Ширењето на вирусот е по физика. Не е ни по врски, ни по партиска или религиска припадност.
Околните земји не ги олабавија мерките во услови кога им се покачува бројката, туку бројката им се покачи откога деновиве, ги олабавија мерките.
Кај нас муслиманите не ја раширија короната повторно, затоа што ги олабавил некој мерките, туку затоа што им беше дозволено да не ги почитуваат (мерките се олабавија сега, кога веќе е букнато повторно за ифтарот).Тие не се заразија оти се муслимани, туку се заразија оти не ги почитуваа мерките, што им беше дозволено, затоа што се муслимани. Поточно, на Албанците им беше прогледано низ прсти, по заканите на Османи и Реџепи, а на другите муслимани по default. Нема они у сред полициски час, секоја ифтарска вечер, да влегуваат и да апсат 100 Роми собрани на маса, а на улица одма до нив да не ги приметуваат 100-те Албанци седнати на ифтарска маса.