Од каде ја извади оваа ретардирана статистика?
Против Интер гол за 0-1 (отварање на резултат), завршила 1-2
Против Лече гол за 0-1 (отварање на резултат), завршила 1-1
Против Милан гол за 1-0 (отварање на резултат), завршила 1-0
Против Сампдорија гол за 0-1 (отварање на резултат), завршила 1-2
Против Бреша гол за 1-0 (отварање на резултат), завршила 2-0
Против Лече гол за 1-0 (отварање на резултат), завршила 4-0
Против Џенова гол за 0-1 (отварање на резултат), завршила 1-3
Против Торино гол за 1-0 (отварање на резултат), завршила 4-1
Тоа се 8 голови со кој го крши резултатот, какви се тие само 4 клучни голови? Дали побогу твојата статистика брои „влијание врз крајниот резултат“ на следниот начин?
Јувентус - Бреша 2-0
Дибала го дава првиот гол, ама не се важи за „влијателен врз крајниот резултат“ бидејќи после тоа Јувентус дава уште еден гол?
Според ова гледање на работите ако еден меч заврши 5-0, Роналдо даде 4 гола и после тоа Ругани даде гол за 5-0, дали 4рите гола на Роналдо ќе се сметаат во категоријата „немаат влијание врз крајниот резултат“?
Се слагам дека Дибала не е за МВП, му фалат бројки и особено падна последните 8 кола (додуша 5 одигра од тие 8), кога види бога ти и Јувентус падна, ама немојте со вакви Опта статистики, срамота е.
Еве баш ме интересира да ми дадеш, кои други фудбалери сезонава барем 8 пати отвориле резултат.