Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа наивен сум бил. Ја ако сум наивен ,ти што мислеше дека карантин у македонија ќе се почитува од албанците и го подржуваше, што си:D?
LOL, зошто ја би мислел дека карантинот и мерките за Бајрам, би се почитувале од страна на Албанците?
Нема ама баш една причина тоа да си го помислам и стварно, така беше. Ја вратија пандемијата на голема врата.
Ако не го подржувам, тогаш сум на нивно ниво, каде короната не постои, а во џамија и на ифтраска вечер не се шири.
 
LOL, зошто ја би мислел дека карантинот и мерките за Бајрам, би се почитувале од страна на Албанците?
Нема ама баш една причина тоа да си го помислам и стварно, така беше. Ја вратија пандемијата на голема врата.
Ондак зашто ги подржуваше мерките и тоа ние да седиме дома, знаејки дека албанците уште во прв месец не го почитуваа?
 
Абе иљада ќе имавме. Значи по твоја логика за 3 месеци ќе имаме по 500? Зашто ништо суштинско не се смени освен одложување на реалноста.
така беше у Шведска, Италија, Вухан на почетокот. Физика е тоа. Функционира по физички закони, не по ќефот на твоето и моето его.
Автоматски споено мислење:

„164 новозаболени од корона вирусот за последните 24 часа. Направени се 1045 тестирања, а нема направени скрининг тестирања. Најмногу од новозаболените се во Скопје -85, следуваат Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Починале двајца пациенти. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.“
what?
ме изненадија денес, стварно

Мислев дека дента кога јавно председателот, таткото на нацијата, излегува да каже дека може избори, све е ОК и нема потреба за вонредната состојба, барем под 120 новозаболени ќе има... :(
 
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи побарал Владата да формира посебна комисија за да го испита работењето на Инфективната клиника и на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, оти како што кажал, „многу луѓе умирале“
:lolzz:

...Овој и Реџепи треба кривично да одговараат, заради изјавите кои ги дадоа, а кои предходеа на масовното ифтарско непочитување на мерките.

наместо тоа уште се курчи бе....


Министерот за здравство Венко Филипче, кој на состанокот седел од страната на колегите лекари, бурно изреагирал на овој предлог на Османи, бидејќи сите лекари што се членови на Комисијата за заразни болести биле исклучително навредени.

„Лесно е да се соли памет кога се седи во фотелја далеку од ризикот за зараза со коронавирус“, раскажуваат изворите на СДК за реакцијата на лекарите.

Членовите на Комисијата што се лекари-специјалисти од различни области навредата ја сфатиле лично, затоа што Бујар Османи е по професија дигестивен хирург и нивен колега.

„Ако е толкав експерт да ја испитува нашата работа, тогаш нека биде тој шеф на Комисијата и секој ден нека доаѓа во Инфективната клиника и во ‘8 Септември’, па на терен стручно нека ги оценува инфектолозите, анестезиолозите и интернистите што веќе четврти месец немаат видено бел ден од напливот на пациенти заразени со КОВИД-19, си го ризикуваат животот, преморени се и не си ги виделе семејствата, додека тој се слика по прес-конференции“, реагирале лекарите.
 
така беше у Шведска, Италија, Вухан на почетокот. Физика е тоа. Функционира по физички закони, не по ќефот на твоето и моето его.
Автоматски споено мислење:


what?
ме изненадија денес, стварно

Мислев дека дента кога јавно председателот, таткото на нацијата, излегува да каже дека може избори, све е ОК и нема потреба за вонредната состојба, барем под 120 новозаболени ќе има... :(
Шведска имаат помал контакт меѓу луѓе во нормална состојба отколку ние во полициски час.
 
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи побарал Владата да формира посебна комисија за да го испита работењето на Инфективната клиника и на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, оти како што кажал, „многу луѓе умирале“
:lolzz:

...Овој и Реџепи треба кривично да одговараат, заради изјавите кои ги дадоа, а кои предходеа на масовното ифтарско непочитување на мерките.

наместо тоа уште се курчи бе....


Министерот за здравство Венко Филипче, кој на состанокот седел од страната на колегите лекари, бурно изреагирал на овој предлог на Османи, бидејќи сите лекари што се членови на Комисијата за заразни болести биле исклучително навредени.

„Лесно е да се соли памет кога се седи во фотелја далеку од ризикот за зараза со коронавирус“, раскажуваат изворите на СДК за реакцијата на лекарите.

Членовите на Комисијата што се лекари-специјалисти од различни области навредата ја сфатиле лично, затоа што Бујар Османи е по професија дигестивен хирург и нивен колега.

„Ако е толкав експерт да ја испитува нашата работа, тогаш нека биде тој шеф на Комисијата и секој ден нека доаѓа во Инфективната клиника и во ‘8 Септември’, па на терен стручно нека ги оценува инфектолозите, анестезиолозите и интернистите што веќе четврти месец немаат видено бел ден од напливот на пациенти заразени со КОВИД-19, си го ризикуваат животот, преморени се и не си ги виделе семејствата, додека тој се слика по прес-конференции“, реагирале лекарите.
Таман кога ќе помислиш дека сме го поминале пикот со глупостите, се појавува Бујар.
Нека го тужат.


Според мене и ова е навредувачки, изгинаа докторите за сега некој да каже како треба стручна помош?
 
На 20-30 заболени има потреба од вонредна состојба, има потреба од полициски час и седење дома затворени по 4 дена, а сега, кога има по 150-180 дневно, цела недела, кога имаме рекорден број активни случаи, е сега немало потреба од вонредна состојба. :LOL:

Фикус. Како ќе му кажат од партија, така.

Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба, партиите да се договорат за датум за инклузивни избори
 
Само да кажу, Караџовски царе, конечно едн сс муда и став да се појави на ТВ, дечко ги улете сас клизаќи, респекАт. Овакви људи треба да има повише и тој на водечки функцие. Да ви се серу у политички коректни уста на Венка и ред други политички кутриња.
 
"Знам една планета со еден црвенолик господин. Тој никогаш не помирисал цвет. Никогаш не погледнал ѕвезда. Никогаш не сакал никого. Никогаш не правел ништо друго, освен што правел калкулации. И по цел ден повторувал: “Јас сум сериозен човек! Јас сум угледен човек!”, и пукал од гордост. Но тоа не е човек, туку печурка!" - Малиот принц, Antoine de Saint Exupéry

Епа печурка најголема од најголемите е госпоѓата "лажна докторка", без лиценца, од угледно семејство. Здраворазумен човек, никогаш нема да го изложи на ризик животот и безбедноста на своето дете, а и на еден куп други деца или жени со патолошка бременост. Посебно не, жена која се претставува како дел од најхуманата професија. Дипломата не се стекнува со совест, за жал. Брука и срамота, се надевам дека кривично ќе одговара.

Бројката на заразени веќе цела недела е над 100, со мали варијации. Ама сума сумарум, 1000 случаи неделно за малечка земја како Македонија е најцрно од најцрното. Една Црна Гора успеа да се спаси од чудово, ние тапкаме во место. Уствари не, како тапкаме во место, се враќаме назад!!! Решението ни е само карантин на цело Скопје, друго ништо. Помина времето кога Чаир и Сарај требаше да бидат ставени во карантин. Излегува од контрола и ако не се стави Скопје во карантин, за кратко време цела Македонија ќе биде Скопје.
 
Последно уредено од модератор:
Сопругот на родилката ( ќерка на Енвер Малиќи ) која го заразила пола ГАК и ги ставила сите во изолација, попатно кидна а изјавата и испари :
103969139_2680654255498032_3975877096405317225_n.jpg
 
Најдобриот момент од излагањето на шарениот куртон од претседател е следново:

Сакам да нагласам дека споредбите што се прват меѓу претходните војнредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини. За мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел или на целата територија постои законска регулатива и воопшто нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуват тие мерки, истакна шефот на државата.

Со други зборови вонредна состојба не морало да се воведе и пред три месеци, ама јебига сакавме да дупиме во здрав разум милион и пол народ, мала шала
 
@Beric Dondarrion
 
Одамна немам пишано...Дека ситуацијата е излезена тотално од контрола тоа веќе со денови се гледа...Вчера се виде и кај Венко веќе очај и немање сила во многуте изјави што ги даде особено за родилките...Мене бројките ме загрижуваат од аспект на хоспитализирани....Еве денес имаме нови 32 хоспитализирани во Скопје...Така да иако зборат дека повеќето се асимптоматски и на домашно лекување,овие во болница ке нема кој да ги лечи веќе како сме почнале.На тоа додај и нашето квалитетно здравство е тогаш сме го наебале.

А изгледа и комшиите му се пуштиле на Бујар со оглед дека последниве денови се умира на големо Чаир,Гази Баба и овој нормално за политички поени сега пред избори ке бара и специјални комисии и експерти итн итн.
Жалосно е на какво дереџе дојдовме.
 
Сопругот на родилката ( ќерка на Енвер Малиќи ) која го заразила пола ГАК и ги ставила сите во изолација, попатно кидна а изјавата и испари :
103969139_2680654255498032_3975877096405317225_n.jpg

хехе пола ГАК ? не ме јеби бе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom