Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
ne ne loso si me razbrala ili jas loso napisav
stapalata i se ukoceni non stop i denje i noke ,ne i pominuva nikogas otkako i se pojavilo pred 5-6 god bukvalno preku nok, (si legnala vo red, se razbudila so ukocni stapala) nema bolki nikakvi vo stapalata i nozete i si se dvizi normalno samo sto veli i smeta taa ukocenot, bolka povremeno ima vo grbot no kratkotrajna ,ne ni znaela deka ima vrodena skolioza , toa koga ja snimile i kazale i i rekle isijas ima no taa veli ne e toa isijas
inaku ima 47 god i ne e debela
zatoa prasav sto moze da i e i od sto taka odednas i se ukocile i nikoga ne i pominuva taa ukocenost vo stapalata, lekovi protiv bolka nitu i dale i nema potreba zosto i ne custvuva bolka tuku ukocenost ,i dale samo neurobion no nisto ne i pomognal a go piela cela godina
„plantar fasciitis“ би било одговорот, све што ти имам пишано погоре важи да проба физикална терапија, вежби, масирање, како и ортопедски помагала за стаплото, вкочанувањето т.е. отрпнатоста на стапалата е како почеток на ова состојба plantar fasciitis, на губење на еластичноста на тој лигамент кој ја спојува коската на петицата со прстите!
 
Член од
16 август 2015
Мислења
237
Поени од реакции
288
lugje help , veke mesec ipol desnoto uvo mi e zatnato , mozebi nekogas mi pushta preku den ama koa ke stanam sabajle od spienje skroz mi e zatnato. Nekoj sovet? Chitav na net da kapnam 3% hidrogen ama neam hidrogen doma , nesto drugo? ps.pred mesec ipol me bolese zab dole i mislam deka od togas pocna i uvoto da mi se zatnuva ama ne sum 100%sig
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
325
Поени од реакции
622

Месец и пол ти е затнато и не си побарал совет од доктор?
Јас би побарал преглед на ОРЛ специјалист
 
Munze

Dr. Oetker
Член од
21 јули 2020
Мислења
203
Поени од реакции
195
lugje help , veke mesec ipol desnoto uvo mi e zatnato , mozebi nekogas mi pushta preku den ama koa ke stanam sabajle od spienje skroz mi e zatnato. Nekoj sovet? Chitav na net da kapnam 3% hidrogen ama neam hidrogen doma , nesto drugo? ps.pred mesec ipol me bolese zab dole i mislam deka od togas pocna i uvoto da mi se zatnuva ama ne sum 100%sig
@bijons препорака
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Чувствувм замор, нервоза, треска, намален апетит, ме гребе грлото, имам сува кашлица и на крај се појавија пликови на јазикот од страна. Немам надворешна температура, 36.8 ми е и треската помина уште тој ден.

Се почна после јадење ептен ладно скоро мраз и не знам дали тоа е и причината. Пиев некои прашоци, мед, ѓумбир, чаеви и ништо од тоа.

Дали се работи за настинка, вирус или друг проблем?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663

Како дошло времето прво нешто на кое човек мисли сега е короната.Кај мене почна 3 дена грло да ме гребе па изгледа од тоа дигнав и температура два дена 39 со нешто и пропратно јаки главоболки и изнамоштеност.Типични симптоми на грип или јака настинка.

Може од грлото да си добил некоја инфекција јадејќи или пиејќи ладно.Отиди до кај матичната нека те провери и ако ти е грлото за никаде нека ти даде антибиотик чим друго нешто не помага.
 
and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
53
Поени од реакции
120
Здраво, пред 12 дена имав критичен контакт со асимптоматичен позитивин на Covid19. Дознав на 5-ти ден од контактот и веднаш се изолирав. Се тестирав на 7-ми ден и на 10-ти ден, двата теста се негативни. Е сега проблемот е што од кога дознав, веке седум дена, постојано мерам температура и имам покачена од 36.7 до 37. Чуствувам и блага омалаксанастот без други симптоми. Според поупатените, има ли можност дека сепак сум позитивен или пак температурата ми е од целиот стрењс? Дали може да се опуштам во контактите барем со најблиските?
 
C

CoolIris

Гостин

Немаш температура. :)
 
... зависи каков ти бил „критичниот контакт“ со асимптоматичен позитивен на коронавирус (временски, растојание, заштитна маска) не е репер секогаш покачена температурата, затоа велиме позитивни без симптоми (асимптоматични),
штом двата теста ти се негативни (вториот требаше барем на 14 ден да го направиш- покачена IgM антителата може покасно да се појави на тестот, зашто не си направил ПЦР тест како посигурен?) би требало да не си инфициран, можеш да се опутиш во контакт со најблиските, ама носи си заштитна маска пред нив, онака за секој случај!
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: and

Фала за одговорот. Kонтактот беше работа на ист комп. со пиење кафе :( Инаку двата теста се PCR. Како што читав инкубацијата е 4-6 дена, накаде стои и до 10. Е јанзата што ме јаде е дека има случаи и до 14-ти ден.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Фала за одговорот. Kонтактот беше работа на ист комп. со пиење кафе :( Инаку двата теста се PCR. Како што читав инкубацијата е 4-6 дена, накаде стои и до 10. Е јанзата што ме јаде е дека има случаи и до 14-ти ден.
...ај ПЦР се „попрецизни“ од другите тестови ... но? не ти текна од толку пишување секаде дека 14 дена е изолација, па тестирање ако е асимптоматска особа? зошто вториот тест после трет ден од 7 ден од прво тестирање, без веза што ќе смени три дена? го направи првиот тест 7ми ден до 14 ден требаше да почекаш, ај да не бидеме песимисти, ти реков носи само маска кога ќе бидеш со твоите барем една недела од денес, кај да е, ако немаш симптоми во таа недела имаш /немаш коронавирус во тебе, телото највероватно ќе го среди со антителата која ќе ти биде присутна IgG !
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Здраво, пред 12 дена имав критичен контакт со асимптоматичен позитивин на Covid19. Дознав на 5-ти ден од контактот и веднаш се изолирав. Се тестирав на 7-ми ден и на 10-ти ден, двата теста се негативни. Е сега проблемот е што од кога дознав, веке седум дена, постојано мерам температура и имам покачена од 36.7 до 37. Чуствувам и блага омалаксанастот без други симптоми. Според поупатените, има ли можност дека сепак сум позитивен или пак температурата ми е од целиот стрењс? Дали може да се опуштам во контактите барем со најблиските?
Како се тестираше два пати во 3 дена жити се.Или приватно се тестираше?Температурата ти е сосема нормална.Мене навечер секогаш ми е 36.8 што е сосема нормално.Не дај боже да дигнеш 39.4 како јас пред 3 недели со многу пропатни симптоми во кревет 3 дена и одвај се тестирав приватно после недела дена.Испаднав негативен недела дена после симптоми и со антибиотик и витамини фала богу добар сум.Не се секирај чим поминале чак 12 дена ништо немаш.Се ти е од сугестија :)
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Некој лаборант или некој со искуство со мојтермин системот. Колкави се можностите за манипулација на лабораториски резултати. Дали треба посебен лист со лабораториските резултати или на истиот извештај од специјалистот ги пишуваат во полето "упатство за понатамошно лекување"?

Додека ми земаа крв, на сестрата ја прашаа носејќи епрувета со крв, дали може на ова (за епруветата) да се направи анализа за хомеостаза. На тоа сестрата одговори, не. Е сеа бидејќи и јас ја правев истата анализа, и бидејќи сум "пациент со многу мал ризик", да не ја направиле анализата на другава крв а мене ми ги пишале резултатите "наод уреден", и со океј референтни вредности. Т.е. да не потегнал некој врски за преку ред да направи анализа на моја штета.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Некој лаборант или некој со искуство со мојтермин системот. Колкави се можностите за манипулација на лабораториски резултати. Дали треба посебен лист со лабораториските резултати или на истиот извештај од специјалистот ги пишуваат во полето "упатство за понатамошно лекување"? Додека ми земаа крв, на сестрата ја прашаа носејќи епрувета со крв, дали може на ова (за епруветата) да се направи анализа за хомеостаза. На тоа сестрата одговори, не. Е сеа бидејќи и јас ја правев истата анализа, и бидејќи сум "пациент со многу мал ризик", да не ја направиле анализата на другава крв а мене ми ги пишале резултатите "наод уреден", и со океј референтни вредности. Т.е. да не потегнал некој врски за преку ред да направи анализа на моја штета.
limfociti2.jpg PROD-Blood-test.jpg

... све си има свое, земањето на крв за лабораториски анализи е со епрувети од затворен систем (вакуум), со вакуум игла боцкана во вена преку пластичен холдер (адаптер) се приклучуваат одредените вакуум епрувети зависи кои анализи ќе се испитат, редоследно се менуваат прво иде серумската со црвено капаче, па потоа иде со лила капаче со К2ЕДТА и на крај цитратната со сино капаче (има и други епрувети со друга боја на капаче, ама овие се основните):

serum-separator-tube-500x500.jpg Blood-test-vial-e1559230144874.jpg

- серумски епрувети (за анализи во серум- епрувета со црвено капаче од 6 мл)- со овие епрувети се испитуваат липиден статус, глуциден статус, деградациони продукти, протеински статус, ензимски статус, електролитен статус, специфични протеини, хормони, туморски маркери, серологија, мониторирање на лекови, алергии.

Vacuum-Blood-Collection-Tube-Gel-EDTA-K2-.jpg ihwx.bc55a996-cdb4-4cf1-855b-fb968a64e8f6.500.500.jpg blood-test-in-a-test-tube.jpg

- епрувети со ЕДТА,
(содржи антикоагуланс К3ЕДТА,К2ЕДТА епрувета со лилаво капаче од 3 мл) се користат за испитување на крвна група, крвна размаска и диференцијална слика, гликолизиран хемоглобин,

70544_61564_2910.png 1531295833_J2mW2.jpg

- цитратни епрувети (цитратна плазма, епрувета со сино капаче 3 мл) кои содржат фабрички во нив (антикоагуланс- цитрат, хепарин, НаФ) се користат при испитување на седиментација на еритроцити, (коагулациони фактори) ПТ, ИНР, АПТТ, фибриноген, специфичен протеин Д- Димер во цитратна плазма.

Blood-Collection-2.jpg

... клиничко значење за хемостазата има специфичниот протеин Д-Димер во дијагноза на тромбози и пратење на тромболитична терапија, примерок се зема секогаш со последната вакуум епрувета со сина боја капаче!
... е сега дали ќе се сетиш колку епрувети биле во прашање и со која боја капаче и која анализа ти се направиле што ги имам назначено покрај описот на секоја епрувета, ќе си одговориш на твоето прашање!
 
C

CoolIris

Гостин
Некој лаборант или некој со искуство со мојтермин системот. Колкави се можностите за манипулација на лабораториски резултати. Дали треба посебен лист со лабораториските резултати или на истиот извештај од специјалистот ги пишуваат во полето "упатство за понатамошно лекување"?

Додека ми земаа крв, на сестрата ја прашаа носејќи епрувета со крв, дали може на ова (за епруветата) да се направи анализа за хомеостаза. На тоа сестрата одговори, не. Е сеа бидејќи и јас ја правев истата анализа, и бидејќи сум "пациент со многу мал ризик", да не ја направиле анализата на другава крв а мене ми ги пишале резултатите "наод уреден", и со океј референтни вредности. Т.е. да не потегнал некој врски за преку ред да направи анализа на моја штета.
Не верувам некој да потегнал врски за да направи анализи на твоја штета. Не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom