Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.695
Поени од реакции
8.338
И Клоп влегол во филмот со пластични и непластични :D
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Газдата на Клоп и Абрамович се разликуваат по тоа што Хенри израснал и работел во капиталистички САД во подем, а Абрамович во комунистички СССР во распаѓање. Тоа создава навидум некаква разлика, инаку методите на делување се исти.

Несуптилноста на Клоп каде отворено го споменува Челзи во случајов е за пофалба, да биде јасно каде е јадежот.
И исто така несуптилно му посакувам крајно нервозно гостување на Стемфорд Бриџ лично за него и крвав нос од удари од лакти за одвратниот Ван Дајк, дури и да загуби Челзи. Моментално тие две работи изгледаат нереални ако се знае состојбата на составот на Челзи, ама ќе видиме.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Си го едитирал постов со твит од амазон прајм, па да прашам, трошењава од летово нема да ги рачинаме?
И не само тоа, додадов уште нешто.

Види Пеџа, сме се расправале по форум, сме влегувале во вакви или онакви клинчови, имам изградено некое мислење за тебе како форумски лик. Без разлика, јас не мислам дека ти си некој си тупав лик и затоа се надевам искрено дека само ,,се правиш на Тошо".
Поради тоа, не сакам да го правам овој муабет, бидејќи ова само по себе е исцртано. Не се работи за заземање страна. А и поради тоа да не дојдеме до ,,Војна и мир" ситуација. За сопствено здравје, превентивно.

Со ова лето, Челзи го надминува Ливерпул во нет спендинг. Тоа не е спорно воопшто. Ама не е ни тоа поентата.
Поентата е дека Челзи троши и трошел многу во ерата на Роман. Но и дека Ливерпул исто така троши пари и е дел од таа матрица потрошувачка на големците во светот на фудбалот. Повеќе или помалку, важно е дека Ливерпул исто така прави големи трансфери и Ливерпул исто така има сопственичка структура со многу силна финансиска позадина.

Клоп со оваа изјава се поставува и се однесува како да е тренер на ВБА. Како да крпи од сезона во сезона со играчи, како да позајмува младинци од премиерлигашки екипи. Како да се потпира само на својата школа, небаре е Ајакс.
Тоа едноставно не е вистина. Клоп се поставува во подредена ситуација. Како да е андердог во однос на Челзи, Сити, Јунајтед во тој поглед.
Клоп не зборува за профили на бизнисмени, сопственици и газди во светот на фудбалот. Па сега да ги става во категории ,,олигарси", ,,држава", ,,берзаши" итн.
Клоп зборува како да е сопственик на Ливерпул некој Живко Мукаетов. Сопственик на Ливерпул е човек со огромен и развиен бизнис, со огромни финансии и средства, човек, моќен човек.
Не е олигарх, ама не е ниту рандом сопственик на палачинкара во Гостивар. Хенри е милионер, Хенри располага со милијарди. Хенри е исто така експонат на капиталистичката машинерија навлезена и во фудбалот.

Е токму затоа изјавата негова е смешна, контрадикторна и бизарна. И крајно потценувачка. Не сме биле ние во кома, имаме и интернет, а и знаеме да баратаме со него повремено и да прочитаме по нешто.

Да не зборувам за поводот. Ајде да речеш, втор или трет завршил лани, па сега е малку салти и исфрустриран и затоа вака се излетува. Човекот лани доминантно изгази во Премиер Лига и стана шампион и сега предвреме на глупав начин бара алиби за потенцијален неуспех следнава сезона.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ама Клоп самк кажа дека е тешко и не може секој да троши во ова време, не генерално. Јас барем така го разбирам. Ако муабетот има друга поента, тогаш извини, не сум разбрал добро.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.760
Поени од реакции
52.731

Зошто тогаш кажува дека секогаш биле различен клуб од тој аспект и набројува што освоиле претходните години работејќи така на различен начин од другите? :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Зошто тогаш кажува дека секогаш биле различен клуб од тој аспект и набројува што освоиле претходните години работејќи така на различен начин од другите? :D
Затоа што историјата на клубот и финансирање на истиот никогаш не било какво што е она на Сити, на пример.
Ливерпул како клуб е клуб кој е заснован на работничка класа а градот е град кој секогаш се борел за работничките права.
Ливерпул како клуб има најголема експанзија кога градот пропаѓа на индустриски план и фудбалот (од муабети и документарци) е единствено нешто што го држи народот „во живот“, кога сите губат работа и „парче леб“.

Што би рекол Рики „идентитетот на клубот е слобода и права на работниците“.

Да не излезе дека продавам „муда за бубрези“, ти одговарам само затоа што праша и се надевам дека сакаш да знаеш а не ти е од курч поставено прашањето.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
И не само тоа, додадов уште нешто.

Види Пеџа, сме се расправале по форум, сме влегувале во вакви или онакви клинчови, имам изградено некое мислење за тебе како форумски лик. Без разлика, јас не мислам дека ти си некој си тупав лик и затоа се надевам искрено дека само ,,се правиш на Тошо".
Поради тоа, не сакам да го правам овој муабет, бидејќи ова само по себе е исцртано. Не се работи за заземање страна. А и поради тоа да не дојдеме до ,,Војна и мир" ситуација. За сопствено здравје, превентивно.

Со ова лето, Челзи го надминува Ливерпул во нет спендинг. Тоа не е спорно воопшто. Ама не е ни тоа поентата.
Поентата е дека Челзи троши и трошел многу во ерата на Роман. Но и дека Ливерпул исто така троши пари и е дел од таа матрица потрошувачка на големците во светот на фудбалот. Повеќе или помалку, важно е дека Ливерпул исто така прави големи трансфери и Ливерпул исто така има сопственичка структура со многу силна финансиска позадина.

Клоп со оваа изјава се поставува и се однесува како да е тренер на ВБА. Како да крпи од сезона во сезона со играчи, како да позајмува младинци од премиерлигашки екипи. Како да се потпира само на својата школа, небаре е Ајакс.
Тоа едноставно не е вистина. Клоп се поставува во подредена ситуација. Како да е андердог во однос на Челзи, Сити, Јунајтед во тој поглед.
Клоп не зборува за профили на бизнисмени, сопственици и газди во светот на фудбалот. Па сега да ги става во категории ,,олигарси", ,,држава", ,,берзаши" итн.
Клоп зборува како да е сопственик на Ливерпул некој Живко Мукаетов. Сопственик на Ливерпул е човек со огромен и развиен бизнис, со огромни финансии и средства, човек, моќен човек.
Не е олигарх, ама не е ниту рандом сопственик на палачинкара во Гостивар. Хенри е милионер, Хенри располага со милијарди. Хенри е исто така експонат на капиталистичката машинерија навлезена и во фудбалот.

Е токму затоа изјавата негова е смешна, контрадикторна и бизарна. И крајно потценувачка. Не сме биле ние во кома, имаме и интернет, а и знаеме да баратаме со него повремено и да прочитаме по нешто.

Да не зборувам за поводот. Ајде да речеш, втор или трет завршил лани, па сега е малку салти и исфрустриран и затоа вака се излетува. Човекот лани доминантно изгази во Премиер Лига и стана шампион и сега предвреме на глупав начин бара алиби за потенцијален неуспех следнава сезона.
Џабе пишуваш долги постови коа од старт си ја утнал поентата, да го напишеше на папир ќе требаше у канта да го фрлиме ова.

Почни од ново боље. Со помалце букви да не се троши мастилото.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.760
Поени од реакции
52.731
Затоа што историјата на клубот и финансирање на истиот никогаш не било какво што е она на Сити, на пример.
Ливерпул како клуб е клуб кој е заснован на работничка класа а градот е град кој секогаш се борел за работничките права.
Ливерпул како клуб има најголема експанзија кога градот пропаѓа на индустриски план и фудбалот (од муабети и документарци) е единствено нешто што го држи народот „во живот“, кога сите губат работа и „парче леб“.

Што би рекол Рики „идентитетот на клубот е слобода и права на работниците“.

Да не излезе дека продавам „муда за бубрези“, ти одговарам само затоа што праша и се надевам дека сакаш да знаеш а не ти е од курч поставено прашањето.
Абе јасно ми е се тоа, и може Ливерпул нема да троши како Сити и Челзи никогаш, иако доста им е сменето работењето на овие последниве неколку години.

Ама многу безвезе го направи муабетот кој бар мене ми делува како да е за малце вас фановите да ве "смири" со тоа различен клуб затоа што и покрај успехот претпоставувам дека добар дел не сте баш задоволни со тоа што не се инвестира уште, сега откако стигнаа на врвот.
Ете Ливерпул е различен клуб во некои аспекти. Не го менува фактот дека и они како и секој друг топ клуб инвестираа доста пари за да создадат шампионски тим.

Ливерпул пред две години инвестираше сериозно со пари кои во најголем дел беа од продажба на играчи и изгради шампионски тим. Челзи сега го прави истото, само што мора да го направи во едно лето наместо две. А он прави споредба и вика ние овде сакаме да се подобруваме, ама на различен начин.

Да, го почна муабетот демек за во моментов, во кризава. Ама после отиде во различен правец.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Џабе пишуваш долги постови коа од старт си ја утнал поентата, да го напишеше на папир ќе требаше у канта да го фрлиме ова.

Почни од ново боље. Со помалце букви да не се троши мастилото.
Ништо тогаш, ќе се обидам одново. Да ја разберам поентата. Тешка филозофија е изјавата на Клоп, потребна е опсежна и повеќестрана опсервација.
Важно е дека ти си ја погодил поентата. Како и обично.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Абе јасно ми е се тоа, и може Ливерпул нема да троши како Сити и Челзи никогаш, иако доста им е сменето работењето на овие последниве неколку години.

