Ја догледав, импресиониран сум
, поопширно утре...[DOUBLEPOST=1435396559][/DOUBLEPOST]Значи...презадоволен сум од серијата
Првпат слушнав за неа кога бев на факултет 2008/09 и ме привлече поради тоа што беше sf/mystery. Како студент на електро нема шанси такво нешто да не ти падне во очи
Ја гледав прва сезона и втора до средина, по што од повеќе причини следуваше прекин од скоро 3 години, кога решив пак да и дадам шанса. И не згрешив.
2 сезона заврши одлично, таман да те привлече веднаш да продолжиш со 3-та. И тогаш дојде според мене шлагот на серијата...the alternate universe
amen to that
Ни доближија нешто толку абстрактно, нешто што денес е само теорија, на ниво како да е одење до центар со градски автобус, like a boss
. Too good to be true ама исклучително интересно за гледање. Fauxlivia беше исто толку привлечна како и “нашата“
. После тоа дојде и заплеткувањето на временските линии, исчезнувањето на Питер, кое цело време те држи во неизвесност, се мислиш како ли сега ќе го вратат во приказната...за на крај да дојде финалето, 5-та сезона со The Observers. Ни на крај памет не очекував дека ќе бидат прикажани на тој начин. Испадна дека се роботизирани копилиња од луѓе, кои со помош на технологијата стигнале многу понапред во еволуцијата. Само што побогу бараа во нашето време?! Што интерес имаа за до толку да се занимаваат со нас, да не поробат такаречи, па дури и да почнат да ја менуваат планетата по нивните потреби? Колку што знам не беа тука за некој ресурс? Едноставно од кеф, because they can. Мило ми е што им се удри од глава гордоста, ми смо јачи од све...е па испадна работата со свој камен по глава
.
Крајот си беше супер
Мораше да биде на емоции пошто тоа е суштината на приказната. емоциите се тие што не прават луѓе, такви какви што сме. Ако завршеше на некој хај-тек начин, значи ќе завршеше in the Observers way
.
За глумците имам само пофални зборови, пред се Волтер
. Јас би му дал и оскар за улогава. Питер и Олив исто така одлични
. Астро и Бројлс
. Виндмарк
Се на се, ја квалификувам како одлична серија, по мој вкус, а доказ за тоа е желбата секогаш да посегнеш по нова епизода штом си ја изгледал претходната.