Шеќер да јади кој ги уплати.
Денес се многу убаво наместени паровите во женскиот тенис, мислам најдобро од кога почна турнирот.
Анисимова против Скот, Анисимова е огромен талент, мене лично ми е еден од фаворитите да стане топ пет играч, има многу атрактивна течна игра, добар сервис. Оваа Скот е никој, ја начека во прво коло Вихлантсева која е во серија од очајни резултатит и потполно ван форма, денес ќе се прости од турнирот. Гледам дека има добри резултати во последно време, но не верувам дека има шанси против Анисимова.
Мугуруза против Пиронкова, ова е интересен пар, Мугуруза тргна малку споро против Хибино, потоа се среди па ја изгази. Пиронкова ја исфрли Самсонова овде, но тоа не ја прави убиец на фаворити. Мугуруза ќе напаѓа цел натпревар, Пиронкова ќе се брани, ако е на просечно ниво Мугуруза, лесно треба да помине.
Кенин против Фернандез, ова е најризичен пар денес, ама има и најмногу мевце коефициентот, не е класична семка. Лејла е исто голем талент, има интересна игра, но мене не ми се допаѓа што многу често го губи сервисот. Кенин беше очајна на претходниот турнир, но Кенин е девојка за голема сцена. Го освои Ози Опен, овде проигра прво коло против Викмајер, мислам дека лесно ќе ја спастри Фернандез.
Кејс против Болсова, за да не се нервира
@Charlie_1 , нема да ги спомнеме Марсовците, ама навистина не можам да замислам сценарио каде што Кејс не го добива овој меч. Јест да е Кејс психо понекогаш, јес да Болсова има солиден сервис, но Болсова по бетон едноставно не знае да се движи, се гледа дека во секој момент сака да се зализга како на земја, не гледам со што и како ќе и парира на Кејс. Дури и да ја фати темница Кејс во одреден дел од мечот, дури и еден сет да изгуби, едноставно не може цел меч да толку да потоне.
Мукова против Калинскаја, мене Чехињата ми е топ играч, многу сакам да ја гледам како игра. Има одлична техника, го менува ритамот на игра без никаков проблем, една од најдобрите е на мрежа, солиден сервис, ќе ја избудали Калинскаја. Русинката не е лоша, само многу е еднодимензионална како повеќето млади руски тенисерки.
Тоа би било тоа за денес, Серена би ја прескокнал, прво е во ниедно време, второ игра со Гаспариан, која е многу талентирана но повредите ја исекоа, мислам дека две години не играше тенис. Има фантастичен еднорачен бекенд, многу ме потсеќа на Алмагро во тој аспект, знае да игра, може да се случи некое чудо овде, со оглед дека Серена е далеку од нејзините најдобри изданија.