Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Види, deux ex machina за Македонија нема, мене ми е доволно шо отворено ќе пристапува кон проблематизрање на одредени прашања кои СДСМ и ДПМНЕ ги ставаат под тепих од разно разни опортунистички причини. Ќе создаде нешто поинаков дискурс од оној на кој сме се навикнале т.е вакумски простор во јавноста кој го креирале за нас, потполно вештачки, и кој произведува една апатија кај народот.Се согласувам, потполно. Ако се бара корен од каде се тргна наопаку, нормално, и врапчињата знаат дека сѐ почна со СДСМ и приватизациите од кои си се офајдија само они. Да не зборам какви се не полнења на џебови, ташни, Луј Витон торби и што ли уште не имало низ годините нивно владеење и крадење. Видиш, и јас дури погрешно резонирав по првото твое мислење, и те ставив во кошот на тие кои така логички размислуваа - ако не си со мене, тогаш мора да си против мене, ама ете, дури и за ЖМРО сме го делеле ставот. ДПМНЕ и СДС се двете најголеми зла кои и се случиле на Македонија од осамостојувањето до сега. И се согласувам дека мора цел тој плевел да се искорени. Ама со Апасиев ли? Со професор кој во јавни излагања употребува речник кој не му доликува на уличар или овчар? Со човек кој (не знам како точно било, ама) го обвинуваат дека ја украл партијата чиј претседател е сега? Не знам. Имав и јас големи очекувања од Левица, имаше таму многу паметни деца, деца кои не се истрчаа да коалицираат со Заев како што направија некои нивни „соборци“ ко Павле или Туфегџиќ, со уште повеќе ја зацврстија мојата верба во нив. Ама не знам што се случи, искрено. Изгледа народот тука повеќе му верува на некој што се чалами отколку на некои млади, прогресивни сили кои би работеле за народот. Ама тоа е. Нема назад, а до денот кога некој би можел да ги порази синиве и црвениве (иако веќе не знам и кој е кој), ќе останам да си мечтаам.
P.S. За тие 30k евра не велам дека се проневерени како трилионите на СДС за кои веројатно си во право, реков. Не се споредува едниот муабет со другиот.
Автоматски споено мислење:
Апасиев, не Левица.
Автоматски споено мислење:
А да си ја прекрстите темава во: Фан клуб на Димче Велешанчето со 10 просек на Правен? Еве, ве оставам сами да си се дружите.
Според зулумите направени на другите партии, особено најголемите две, Левица се ангелчиња
