Фан Клуб: Арсенал

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Ајде бе ајде, едвај чекам некој друг да го пофали ифтарот во одбраната, ми здосади само ја да бидам тој што го фали :D
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Клучен момент беше тоа што Нкетиа доби црвен картон, да добиеше Обамејанг пример повеќе ќе можевме да се носиме, од проста причина што издишан беше Оба, а Нкетиа беше свежо влезен, па ќе имаше кој да истрча напред на некоја одбиена топка или да ја влече сам. Лоша среќа беше натпреваров од многу аспекти, прво ова што кажав, второ тој фаул никој судија немаше да го суди црвен да не беше ВАР, особено дека двајцата играчи беа добри, лизгав терен, а и Нкетиа не ни гледаше пред себе. Трета работа се изнапромашувавме и натпреварот требаше одамна да е решен, можеби уште во прво полувреме, ама тоа е фудбалот. Како и да е, убаво бар на момент што видов како проработува нападот заедно со Оба и Лака, и што игравме убав фудбал за око во прво полувреме. Очигледно дека и нашите играчи имаат проблем со кондиција секој натпревар (не само после паузата), па само едно полувреме успеваат да обработат како што е предвидено. Летово ќе е клучно за тоа дали клубот ќе го биде или не, бидејќи конкурентите се поквалитетни и поквалитетни, со овој тим и мали промени немаме шанси никакви за поголем успех и подобра позиција од моменталната. Не сме толку лоши, ама воопшто не сме воиграни, има многу дупки од каде што влегува воздух и лесно можеме да издишиме, целата игра се сведува на напаѓачки бекови и нивни центаршут и Оба фокс ин д бокс да испружи нога или да се снајде на некоја одбиена топка.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Себаљос последниве утакмици игра како препороден. Не знам дали треба да го купиме за стално, ама ич немам проблем да го земеме уште една година на позајмица, особено ако Гендузи го напушти клубот.

Во секој случај Парти треба да го купиме, тука нема муабет.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Себаљос игра, ама едно полувреме. Мислам дека 3 утакмици по ред издишан е у 50та минута.

Белерин дефанзивно не знае кај тера :)
Јас сум од тие што го брани, ама толку често е надвор од позиција што е чудно како не примивме гол порано.

Позитивна партија повторно од браќава, од Тиерни и од Мартинез.

Не го разбирам плукањето по Еди, црвени добија и Лаказет и Ауба лани.
Во најдобра намера отиде да ја избие топката за контра, промаши, и заслужен црвен.

Не сум сигурен дека ќе издржевме до крај и да останевме 11, некако не стиснаа.

Секако требаше да го решиме натпреварот уште на полувреме, комотно можеше со 3-0 да идеме на пауза.
Сами сме криви.

Ептен е битно да ја добиеме утакмицата у сабота, мислам дека ќе биде клучната за дали ќе играме у ЕЛ или не.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не верувам дека ќе завршиме подолу од седмо место, може и тоа да донесе ЛЕ, но утакмицата во сабота е битна од престиж, дерби, ем против кокошките, ем против оној психопатот, најслатка победа ќе биде тоа сезонава, или најболен пораз, вака реално мислам дека ќе извлечеме едно реми, што не е страшно.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Рака на срце, и на Нкетиа беше невнимание и ова на Варди беше невнимание, двајцата немаа никаква намера да повредат некого. Едното црвен картон, другото ниту жолт.

 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Као демек ако не играме ќе се бориме за титула или?
Клоп ја имаше таа судбина. Имаше доволно време да се посвети на секој играч. Првично ги врати во ЛШ кога не играа никаде, за потоа до последно коло да се бори за титулата.

Немам ништо против ова, напротив многу повреди нема да се случат. Е сега финансиски не знам колку би можело да се поднесе, но гледајќи ги Ливерпул, не беа ништо подобри од нашата моментална состојба.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Одлични беа.
Автоматски споено мислење:



Значи и Обамејанг не вреди оти ист ваков црвен направи, така?
Автоматски споено мислење:

Или па за глупиот црвен на Лаказет лани во ЛЕ? Кој ти е вој критерум и ти самиот дали знаеш, оти направил црвен не можел да го замени.
Ок, ќе ги замени, двајцата треба да се шитнат

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Брат, споредуваш дете со искусен играч. Немаше никаква лоша намера.
Не си во тек, во контекст на муабетите ми е споредбата дека не ни треба Лаказет, а богами имаше и некој што бараше Обамејанг да се продаде оти не бил потребен, Нкетија кажав во ПЛ темата дека е таков играч сака да брка и прњголема желба за докажување има плус неискуство, се дешава црвен ама надвор од памет им се муабетиве овде за продавање на Лаказет кога го имаме Нкетија.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Не си во тек, во контекст на муабетите ми е споредбата дека не ни треба Лаказет, а богами имаше и некој што бараше Обамејанг да се продаде оти не бил потребен, Нкетија кажав во ПЛ темата дека е таков играч сака да брка и прњголема желба за докажување има плус неискуство, се дешава црвен ама надвор од памет им се муабетиве овде за продавање на Лаказет кога го имаме Нкетија.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Абе види, сите тие муабети кој да се продаде, кој да остане, се со размислувања дека тимот е во ситуација каде што не се вложува пари и единствен начин да се соберат пари за некој посериозен трансфер е ако се продадат играчите на кои може да им се извади цена. Никој не ти вика дека Нкетиа треба да стартува, а Лаказет да грее клупа, ниту ти правел споредба Нкетиа>Лаказет или обратно, едноставно сите размислуваат како да се исчистат платите и како да се дојде до пари со најмалку штета или ич штета. Да беше идеално во клубот никој немаше ни Обамејанг ни Лаказет да ги спомне. Од друга страна ситуацијата кај напаѓач не е иста како кај голман, и Нкетиа нема да може да чека до 27 години ко Мартинез за да добие шанса, ако нема место за него и не добива доволно шанса, ќе побара да си замине од тимот или евентуално еден куп позајмици па пак да си замине доколку не се исчисти таа позиција во тимот, а факт е дека имаме премногу опции во нападот и сосема очекувано е некој да биде незадоволен. Единствена шанса да замолчиш некој да не е незадоволен е да му лупнеш голема плата, ама така ем играчот “се лади“, ем не го решаваш проблемот дека играчите имаат голема плата за ништо неправење, па ако еден бара ќе бараат и сите, и пак ќе сме заглавени со плати како Озил случај.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Клоп ја имаше таа судбина. Имаше доволно време да се посвети на секој играч. Првично ги врати во ЛШ кога не играа никаде, за потоа до последно коло да се бори за титулата.

Немам ништо против ова, напротив многу повреди нема да се случат. Е сега финансиски не знам колку би можело да се поднесе, но гледајќи ги Ливерпул, не беа ништо подобри од нашата моментална состојба.
Еххх, колку сме далеку од тоа.

Секако за титула нема да се бориме, а не гледам зашто би било проблем ЕЛ да играме и да бркаме топ 4 наредна година.
Лани да не се изглупираше Емери на крај, ќе фатевме ЛШ и покрај тоа што стигнавме финале ЛЕ.

Башка шанса за младите играчи да играат.

Мене не ми менува дали ќе играме или не, само мислам дека нема да смени на финалната позиција на која ќе бидеме во ПЛ догодина.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Мене не ми менува дали ќе играме или не, само мислам дека нема да смени на финалната позиција на која ќе бидеме во ПЛ догодина.
На Арсенал им менува многу, тимовите во Европа што ќе играат ќе бидат олабавени од ФФП, ако е точно тоа уствари.
Автоматски споено мислење:

Секој што паднал у животот знае дека ова не е природна реакција :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Клоп ја имаше таа судбина. Имаше доволно време да се посвети на секој играч. Првично ги врати во ЛШ кога не играа никаде, за потоа до последно коло да се бори за титулата.

Немам ништо против ова, напротив многу повреди нема да се случат. Е сега финансиски не знам колку би можело да се поднесе, но гледајќи ги Ливерпул, не беа ништо подобри од нашата моментална состојба.
Ова е истата прикаска ко „последниот пат кога Ливерпул освоил титула, следната година ја освоил Арсенал“...
Ливерпул за разлика од Арсенал игра паметно, купува тоа што им треба, дадоа 70 или колку и да беа милиони за Ван Дајк, ама имаат бар еден добар стопер. Ние од Мустафи, Луиз, Сократис, Чејмберс и Холдинг не можеме еден солиден стопер да составиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom