Прегледај го приврзокот 263196
... според твоето објаснување, а тоа е многу оскудно, малку се сомневам во дадената дијагнозата „фибромијалгија“ и не би рекла дека нема лек конкретно за фибромијалгија, затоа што тоа преставува повеќе симптоми отколку болест,
тоа се мускулни болки и болки во зглобовите, брановидна болка низ целото тело дури и при притискање на било кое место со допир се создава болка, според твојот опис нема ваква појава мајка ти, барем ти ја немаш опишано,
... дали воопшто е фибромијалгија, зашто нејзината болка се манифестира само како главоболка на едно место како бодеж со нож, а не со општи болки низ целото тело, а и неможност на добар сон и неспиење - несоница е последица од силните болки од фибромијалгија, што кај твојата мајка напротив повеќе спие отколку што треба (се надевам без хипнотички- за сон, лекарства), така да не се совпаѓаат симптомите на фибромијалгија со твоите описи со симптомите на мајка ти,
...присутното зуење во ушите (тинутис) вртоглавица (вертиго) може да бидат како симптом на фибромијалгија, ама ти не укажуваш на чувствителност од светлина, звук и мирис, мигрена или да има твојата мајка т.н. когнитивни симптоми како дезориентација, деконцентрација и едноставно губење на меморија,
... не ги имаш назначено со име лековите што и’ се дадени туку велиш само „апчиња против епилепсија“.
антиконвулзивни лекови (би ги оделила од антиепилептични лекови кои се применуваат при епилепсија како невролошко нарушување чие познато или непознато жариште и дава периодични напади - епилептични напади со абнормален ЕЕГ тест што мајка ти ги нема), додека при третман на фибромијалгија се применуваат антисензитивни или антиконвулзивни лекови при невропатска болка, за стабилизирање на нарушено расположение што може секоја жена во тие години да ги има не мора да биде некој значаен симптом за да се каже дека е фибромијалгија, ниту да се пие нешто кога не помага, а жената има во продолжеток силни бодежни главоболки!
Прегледај го приврзокот 263195
...како прво не пишуваш дали мајка ти е дијабетичар, што е важен фактор за вакви бодежни главоболки поврзано со циркулацијата, а и фактот дека „пие многу вода“ би дало таква насока, така да можеби регулирање на самиот шеќер во крвта доколку го има покачен би било едно од начините на санирање на главоболката,
Прегледај го приврзокот 263190 Прегледај го приврзокот 263194
... не опишуваш каква главоболка има во смисла на локација, дали дел или цела глава, дали на исто место и дали главоболката се појавува секој ден во исто време?
но, ете би рекла тие луѓе кои се занимаваат со такви професии како што е таа на мајка ти „професорка“ би рекла дека болката (ова претпоставка додека не дадеш поопширно објаснување) е лоцирана на исто место, на мала површина со силен бодеж, површински не може косата да се пофати на тоа место и секој ден болката почнува во исто време најчесто попладне, може да трае до три часа и да се ублажи или да боли до лудило само на тоа место без да помогне ниеден аналгетик или лек против болки еден вид кластер болка што се засилува со конзумирање на кафе и пушење цигари што мајка ти треба да ги откаже,
самата бодежна главоболка ниеден лекар не може да го објасни од што би била, па затоа често велат дека е како последица од генетска предиспозиција,
Прегледај го приврзокот 263189 Прегледај го приврзокот 263188
...често пати тие бодежи главоболки можат да бидат поради нарушената циркулација на крвните садови на тоа место т.е. доаѓа до проширување на крвниот сад (поради Х причини) при што таа дилатација и задржување на крвта, дава силна неиздржлива болка која може да се појави ненајдено со голема силина или постепено со зголемување на болката, во овој случај најчесто помага нешто што би го „стеснело“ тој крвен сад и ќе ја смири болката како што е препарат што содржи кофеин и кодеин што го има во Кафетин тбл.,при што да се следи крвниот притисок кој може да се покачи од кофеинот или може да биде мигренозна болка што еден Авамигран тбл или некој друг антимигренозен лек би ја ублажила болката,
Прегледај го приврзокот 263183 Прегледај го приврзокот 263184 Прегледај го приврзокот 263193
... често пати невралгична болка на вратот или зафатен или оштетен вратен нерв, каде нема болка на врат, ама на друго место дава промени како вкочанетост на лицето, вилица (парестезии), тинитус (зуење во ушите), вртоглавици (вертиго) и главоболка лоцирано на едно место како силна бодежна болка, така да сменување на перницата за спиење (како несоодветна) и носење на Шансова кравата 15 мин во текот на болката знае да ја повлече болката, интересен факт, но вистинит- се делува на фиксација на врат, а се повлекува главоболката!
... примена на легалниот медицински канабис не знам колку би помогнал, оти има луѓе што долго го применувале, а немале некое подобрување на здравствената ситација,но нели, секој организам е своја приказна, па нешто што важи за другите не мора да важи за сите,
... инаку, масло од канабис направено на друго место што е нелегално со голема концентрација на канабис во него, иако е за медицински цели што најчесто тешко болни пациенти се снаоѓаат, тие се пациенти со тешки канцерогени болки или во крајна фаза на метастаза на канцерот со многу силни болки, што бараат излез токму во примена на такво масло што е и доста скапо за месечна доза,
и лично мислам дека не е соодветно за мајка ти!