Немам прочитано за него, ама претпоставувам слично како Канте. Најпрво кога им рекоа да се вратат на тренинзи, не беа баш познати сите протоколи и не беа целосно информирани точно што и како ќе се прави, па ете некои фудбалери имаа (легитимни) грижи за своето и здравјето на најблиските. Потоа веќе се донесоа секакви конкретни одлуки околу протоколите, плус имале состаноци со клубови и со доктори на кои на играчите и тренерите им било се во детали објаснето и биле уверени дека им пружаат околина во која ризикот за заболување е сведен на минимум. Со тоа бар за Канте знам дека го смени мислењето и почна да им верува и да се осеќа доволно сигурно за да тренира и игра.
За Канте не ја знам причината, не ни прашав.
Дини беше гласен поради ситуацијата со син му и тоа е во ред ама жити се', стекнале доверба а пред тоа ја немале. Од сам старт ги гледаат ко под стаклено ѕвоно, прават тестови цело време, спремаат секакви протоколи за да бидат безбедни. Едно е јас и ти од тука, кои не сме дел од клубовите да не знаеме и да се сомневаме ама тие, кои се дел од тоа постојано да не знаат на што се спремни, само да се заврши сезоната, мене ми е бладање.
Затоа Дини, се надевам се глеаме у Чемпионшип.
Се заебавам, никој нема да те глеа таму.