Ама многу безвезе го направи муабетот кој бар мене ми делува како да е за малце вас фановите да ве "смири" со тоа различен клуб затоа што и покрај успехот претпоставувам дека добар дел не сте баш задоволни со тоа што не се инвестира уште, сега откако стигнаа на врвот.
Ете Ливерпул е различен клуб во некои аспекти. Не го менува фактот дека и они како и секој друг топ клуб инвестираа доста пари за да создадат шампионски тим.

Ливерпул пред две години инвестираше сериозно со пари кои во најголем дел беа од продажба на играчи и изгради шампионски тим. Челзи сега го прави истото, само што мора да го направи во едно лето наместо две. А он прави споредба и вика ние овде сакаме да се подобруваме, ама на различен начин.

Да, го почна муабетот демек за во моментов, во кризава. Ама после отиде во различен правец.
Види, не ми треба (ќе зборам за себе) Клоп кој дошол пред 5 години во клубот да ми објаснува за историјата на истиот, клуб за кој навивам 20тина години.
Дали сакал да ја смири фан базата, не знам, не сум му во умот за да знам која му е заднината на муабетот, доколку ја има.

Сам кажуваш дека така го почнал муабетот ама после излага дека не ти одговара муабетот, не знам зошто.
Клоп се праеше луд на големи потрошувачи (Погба) па ги изеде гомната со купувањата на Али и Вирџил.

Тука не спомнува веќе општи трошења, него трошења во криза. Интер ко клуб (барем навивачиве тука) најавуваа трошења, пари, Меси бла бла за на крај ваљда да останат со потрошување од 1-2-4-10м евра. Јунајтед ваљда нема да го земе Санчо, прв пат нема да потпаднат на bulling од клуб од кој што сакаат да купат пост фергусон ера. Мурџо, ни сам не знае што и како ќе праи, Артета ваљда ќе го откаже Лаказет за да може да донесе засилувања. Барса, клуб кој лудуваше на трансфер пазарот последни 5 години, ќе излезе дека ќе купуваат играчи за 20-30м евра. На крајот од денот, големи потрошувачи сезонава остануваат Сити и Челзи.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Она што е најинтересно во целата оваа дискусија е дека генералната перцепција за Челзи засекогаш ќе остане дека е тоа вештачки, пластичен тим, создаден со валканите пари на руски олигарх, и Челзи засекогаш ќе биде прототип или архетип за сите идни ПСЖиња или Манчестер Ситии, додека од друга страна, колку и да потрошат пари Ливерпул, Јунајтед, Арсенал па и Тотенхем ќе бидат перцепирани како автентични тимови.

И нема бегање од ова.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Она што е најинтересно во целата оваа дискусија е дека генералната перцепција за Челзи засекогаш ќе остане дека е тоа вештачки, пластичен тим, создаден со валканите пари на руски олигарх, и Челзи засекогаш ќе биде прототип или архетип за сите идни ПСЖиња или Манчестер Ситии, додека од друга страна, колку и да потрошат пари Ливерпул, Јунајтед, Арсенал па и Тотенхем ќе бидат перцепирани како автентични тимови.

И нема бегање од ова.
Абе реално ако дискутираме и тие Јунајтед што се поим за Англија биле некогаш како Челзи т.е. не купувале така агресивно ама пак долго време се водеа како најбогат клуб во Англија...е сега од 2003 кога Роман дојде со јахтите, пристигна конкуренција и му зажежи малце на Фергусон :D
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ништо тогаш, ќе се обидам одново. Да ја разберам поентата. Тешка филозофија е изјавата на Клоп, потребна е опсежна и повеќестрана опсервација.
Важно е дека ти си ја погодил поентата. Како и обично.
Ливерпул го води ФСГ, американска спортска компанија. Со реален бизнис, цел и мотив.

Челзи го води еден човек, руски олигарх.

Да, Хенри е богат, меѓутоа Хенри е нејзин основач и нејзин главен член. Меѓутоа не е он тој што за све одлучува, не е кралот на хиерархијата. Ако го нема Хенри, на чело на ФСГ ќе биде некој друг.

Челзи е директно управуван од Абрамович, без ни приближна организација каква што има ФСГ. Без Абрамович, Челзи нема управа и нема газда. Што не е случај со Ливерпул.

Парите кои ги плати Ливерпул за Ван Дајк и Алисон дојдоа буквално од продажбата на Кутињо. Прегледај net spend, слободно. Без малку сме единствениот клуб кој не добива директно пумпање и финансиски инекции од газдите.

Ај пробај сеа у овие параметри да протолкуваш што сака да каже Клоп.

П.с: За Сити мислам нема потреба да дискутираме, све е јасно.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Автентични тимови...ме тераш да се смеам сега.

Точно, за овие генерации. Ама перцепцијата е перцепција и е крајно релативна работа. Додека фактографијата е сосема друга. Ако мене ме прашуваш, јас знам по што да се водам и знам како да ги нарекувам оние кои ги игнорираат фактите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom