devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.981
- Поени од реакции
- 6.432
Дојдов само да ви кажам дека ми фалат некако времињата кога гледавме овде сите заедно филмови, ги коментиравме, разменувавме мислења, често влегувавме и во сукоби ако имаме по некое различно мислење за некој филм. Но, најбитно од се, подфорумот беше ризница за наоѓање на филмови кои иначе се далеку од очите на јавноста и никогаш не би ги открил таквите скриени дијаманти да не беа безброј испишани страници со филмови, па и нашиот Филм Клуб кој беше репрезент за одлични филмови кои претходно не ги знаевме.
За жал тоа време помина, а поминав и јас со него...
Во време на карантинов, имам малку повеќе време да посветам на филмовите, па и го пронајдов, сосема случајно данскиов филм, кој за чудо, гледам на летербокс го гледал Џонтра и му дал 4 ѕвездички. Го изгледав, незнаејќи дека е 4 дел од франшиза снимена по романи и се решив сега да им седнам и на другите 3 дела.
Не е нешто невидено, не е нешто што ќе ви отвори видици кон филмскиот свет. Само е уште едно мистично филмско парче од северот со познати трилер моменти, тешки сцени и уште потешка атмосфера. Баш ми беше Филм Клуб предлог на филм, како што веќе ги имавме гледано. Па ако на некој уште му фалат такви и е во потрага по нешто непознато, има топла препорака од мене:
П.С Филмот во голема слика опишува страшен грозоморен чин за кој би биле посебно заинтересирани жените. Па, посебна препорака за припадничките на понежниот пол да го изгледаат.
П.П.С Не е за луѓе со сензитивни желудници.
Еве ги и останатите 3 претходни делови кои не се директно поврзани со овој:
1. The Keeper of Lost Causes
2. The Absent One
3. A Conspiracy of Faith
4. The Purity of Vengeance