Значи, Левица си игра играчки со заложбите за Косово, Израел... Им кажал некој дека треба да го пишат во програма, па го пишале, директива од „другарите“ од ЦеКа.Тотално несоодветна реплика
Кај прочита дека пишав некаде дека треба да ги спонзорира категорииве погоре ? Државата треба да ги заштити, а не да работи на нивна штета зошто тајкуните имаат корист од таква политика и даваат пари за тоа. Друго тоа што го има Левица во својата програма го има скоро секоја левичарска партија во Европа па не значи дека ќе го реализира, ти викам во случајов е апсолутно небитно бидејки граѓаните не ги гласаат за тоа така да нема да имаат никаква штета барем не на внатрешно поле од тоа. Времето ќе каже најдобро што и како ќе биде, според мене секој чесен човек треба да дае шанса на трета опција..
Абе бегај таму, Дпмне/Сдсм/Дуи имале капацитет а Левица немаат ниту ќе имале. Кој капацитет го имаат овие Шеќеринска, Груби, Муцунски и сл тапчовци ?
Дпмне/Сдсм/Дуи имаат капацитет да водат држава (мислам, да се власт), а дали добро ќе ја водат, тоа е друго. Зборувам како партии, не за Груби, Тимчо, Рада...
Јас, на пример, нема да гласам за Левица се додека Апасиев (или кој и да е) не каже јасно и гласно дека ако дојдат на власт дека ќе ги прекине дипломатските односи со Косово, Израел и ќе ги отповика признавањето како независни држави. Исто така, да каже дека еднострано ќе признае независност на Каталонија, Баскија. Не знам само за Крим кое мислење го имаат, дали е дел од Русија или Украина. Не може да си играме партија, кога ќе пишеш нешто во програма, тоа се подразбира дека ти е цел.
