надевам дека сакаш да знаеш а не ти е од курч поставено прашањето.
Ништо тогаш, ќе се обидам одново. Да ја разберам поентата. Тешка филозофија е изјавата на Клоп, потребна е опсежна и повеќестрана опсервација.Џабе пишуваш долги постови коа од старт си ја утнал поентата, да го напишеше на папир ќе требаше у канта да го фрлиме ова.
Почни од ново боље. Со помалце букви да не се троши мастилото.
Види, не ми треба (ќе зборам за себе) Клоп кој дошол пред 5 години во клубот да ми објаснува за историјата на истиот, клуб за кој навивам 20тина години.Абе јасно ми е се тоа, и може Ливерпул нема да троши како Сити и Челзи никогаш, иако доста им е сменето работењето на овие последниве неколку години.
Ама многу безвезе го направи муабетот кој бар мене ми делува како да е за малце вас фановите да ве "смири" со тоа различен клуб затоа што и покрај успехот претпоставувам дека добар дел не сте баш задоволни со тоа што не се инвестира уште, сега откако стигнаа на врвот.
Ете Ливерпул е различен клуб во некои аспекти. Не го менува фактот дека и они како и секој друг топ клуб инвестираа доста пари за да создадат шампионски тим.
Ливерпул пред две години инвестираше сериозно со пари кои во најголем дел беа од продажба на играчи и изгради шампионски тим. Челзи сега го прави истото, само што мора да го направи во едно лето наместо две. А он прави споредба и вика ние овде сакаме да се подобруваме, ама на различен начин.
Да, го почна муабетот демек за во моментов, во кризава. Ама после отиде во различен правец.
Абе реално ако дискутираме и тие Јунајтед што се поим за Англија биле некогаш како Челзи т.е. не купувале така агресивно ама пак долго време се водеа како најбогат клуб во Англија...е сега од 2003 кога Роман дојде со јахтите, пристигна конкуренција и му зажежи малце на ФергусонОна што е најинтересно во целата оваа дискусија е дека генералната перцепција за Челзи засекогаш ќе остане дека е тоа вештачки, пластичен тим, создаден со валканите пари на руски олигарх, и Челзи засекогаш ќе биде прототип или архетип за сите идни ПСЖиња или Манчестер Ситии, додека од друга страна, колку и да потрошат пари Ливерпул, Јунајтед, Арсенал па и Тотенхем ќе бидат перцепирани како автентични тимови.
И нема бегање од ова.
Ливерпул го води ФСГ, американска спортска компанија. Со реален бизнис, цел и мотив.Ништо тогаш, ќе се обидам одново. Да ја разберам поентата. Тешка филозофија е изјавата на Клоп, потребна е опсежна и повеќестрана опсервација.
Важно е дека ти си ја погодил поентата. Како и обично.