Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Midway_Banner.jpg

Екранизации на историски настани, обично се случуваат со извесна доза на преувеличување, аберирање, авторска слобода при додавање на елементи и сл. Егзактното пренесување на вистинитите настани, знае да биде не многу интересно за пошироката публика, па разбирливи се тие интервенции, од комерцијален аспект.

Но, овој филм е исклучок.
Битката за Мидвеј е можеби најинтересната битка во Втора Светска Војна. Пребогата со интересни и неверојатни моменти, оваа битка (во контекст на наративот од погорниот пасус) е екранизирана обратно.
Едноставно, било неможно сите интересни детаљи да бидат пренесени во два и кусур саати. Режисерот Емерих не морал да додава и преувеличува, туку да крати и прескокнува. Некои моменти не можел во целост да ги објасни и да го покаже нивното значење и учество во големата слика и тоа е исклучиво заради големиот број на такви елементи, од кои оваа битка е составена.
Кога ова е кажано, морам да признам дека во врска со тоа што го прикажува, филмот е неверојатно историски акуративен во споредба со многу други воени филмови (со исклучок на мал број моменти - ако сакаме навистина да цепидлачиме). Настаните и разни ситни елементи, кои ви делуваат како дел од режисерската слобода (затоа што личат неверојатно), да знаете дека се случиле. Како на пример:
- кога Јапонците го бомбардираат носачот на авиони, у целата фрка, бомби и експлозии, еден пилот влегува во полу-уништен авион, кој се наоѓа на пистата и седнува на задното седиште, па со митролезот од авионот пука по напаѓачите горе.
- повеќе бранови на бомбардери налетуваат на јапонските носачи и биваат сосема уништени без ниту еден погодок, или со погодоци, кои се небитни, но на крајот една група од само три бомбардери, напаѓа, со само три бомби фрлени (од секој по една). Двете бомби на бомбардерите, од лева и десна страна промашуваат, а едната (од централниот) погаѓа баш во точка, во која ако погоди, го уништува цел брод. Шанси - еден спрема илјада. Да, баш таму погаѓа и го уништува.
и да не набројувам, све што ќе видите - стварно се десило.

Релативно разновидна екипа глумци за ваков филм, а рака на срце, глумата не е кој знае што. Главниот глумец (првиот Дарио Нахарис) не знае баш да глуми. Режијата солидна, али и таа не е ништо посебно. Но, небитно, затоа што тука сум лично необјективен при оценката на уметничките квалитети и замижувам, ставајќи ја на прво место историската прецизност. (нешто што беше прилично занемарено кај екранизацијата на Битката кај Перл Харбур). Кога гледам екранизација на историски настан историската акуративност ми е на прво место.
Осмица - со попуштање од моја страна
Можеби единствениот филм за Втора Светска Војна што сум го исклучил на пола и не сум го догледал. Ужасно досаден, филм составен само од catch-phrases, демек Yeah America, и тек сега ми е јасно зашто првиот Дарио Нахарис го избација од ГОТ, чоекот не знае да глуми едноставно.

За вториот спојлер, иако не ја дочекав таа сцена да ја видам, после прочепкав и видов уствари што се десило на Мидвеј. Го уништил носачот на Јапонците со една бомба, затоа што во тој момент кога напаѓаат Американците, сите авиони на Јапонциве им се под палубата, за да им се сменат бомбите, т.е од торпеда прво ги смениле во бомби, па после кога се појавиле носачите на Американците пак назад во торпеда. И сеа тоа се дешавало брзо, па кога паднала бомбата врз носачот, ја пробила палубата, и експлодирала кај авионите кои пола и више имале наместено торпеда на нив, и затоа била таа огромна експлозија. Не ја изгледав сцената од филмот ама веројатно е лошо направена и затоа не е објаснето уствари како со една бомба е потонат цел носач на авиони.
 
Се сложувам со тебе дека глумата е лоша и дека филмот не е ништо посебно, од некоја претпоставена објективна перспектива. Но, во случајов не сум објективен и тука нема дилема. Реков дека кога станува збор за Втора Светска војна, на прво место ми е историската точност.
Релативно разновидна екипа глумци за ваков филм, а рака на срце, глумата не е кој знае што. Главниот глумец (првиот Дарио Нахарис) не знае баш да глуми. Режијата солидна, али и таа не е ништо посебно. Но, небитно, затоа што тука сум лично необјективен при оценката на уметничките квалитети и замижувам, ставајќи ја на прво место историската прецизност. (нешто што беше прилично занемарено кај екранизацијата на Битката кај Перл Харбур). Кога гледам екранизација на историски настан историската акуративност ми е на прво место.

За вториот спојлер, иако не ја дочекав таа сцена да ја видам, после прочепкав и видов уствари што се десило на Мидвеј. Го уништил носачот на Јапонците со една бомба, затоа што во тој момент кога напаѓаат Американците, сите авиони на Јапонциве им се под палубата, за да им се сменат бомбите, т.е од торпеда прво ги смениле во бомби, па после кога се појавиле носачите на Американците пак назад во торпеда. И сеа тоа се дешавало брзо, па кога паднала бомбата врз носачот, ја пробила палубата, и експлодирала кај авионите кои пола и више имале наместено торпеда на нив, и затоа била таа огромна експлозија. Не ја изгледав сцената од филмот ама веројатно е лошо направена и затоа не е објаснето уствари како со една бомба е потонат цел носач на авиони.
Не е дека тука имаш многу неточности, но во врска со ова ќе ти кажам неколку работи:

- За еден носач (од тоа време) да направи било што од ова што си го навел му требаат 20-40 минути. У тие 20-40 минути, он може или да полетува авиони, или да слетува авиони, или да полни бомби, или да растовара бомби, или да ја има ангажирано ловечката патрола... Не може повеќе работи во исто време. А и секоја од тие работи се изведува само под одредени услови, на пример, при ангажирана ловечка патрола (што ќе значи нападнат е носачот), палубата мора да биде празна, значи, сите други авиони (dive и торпедо бомбардери) прво мора да се спуштат у подрум, или пак, за да полетува авиони мора прво да се сврти, ветерот у грб да му биде и тн. Ништо од ова не може да биде набрзина.
- Еве зашто нападот на Ричард Бест и останатите двајца со него, е фантастичен:
Од сабајле дента имало повеќе бранови од американски напади врз носачите. Десетина пати напаѓаат ескадрили (одприлика од по 15-20 па и повеќе) авиони, повеќето торпедо бомбардери. Секој од тие напади (на некој од четирите носачи) завршува со 80-90% американски губитоци (некои од нападите биле и со 100% губитоци) и буквално НУЛА погодоци врз јапонските носачи. Е сега, овие три авиони, на крајот што го нападнаа Акаги, у ствари не требаа таму да бидат, бидејќи ескадрилата кога напаѓа, по правило, тие кои се понапред идат кон подалечниот носач (Акаги), а тие бомбардери кои се поназад идат кон поблискиот, за да бидат носачите нападнати во исто време, за нивниот одговор (ловечката патрола) биде разводнет. Меклaски - лидерот на ескадрилата, кој е напред, од икс причини (денес не е баш разјаснето зошто) иде кон поблискиот (Кага) наместо кон подалечниот носач (Акаги). Ричард Бест (Дарио Нахарис), на своја рака со уште двајца се издвојува и тргнува сам кон Акаги. И сега гледаме дека носачиве се напаѓани цело сабајле од групи од по 15-20 бомбардери со ужасен резултат, а овде само три авиона, еден погодок и случајно се дешава да падне баш кај што треба и да го потоне. Инаку носачи вообичаено (особено американски) можат да трпат без проблем и неколку погодоци, нормално зависи кај се. Бест (како и сите други) знаеле дека на Акаги се наоѓа ескадрилата на Шигехару Мурата - веројатно најдобра торпедо бомбардерска ескадрила во Војната. Ако они успеат да полетаат и ги најдат американските носачи, нема да бидат повеќе напади.
Оваа сцена, како и други борбени сцени со ефекти, беа добро изведени и тука немам никаква замерка.
 
Ви се допадна The Gentleman? Мислам дека Гај Ричи завршил добра работа и мислам дека ова е Ричи во неговиот природен хабитат. Проба да направи нешто интересно со Man From U.N.C.L.E, кој не беше лош филм но Gentleman мислам дека му е ниво погоре. Солиден, многу солиден. Можеби нема да биде класика како Snatch и Lock Stock али дефинитивно добар.
 
Снеч ми е мене без конкуренција од филмовите на Ричи, ме остави без здив сценариото од почеток до крај, tight af. Бонус ми беше и Бред Пит како ирскиот Циган-боксер.
 
Се согласувам со оценката што ја има. Дефинитивно подобар од Man from UNCLE, другите два се класика и треба да ги прегледам за се потсетам, али доста солиден.
Хју Грант беше освежување да се види во сосема поразлична улога од она што сум навикната да го гледам, како и Фарел конечно со негов акцент. Азиецот има нешто што ме нервира кај и да го видам, тој ми штрчеше во цел филм.
 
Дојдов само да ви кажам дека ми фалат некако времињата кога гледавме овде сите заедно филмови, ги коментиравме, разменувавме мислења, често влегувавме и во сукоби ако имаме по некое различно мислење за некој филм. Но, најбитно од се, подфорумот беше ризница за наоѓање на филмови кои иначе се далеку од очите на јавноста и никогаш не би ги открил таквите скриени дијаманти да не беа безброј испишани страници со филмови, па и нашиот Филм Клуб кој беше репрезент за одлични филмови кои претходно не ги знаевме.
За жал тоа време помина, а поминав и јас со него...

Во време на карантинов, имам малку повеќе време да посветам на филмовите, па и го пронајдов, сосема случајно данскиов филм, кој за чудо, гледам на летербокс го гледал Џонтра и му дал 4 ѕвездички. Го изгледав, незнаејќи дека е 4 дел од франшиза снимена по романи и се решив сега да им седнам и на другите 3 дела.
Не е нешто невидено, не е нешто што ќе ви отвори видици кон филмскиот свет. Само е уште едно мистично филмско парче од северот со познати трилер моменти, тешки сцени и уште потешка атмосфера. Баш ми беше Филм Клуб предлог на филм, како што веќе ги имавме гледано. Па ако на некој уште му фалат такви и е во потрага по нешто непознато, има топла препорака од мене:

The_Purity_of_Vengeance_%28Journal_64%29.jpg

П.С Филмот во голема слика опишува страшен грозоморен чин за кој би биле посебно заинтересирани жените. Па, посебна препорака за припадничките на понежниот пол да го изгледаат.

П.П.С Не е за луѓе со сензитивни желудници.

Еве ги и останатите 3 претходни делови кои не се директно поврзани со овој:

1. The Keeper of Lost Causes
2. The Absent One
3. A Conspiracy of Faith
4. The Purity of Vengeance
 
Снеч ми е мене без конкуренција од филмовите на Ричи, ме остави без здив сценариото од почеток до крај, tight af. Бонус ми беше и Бред Пит како ирскиот Циган-боксер.

Kinda doubt it дека тоа било само бонус :icon_lol:
 
Какво ремек-дело е The Hours. Штета што сум го пропуштил.
But then again, ако го гледав кога беше фамата и кога излезе и кога имав 15 години... веројатно ќе ми беше срање.
 
Од последни (ваљда 15 на број) филмови што ги изгледав додека сме сите викендов по дома а преку недела маце и на работа, ги издвојувам The Platform, за кој еве и тука читам дека оставил добар впечаток - филм кој зборува за човековат аалчност и нагон за самоуништување, како и Escape from Pretoria so даниел Редклиф. филм по вистинска приказна загрупа од бунтовници против аперхејдот во Јужна Африка во 80' години од 20 век. Убаво срочен, со добра глума. Прпеорачувам 7.5/10
 
Многу е јако чувството кога ќе гледаш некој филм по втор или трет пат и ќе откриеш нешто ново што си пропуштил. Пред некој ден ми се случи ова со Naked Gun 3. Одеше целата трилогија на Fox а јас ја гледам по кој знае кој пат, мада последно беше пред 5-6 години. И конечно сфатив што е штосот со една зафрканција, уствари едно зборче сум слушал погрешно а во превод на македонски се губи шегата...

Нели главното се случува на крајот на доделувањето на Оскарите каде терористите ставија бомба во пликот за најдобар филм. И таман Џејмс Ерл Џонс да го отвори пликот Френк Дребин (Лесли Нилсен) му го грабна и се развика It's a bomb! (така мислев). Ама наместо сите да почнат да бегаат екипата на еден од номинираните филмови почна да слави и да си честита. Знаев дека има тука некоја бизарна зафрканција ама не сфаќав точно што е...

И некна го пратам филмот, гледам што сум испуштил. Некоја минута пред тоа најавувачот вика „Сите номинирани филмови беа успешни на бокс офисот, освен еден“. И Лесли Нилсен викал It's the bomb! Пошто знам што значи box office bomb сега знам што е збрката. :pos:

Инаку како ги имаат исмеано клишеата на Оскарите, и денес важат истите шеги како пред 25 години. Штета што веќе не се прават вакви пародии со убаво осмислени зафрканции.
 
Последно уредено:

Сигурно ја имаш гледано и серијата врз која што е базиран Naked Gun.
Ја гледав на Јутјуб пред неколку години, све да им ебам на глас се смеев :D

Порано ги имаше и другите епизоди, изгледа исчезнале. Мислам дека ја има и на торент.
 
Pls Help!!! Никаде не можам да најдам Торент од првиот филм на Спајк Ли. Некој да ми се најди при помош?
Screenshot_20200416-200843.png
 
Филм со Том Харди, каде што го толкувал ликот на Ал Капоне во подоцнежните негови години од животот и по престојот во затвор. Последната добра интерпретација на Капоне на филмското платно која ја паметам, ја оствари Де Ниро во филмот „Недопирливите“ со Шон Конери кој го играше полицаецот кој го ловел. Знаејќи каков онскрин магнетизам и интензитет прикажал досега Харди, особено брилјирајќи при толкувањето на ликови на негативци, ќе се дрзнам да претпоставам дека и овој пат ќе направи растур, а можеби и ќе биде номиниран за Оскар за оваа ролја и конечно заслужено ќе го добие.

Починал Brian Dennehy. Кога бев дете го гледав секоја недела во друг филм на МТВ. Неговата појава ми е врежана во мозоков. Нека почива во мир.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom