Некој лаборант или некој со искуство со мојтермин системот. Колкави се можностите за манипулација на лабораториски резултати. Дали треба посебен лист со лабораториските резултати или на истиот извештај од специјалистот ги пишуваат во полето "упатство за понатамошно лекување"? Додека ми земаа крв, на сестрата ја прашаа носејќи епрувета со крв, дали може на ова (за епруветата) да се направи анализа за хомеостаза. На тоа сестрата одговори, не. Е сеа бидејќи и јас ја правев истата анализа, и бидејќи сум "пациент со многу мал ризик", да не ја направиле анализата на другава крв а мене ми ги пишале резултатите "наод уреден", и со океј референтни вредности. Т.е. да не потегнал некој врски за преку ред да направи анализа на моја штета.
... све си има свое, земањето на крв за лабораториски анализи е со епрувети од затворен систем (вакуум), со вакуум игла боцкана во вена преку пластичен холдер (адаптер) се приклучуваат одредените вакуум епрувети зависи кои анализи ќе се испитат, редоследно се менуваат прво иде серумската со црвено капаче, па потоа иде со лила капаче со К2ЕДТА и на крај цитратната со сино капаче (има и други епрувети со друга боја на капаче, ама овие се основните):
- серумски епрувети (за анализи во серум- епрувета со црвено капаче од 6 мл)- со овие епрувети се испитуваат липиден статус, глуциден статус, деградациони продукти, протеински статус, ензимски статус, електролитен статус, специфични протеини, хормони, туморски маркери, серологија, мониторирање на лекови, алергии.
- епрувети со ЕДТА, (содржи антикоагуланс К3ЕДТА,К2ЕДТА епрувета со лилаво капаче од 3 мл) се користат за испитување на крвна група, крвна размаска и диференцијална слика, гликолизиран хемоглобин,
- цитратни епрувети (цитратна плазма, епрувета со сино капаче 3 мл) кои содржат фабрички во нив (антикоагуланс- цитрат, хепарин, НаФ) се користат при испитување на седиментација на еритроцити, (коагулациони фактори) ПТ, ИНР, АПТТ, фибриноген, специфичен протеин Д- Димер во цитратна плазма.
... клиничко значење за хемостазата има специфичниот протеин Д-Димер во дијагноза на тромбози и пратење на тромболитична терапија, примерок се зема секогаш со последната вакуум епрувета со сина боја капаче!
... е сега дали ќе се сетиш колку епрувети биле во прашање и со која боја капаче и која анализа ти се направиле што ги имам назначено покрај описот на секоја епрувета, ќе си одговориш на твоето прашање!