Брејјјј јадови се напунив, рак ќе фатам..... упаѓам у темата Предатор што ја постираше и читам све што се изнапишало....
И овој Игорче у иднина Милер ќе се спомнувал, а Тоти ќе се заборавил
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Ете Игорче, Тоти е најстар стрелец у ЛШ, на 39 години постигна 3 гола у групна фаза у ЛШ, ќе се памти по нешто
А овој Стелт, го читам цело време збори за некоја лична статистика која била на страната на Милер и ајде си викам да се происпитам и да видам бројки и што да видам, Милер(30год.) 350 настапи за Баерн 118 голови, отварам Тоти, 620 настапи 250 голови...
И што е најјако, Тоти до 30тата негова година, односно до 2006год. играше АМФ, ол раунд играч и секогаш пред него имаше еден или два шпица. Само ете Спалети дојде, му измисли нова позиција, лажна деветка, му даде слобода да игра понапред, а овој му врати со златна копчка во европа и севкупно 32 гола и тоа во негови полни 30 години каде пред неколку месеци пред светското 2006 скина лигаменти на зглобови и се врати од тешка повреда. Истата година влезе и во топ 10 по гласови за златна топка.
А Милер дека е ??? Еве уште во 2016/17 сте дискутирале дека му паднала формата, сега го отварам гледам дава по некое голче, незнам како игра, го викаат ли за репрезентација? Да не е стар веќе со 30 години?? Пошо Тоти на 30год. освои светско, беше најдобар асистент и во тимот на првенството.. а Милер, ако ја има таа величина на Тоти и сега ќе биде некој фактор.
Гледам некои пак лигата ја потценувале, абе Милер игра у лига и во тим каде останатите се боранија, каде тимот негов прави тотална доминација, Тоти беше поим кога Калчото беше поим во фудбалот, кога имаше 7 јаки тимови во италија, кога играа најдобрите играчи во Калчото, а Тоти и тогаш како АМФ, доминираше со голови и асистенции(давл дабл учиноци) и тоа какви, против најјаките одбрани во тоа време и беше прогласуван често за играч на годината во Италија во страшни конкуренции, 2000 кога освои Овен, мислам дека беше 3ти за златна топка.
А Милер изигравал газда и правел хет трик у бундес лига против Хофенхајм и Мајнц и тоа од 2008 па наваму.
За асистенции да не збориме....
А овој Џони, што да каже човек, као на коњ кога ќе му стават узда/улар со оние капаците на очите, за да не гледа на страна, туку само право и коњот ништо не гледа од страна, САМО ПРАВО
Престанав да го читам кога главната реплика во целата дискусија му беше дека Тоти после 2007 да бил во Баерн ќе го набркале и немало да постои, а тој само што постана најдобар стрелец во Европа, а потоа и на 35 години имаше сезона од 25 гола и 15+ асистенции и мислам дека таа сезона Земан беше тренер и го стави крило да игра, замисли на 35 год крило
Ова се што го кажав е само муабет на статистика, не навлагам у тоа какви само тешки и евро голови даваше и какви асистенции, директни и индиректни, клучни пасови, како го разбираше фудбалот, правеше нешта што не само Милер не ги можеше, туку ретко кој ги можеше.
За неговата визија ќе бидам субјективен и ќе кажам дека е фудбалер со најдобра визија и најдобар преглед на игра што постојал. Немам ништо против да ми наброите играчи со подобра визија од Тоти, може да дискутираме(не да се пречкаме и контраме) со видеа приложени, можеби после одгледани видеа за некој фудбалер ќе кажам овој е подобар од Тоти, кажав дека не тврдам, туку субјективно кажувам