Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи побарал Владата да формира посебна комисија за да го испита работењето на Инфективната клиника и на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, оти како што кажал, „многу луѓе умирале“
...Овој и Реџепи треба кривично да одговараат, заради изјавите кои ги дадоа, а кои предходеа на масовното ифтарско непочитување на мерките.
наместо тоа уште се курчи бе....
Министерот за здравство Венко Филипче, кој на состанокот седел од страната на колегите лекари, бурно изреагирал на овој предлог на Османи, бидејќи сите лекари што се членови на Комисијата за заразни болести биле исклучително навредени.
„Лесно е да се соли памет кога се седи во фотелја далеку од ризикот за зараза со коронавирус“, раскажуваат изворите на СДК за реакцијата на лекарите.
Членовите на Комисијата што се лекари-специјалисти од различни области навредата ја сфатиле лично, затоа што Бујар Османи е по професија дигестивен хирург и нивен колега.
„Ако е толкав експерт да ја испитува нашата работа, тогаш нека биде тој шеф на Комисијата и секој ден нека доаѓа во Инфективната клиника и во ‘8 Септември’, па на терен стручно нека ги оценува инфектолозите, анестезиолозите и интернистите што веќе четврти месец немаат видено бел ден од напливот на пациенти заразени со КОВИД-19, си го ризикуваат животот, преморени се и не си ги виделе семејствата, додека тој се слика по прес-конференции“, реагирале лекарите.