- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.500
- Поени од реакции
- 37.337
Дечки,само што дадов проби за COV19...
Нема везе,не ми е фрка да пушувам. Денес се разбудив со симптоми,а вечерва ми дојде брза помош и полиција на врата,бидејки мој колега е позитивен на корона.Главоболка во пределот на челото,не баш главоболка класична,туку како под притисок да ти е главата,и да ти тежи.Вратот и плеќите силно ме болат.
Носот ко да ми љути,ептен неможам да се почешам,затоа што станува болно.
Грлото боли и болката се спушта надоле.немам кашлица.Температура не висока 37.2Истиве симптоми ги имам скоро секое зимо. Ништо особено. )))))))
Некако шубе ми беше да се отварам претходно, ама еве сега се осеќам океј да споделам.веќе 12ти ден сме во карантин/самоизолација со девојка ми, thank you very much Цаца да ти свршат црнци на фаца.Девојка ми (специјализант по друга медицинска гранка) предминатиот четврток беше да земе потпис од неа. Покрај тие од симпозиумот, колку други биле во контакт со неа дали професионално или лично не сакам ни да помислам.Среќа океј сме, мериме температура неколку пати во ден, и мислам дека најкритичното помина. Фала богу немав контакт со моите, и фала богу девојка ми не и влегла у канцеларија, туку контактот бил неколку секунди у ходник при што девојка ми земала лист со потпис од неа.
Две нешта:
1. Откако се дозна дека "да и се иске*ам на фаца" ЦАЦА е заразена, одма ѕвоневме у ИЈЗ и МЗ, 6 саати додека добивме одговор, што само по себе е катастрофално. Цел ден беше зафатено или не креваа. Ова беше минатиот вторник. Не знам сега каква е ситуацијата, но не верувам дека е драстично подобрена.
2. Никаква контрола не се врши од ниедна институција за самоизолацијата, нити пак полиција нит МЗ никој. Тоа може да претставува голем проблем во моментов. Многу луѓе се во самоизолација, но истата (убеден сум) скоро и да не се спроведува како што треба и истовремено се стапува во контакт со луѓе при изолацијата, свесно или несвесно.
Бидејќи голем дел од луѓето се несовесни и верувам дека половично ќе ги испочитуваат тие 14 дена, може да настане голем проблем. Верувам дека многумина може да/ќе ја закомплицираат ситуацијата така што на 8от ден ќе добијат кураж и ќе мислат дека не им е ништо и ќе си лабават по комшии и со друштво, а симптоматологијата е доста специфична и не може да се најде НЗС.
Инаку, лично настинав овде на планина (7 дена сум веќе), вчера грло ме болеше, денеска од наутро носот ми тече, ама немам температура. Се јавив на број од оние за симптоми, да прашам да не е корона, да не треба тест, дечкото многу љубезен, рече дека не е, и дека штом не сум била во странство скоро ниту сум била во контакт со некој заразен, а и немам температура - настинка е.
Два три дена ме вртеа коски и мускули,главоболка.Денес почнав да кивам и нос да ми тече,никад у живот не ме радувале кивавица и течење нос ама денес ме израдуваа прилично
Бев кај матична пред недела дена, пиша антибиотик и ај оди терај вика испијај ги. А и напоменав дека имав контак со лице од Франција.Пијам антибиотикот, течности витамини шо не, температура не паѓа.И звонам пред 3-4 дена ми да и кажам, ми вели дојди.И денес појдов, предглед ау мау, прво ништо не ти е. И објаснувам тешко ми е да дишам температурава не паѓа, и пак ме прашува контакт да не имапе со некој од ризични земји?! И велам да, ви кажав и првиот пат коа бев.Коа ме напади од таа смрдена амбуланта, па фатија да прскаат по мене да ми црекаат, а госпожата сама ми рече дојди.Дебилни суштества. Морав да напрам вент.
Се мачам со температура, ми дадоа антибиотици, ми рекоа нема потреба од тест за корона.
10-15 дена имам слични симптоми. Отежнато дишење преку нос, не тече. Блага главоболка, повеќе може да се нарече како тежина во главата. Зголемен крвен притисок, температурата мислам дека ми е зголемена (немам топломер). Замор при нормален напор.Отежнатото дишење и крвниот притисок како да се во корелација. Потешко дишам кога притисокот е висок. Можеби е случајност.
Ќе заборавев. Осеќам и благо трпнење на врвот на јазикот.
@chef_cook , @jamey jasta , @Violetova , @Наќо Скопски , @Annik Honoré , @teneke , @Паланчански , @Saber Rider, споделите искуства, споделете ја моменталната ситуација овде, а другите дајте конкретни совети кон овие, а и други членови кои денес се борат со покачена температура и други симптоми,Од многу гомна јадење, кренав температура и јас. Засега ниска температура, со затнат нос без да тече. Првите симптоми ги имам, иако немам кашлица, а не чувствувам ниту болка во грлото. Повеќе е како болка од синуси.Не сум бил на страна, ниту пак сум контактирал со некој од странство или некој за кој знам дека е заразен. На работа одев скоро редовно и имав контакт со некои 5-6 луѓе, со редовни коростења на анти септици.Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Имам и потечна столица, иако тоа ми личи дека е од што сум напрегнат во моментов.Стравот веќе ми се роди, не заспав цела вечер Значи ако се јавам за тестирање, никогаш нема да дојдам на ред ради тоа што не сум контактирал со заболен?
со денешниов најголем страв ----> I have or I don't have coronavirus COVID19 !
Последно уредено: