Сте нашле со кој да се објаснувате. Отворете Фан Клуб Манчестер Јунајтед и ќе ви стане јасно што човек е Рики.Утд и зошто уопште не треба да се замарате со него.
Иначе, идеата дека полицискиов час е за да се спречи народот да иде у црквите за празников е причично глупа. На многу понормален начин можеше да се реши ова. Полицискиот час од 9 до 5 сабајле беше доволна мерка. Комотно може само да ги затворат сите верски облекти и нема да има собирања. Помош од државата нема потреба да им следи и онака не плаќаат даноци, а тарифите што ги имаат се срамни. Имаат сигурно банкарски сметки и МПЦ и ИВЗ па кој сака да донира нека им уплати пари.
Второ, гледам се објавуваат слики од Германија со празни плоштади, а парковите им се полни со луѓе. Нормално со дистанца меѓу нив. Кај нас во парк најмногу околу езерцето се седи и секогаш имало дистанца меѓу седнатите групи, нормално со исклучоци. И тој проблем лесно може да се реши. Пушти 7-8 полициски патроли низ парк да реагираат таму каде што не се почитува дистанцата или групата е поголема од 3-4 луѓе. Ете нека не биде дозволено и седење, али да забраниш движење е преглупа мерка. Зборам општо за сите паркови, шуми, кеј. Има доволно полиција да патролира на тие места. До пред кризата дремеа по кафичи, пола малски кафичи беа исполнети од полицајци. Си тепаа по 2 саата од работно време, на кафе.
Маркетите и банките ни се најголем проблем. Пред се поради тоа што нема кој да прави ред. Најчесто таму каде што има поголем простор пред продавниците и банките дистанцата се почитува.
Реалноста е дека мора работите за брзо време да се вратат во нормала. Реалност е и дека решението е стваање колективен имунитет, сакале вие да признаете или не. Вакцина уште долго нема да има, а вирусот нема да исчезне. Последиците од ваквите мерки се далеку покатастрофални и од здравствена и од економска гледна точка. Сте запнале за како тоа мерките се топ, не треба од дома да се искача, не треба да се раздвижиш, како вирусов да лебди у воздух, а уста не отварате за тоа дека затварањето дома го унштува имунитетот скроз и дека со таков имунитет кога ќе се тргнат мерките луѓето од промаја ќе ни умираат, а вирусов па да не спомнам како ќе ги коси. Со вакви мерки голем дел од старите лица ќе залегнат во кревет, а со тоа доаѓаат и декубити. Вие што толку ги сакате ваквите и построги мерки знаете каква е таа болест? Знаете дека на старите лица им се отвараат рани по телото и дека ретко кој се спасува од нив. Луѓето умираат во страшни болки, а освен нарворешните имаат и внатрешни рани. Телото им се распаќа, а се живи.
Еконмските последици да не ги спомнувам. После ебани 3 недели кај нас почнаа отпуштања од работа, кратење на плати. Затварање фирми. Економски моќните држави не можат да ги поднесат ваквите мерки подолг период од 3 месеци, а камо ли сиромашна држава како нашата. Па сеа у стилот на
@Coca Cola, вие што сте за ваквите мерки, со кои масовно се губат работни места, да потпишете дека вие ќе ги издржувате сите луѓе кои се жртви на ваквите мерки, се додека не најдат работа и застанат на нозе. Ама лесно е да зборите кога тато и мама ве издржуваат или имате можност да работите непречено од дома.
Да не бидам сватен погрешно, вирусот е опасен, не поради смртноста, туку поради тоа што се уште не знаеме се за него и немаме вакцина. Али многу сме далеку од вакцина и ваквата ситуација не може да трае до тогаш. Превентивни мерки треба да има, како на пример полицискиот час од 9 до 5. Мерките за собирања на поголеми групи од 4-5 лица исто беа сосема во ред. Тие кои можат да работат од дома, така да работат. На тој начин повеќето фирми немаше да бидат погодени, па ќе беше полесно и државата да им помогне на ти кои би биле погодени од се ова. Да се изолираат најзагрозените, односно да бидат ослободени од работа, старите да можат да се движат нормално во одреден период, да им се обезбедат маски, а не да се створи паника па да нема маски ни за лек. Можеше само да им забранат поголеми групи од 2-ца. Да не се собираат во групи како у Жена парк што правеа. Добра мерка би била и онаму каде што има потреба да се ангажира војска пред маркети само колку да се одржува дистанца. мерките до пред 2 недели мислам дека беа доволни, генерално.