Коронавирус (COVID-19)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не дека нешто премногу се слагам со меркиве али одеднаш станавме нација на планинари, вежбачи, маратонци, поборници за здрав живот, верници итн итн, а реалноста вика дека грото од тие што се бунат ги боли цеф за празникот, чекаат да дојде сабота вечер и да рокнат дискач шема, овие планинариве и вежбачите кладилница/кафана шема и така се во круг. Лицемерие до бескрај, само поради тоа што не се навикнати да седат повеќе време дома и да не грицкаат лажиче додека безмилосно зјапаат во телефонот.
Да бидеме реални, сите тие маратонци, планинари, верници, шетачи, домаќини што пазарат, ако не сите, 80% од нив во нормални услови уште од синоќа ќе беа заминати за Грција, Бугарија, поимотните и малку подалеку.

Но пак ќе потврдам од тоа што го видов на лице место утрово, МПЦ и верниците ги почитуваат мерките, доаѓаат во мал број, не се групираат во црковниот двор повеќе од 3-4 луѓе, влегуваат по 2-3 внатре, нема никаква гужва, за разлика од маркети, пиљари и посебно месари, таму е катаклизма.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А ти паѓа на памет дека можеби планинарите, шетачите, вежбачите и останатите конечно дигнаја глас ??
Точно е дека има и фодуло, ама не има и поинакви на кои ни фали природата и физичката активност, а до сега сме немале време да „висиме“ по форуми и социјални мрежи.

И што ако се погоди доставувачот да има Корона и да ги зарази тие на кои им доставува ??? Да, има такви случаеви до сега.

А за тоа дека не одиш во маркет, очигледни има некој кој за тебе оди, па ти не мораш. Да мораше поинаку ќе размислуваше.

Маркетите се проблем поради тоа што народот нема доволно време да ги заврши набавките поради нерационалниот полициски час. Сите гледаат да ја завршат работата во периодот во кој што можат и затоа се ствараат гужви.

Проблемот со банките е поинаков, да си ги отворат сите експозитури нема да има проблеми до толку. ВО Тетово од четири експозитури на Стопанска банка работи само една и нормално н ајголемата гужва е кај неа. ТТК банка има две експозитури отворено, па гужвата скоро и да ја нема.
Од ова решението за гужвите пред банките е очигледно, нема потреба од ангажирање на армијата или полицијата, само нека ги отворат експозитурите.
Хаахахахахаа жити се, маратонците и планинарите кренале глас. Каде вежбаа истите интервали досега, на VLT апарати? Пола од нив на кеј да ги пуштиш пешки да отидат нема да знаат кај се слегува.
Во 104948 групи за трчање сум на ФБ а и голем дел од форумов се во истите, може да потврдат дека многу е мал процентот на луѓе што се бунат.

А и да се надоврзам на претходната дискусија - ако вам ви треба полиција, влада, мпц, ивз да ви каже што треба да се прави а да не се прави... Во ек на пандемија и со нашево здравство да кажат утре движете, мешајте се по кафани, укинати се забраните, треба сенс да се има дека не треба да се прави и треба да се има претпазливост.

Ние имаме жичка да го заебеме системот и тоа е тоа, да кажеа седете во кафана 15 часа на денот, ќе се тепавме зошто ни рекле да седиме во кафана а не дома, си имаме обврски.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Друштво, да не биде после не сте знајале, муабетите за црквите терајте ги на темата за непочитување на полициски час или на темата за религија и корона, како што ќе си процените дека е посоодветно.
Исто така, политика и вулгарност не се толерира тука, така што ве молам да се придржувате до тоа.
Дали се слага со вашите лични ставови кон животот не знам, ама ете, на оваа тема е така и тоа е тоа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.349
Поени од реакции
19.817
Ова е лага, во Грција веќе повеќе денови пријавуваат паднат број на заразени. Од 70-100 паднаа на 20-30, вчера 15.

Чудно како некој од Битола да е толку неинформиран за нешто на 10км од таму.
Не знам,не следам толку кај што нема жаришта.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Јас мислам дека најголема грешка на владата е што не изнајде начин да им стави култура на граѓаните и што не ги исполни на сите желбите. Кај е навикнат македонскиот народ секој ден грав да јаде.
Ја чита темава и се фрустрирам од коментарите дека мерките се лоши а буквално НИТУ ЕДЕН коментар за подобрени мерки и колку реално истите се исплатливи во ситуацијава. Ако сум пропуштил некој таков коментар, би сакал да ме цитирате и да го прочитам.

Полициски час после 4 било тапа, се праеле гужви а 3 недели пред тоа кога немаше полициски час воопшто во државава се тепаа по маркети за тоалетна, само некако го заборавивме тој момент.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.965
Поени од реакции
116.577
А ти паѓа на памет дека можеби планинарите, шетачите, вежбачите и останатите конечно дигнаја глас ??
Точно е дека има и фодуло, ама не има и поинакви на кои ни фали природата и физичката активност, а до сега сме немале време да „висиме“ по форуми и социјални мрежи.
Никој не го спори тоа де, јас лично познавам луѓе планинари, маратонци и слично, не зборувам за нив, зборувам за шминкерите по кафани и кладилници што дремат. И знаеш што е најтрагично? Тие првите што ги спомнав многу ретко и многу малце се бунат за мерките, за разлика од овие џаболебарите кои немаат што да прават па џафкаат по интернетот и се обесправени насекаде.

Таман работа дека сите луѓе се легачи и антиспортисти, не мислев на тоа. Поентата е да се привикнеме месец/два на новонастанатата ситуација и да жртвуваме одредени работи кои до сега сме ги правеле. Не може да угодиш на 2 милиони граѓани, невозможно е, некој трчал, некој пешачел, некој сакал да се вози цел ден со кола, некој во кафани цел ден дремел, едноставно е немогуче на сите групи на граѓани да биде удоволено со мерките во вонредна состојба. Затоа, како народ треба условно речено да се жртвуваме и да отстапиме од секојдневните задоволства и да мислиме малце во корист на фамилијата и општеството се со цел што побрзо да се реши проблемот и побрзо да излеземе од кризата.

@Peja989
Се слагам бац и со тебе и со Бенеамата, само што мое мислење е дека секоја Влада треба да ги приспособи мерките према својот народ, односно кратко кажано треба да го познаваат својот народ. Норвешка ќе ја земам за пример пошо имам роднини таму, има мерки и кај нив, но секој еден си го знае редот и нема отстапување од истиот, уште од самиот старт држат дистанца, нема групирање на луѓе, максимално ја сфаќаат сериозноста на вирусот и успешно се справуваат со истиот. Сакам да кажам дека можела и нивната Влада да воведе поостри мерки но таа си го познава народот. Кај нас не само што не го познаваат народот него во одредена мера реагираат импулсивно и непотребно (пример е тридневното затворање на Кумановно во 5 за 12 каде направија еден тон гужви насекаде). Од друга страна и народов нит се води нит се тера, најпрво сакаа мерки, после кога воведоа смешен им беше полицискиот час дека од 21:00, па сеа нејасно им е зошто од 16:00 и така во круг. Цело време бараме влакно во јајцето и се лигавиме насекаде наместо да седнеме и да се помириме дека околу нас кружи смртоносен вирус за кој мора да помине време за да се заузда (не зборам за тебе него за оние несвесните). Ќе повторам по 259-ти пат, не се ни мерките баш нај нај најидеални, ама веќе кога се воведени треба да ги почитуваме и да не брмчиме многу многу. Стек Ефтов.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
@Stefan-kobe
Брадд, треба да си го познаваат народот и капацитетот на здравствениот систем. Кај нас никој не слуша кога со збор ќе му се каже, односно кога некој ќе даде препорака. Во многу европски земји препорака се зима како закон.

Ќе излезам малку од тема за да ти дадам пример. Европска Комисија кога ни ја ревидира државава и барањето за членство во Европска Унија никогаш нема дадено негативен коментар туку препораки како да се подобриме. Никогаш нема кажано „за курац не ве бива“ него „Проблем имате тука и тука, препорачуваме да го решите вака и вака“.

Затоа, не можеме да ги споредуваме мерките и размислувањето (капацитетот) на Европските држави.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Без полициски час, точно една недела од грегоријанскиот Велики петок, Хрватска денес 23 нови што е најнизок број од 20ти март.
Веќе 3 дена по ред бројот на излечени е поголем од новите заразени, а веќе 5 од последните 7 дена е таква ситуацијата.

Ние само нека си ја следиме Вучичева Србија и далеку ќе догураме.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.687
Поени од реакции
11.786

така магично шетајте слободно и короната ке исчезне, мора да се сфати дека сезона за туризам иде
пример грција од 200и јаче заболени магично паднаа на 70 по некој ден на 20, за некој ден по пет шест души и така да исчезне стравот кај народот, кај туристите иначе како би ги тргнале рестрикциите?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
!?!??!

wtf

"денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје"

!?!?!??!!

од што починал?? компликации при операцијата, пост оперативно ?!?! или поради тоа шо бил ковид позитивен одма го внесуваат во евиденцијата на умрени од корона?!?! БОЖЕ мој...

убаво си призна министерот за здравство на Хрватска пред неколку дена..

"Vecina ih umire sa virusom, a ne od virusa"

колку од овие 49 починати се "од вирусот", а колку "со вирусот"... нека го праша некој Филипче...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Полициски час после 4 било тапа, се праеле гужви а 3 недели пред тоа кога немаше полициски час воопшто во државава се тепаа по маркети за тоалетна, само некако го заборавивме тој момент.
Којзнае по кој пат ќе пишам, се додека нема целосно и правилно спроведување на мерките надвор од полицискиот час, апсолутно никакво подобрување нема да се види. Исто и следново, си го знаат каков е народот и се тоа, ама никој ништо не презема. Што оставаш да се прави калакурница преку ден, а го знаеш капацитетот на здравствениот систем и нивото на луѓето. Убаво имаше пишано Алмеида пред некоја страна, упорно одење со глава во ѕид се моменталниве мерки и како некој да сака што е можно повеќе заразени да има, а не да се спроведуваат мерките како што треба (нешто што е апсолутно изводливо ако некој сака да го изведе).
Посебен доказ е денес, се и сешто е излезено по улици, заради тоа што на 90% од тие денес им е единствената шанса да се издуваат малку низ населба и слично (истото го направив и јас). А, вежбачите и сличните извадени од нафталин можеш многу лесно да ги регулираш (исто и движењето по паркови и планини), колку полицајци се исповработија низ годиниве. Ама тоа е, треба да сакаш нешто да преземеш и малку да се потрудиш. Кај нас знаеме како функционира се, од денес за утре, со минимален напор и труд. Мислев дека барем ваква ситуација ќе смени нешто, ама за жал тука ништо нема да влијае за да се направат било какви промени.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
!?!??!

wtf

"денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје"

!?!?!??!!

од што починал?? компликации при операцијата, пост оперативно ?!?! или поради тоа шо бил ковид позитивен одма го внесуваат во евиденцијата на умрени од корона?!?! БОЖЕ мој...

убаво си призна министерот за здравство на Хрватска пред неколку дена..

"Vecina ih umire sa virusom, a ne od virusa"

колку од овие 49 починати се "од вирусот", а колку "со вирусот"... нека го праша некој Филипче...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Затоа што вирусот го носи организамот во колапс, објаснето е на темава и од медицински лица. Затоа и нема операции по болнициве, освен хитни случаи.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Којзнае по кој пат ќе пишам, се додека нема целосно и правилно спроведување на мерките надвор од полицискиот час, апсолутно никакво подобрување нема да се види. Исто и следново, си го знаат каков е народот и се тоа, ама никој ништо не презема. Што оставаш да се прави калакурница преку ден, а го знаеш капацитетот на здравствениот систем и нивото на луѓето. Убаво имаше пишано Алмеида пред некоја страна, упорно одење со глава во ѕид се моменталниве мерки и како некој да сака што е можно повеќе заразени да има, а не да се спроведуваат мерките како што треба (нешто што е апсолутно изводливо ако некој сака да го изведе).
Посебен доказ е денес, се и сешто е излезено по улици, заради тоа што на 90% од тие денес им е единствената шанса да се издуваат малку низ населба и слично (истото го направив и јас). А, вежбачите и сличните извадени од нафталин можеш многу лесно да ги регулираш (исто и движењето по паркови и планини), колку полицајци се исповработија низ годиниве. Ама тоа е, треба да сакаш нешто да преземеш и малку да се потрудиш. Кај нас знаеме како функционира се, од денес за утре, со минимален напор и труд. Мислев дека барем ваква ситуација ќе смени нешто, ама за жал тука ништо нема да влијае за да се направат било какви промени.
а буквално НИТУ ЕДЕН коментар за подобрени мерки и колку реално истите се исплатливи во ситуацијава. Ако сум пропуштил некој таков коментар, би сакал да ме цитирате и да го прочитам.
Просветли не', те молам. Јас бев мртов сериозен дека не начекав ниту еден коментар кои би биле мерки кои би биле подобри од ова (земени во предвид неинтелегенцијата, неартикулираноста и неписменоќата на нашето население и да додадеме срамниот здравствен капацитет).
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
!?!??!

wtf

"денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје"

!?!?!??!!

од што починал?? компликации при операцијата, пост оперативно ?!?! или поради тоа шо бил ковид позитивен одма го внесуваат во евиденцијата на умрени од корона?!?! БОЖЕ мој...

убаво си призна министерот за здравство на Хрватска пред неколку дена..

"Vecina ih umire sa virusom, a ne od virusa"

колку од овие 49 починати се "од вирусот", а колку "со вирусот"... нека го праша некој Филипче...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Пред некој ден искочи информација во Њу Јорк Тајмс дека преку 3500 смртни случаи се препишани на вирусов иако не биле тестирани туку имале симптоми.

Иначе, ај некој што подетално прати ситуација во светот, секаде вака варираат бројките или само кај нас? Денес 36 нови случаи. Некако многу варираат бројкиве секој ден.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518
Пред некој ден искочи информација во Њу Јорк Тајмс дека преку 3500 смртни случаи се препишани на вирусов иако не биле тестирани туку имале симптоми.

Иначе, ај некој што подетално прати ситуација во светот, секаде вака варираат бројките или само кај нас? Денес 36 нови случаи. Некако многу варираат бројкиве секој ден.
Да, секаде варираат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom