Коронавирус (COVID-19) Read-only

Статус
Затворена за нови мислења.

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Со оглед на тоа дека основната тема за коронавирусот е доста оптеретена со мислења и се губат важните информации, со одлука на Вишиот управен одбор на форумот ја отварам оваа тема која ќе биде затворена за мислења и во неа ќе се објавуваат нови, важни информации и известувања.

За проверени информации, проверувајте на следниве линкови:
  1. Министерство за Здравство веб страна и Facebook страница
  2. Официјална Facebook страница на Министерот за здравство
  3. Официјална веб страна за најнови информации за Коронавирусот
Достапна е и нова апликација на која ќе може да се информираме за сите важни информации во врска со коронавирусот.
Апликацијата побарајте ја на Google Play Store или на App Store како KoronavirusMK.
Исто така, информации за бројот на заразени и дополнителни информации (на англиски) може да најдете на овој линк.

За почеток, неколку основни информации и линкови до извори на информации. Кликнете на „спојлер“ за да се отворат информациите.

  • Кои се симптомите на Корона?
Вообичаените симптоми и знаци на инфекција вклучуваат температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман, слично како за најголем број од вирусите. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

  • Како се пренесува вирусот?
Новиот коронавирус е респираторен вирус кој примарно се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Важно е сите да практикуваат добра лична хигиена. На пример, кога кивате или кашлате користете марамче за една употреба и веднаш фрлете го, а доколку немате марамче покријте ги устата и носот
со раката свиткана во лактот. Исто така, многу е важно луѓето редовно и темелно да ги мијат рацете со сапун и вода или со дезинфициенси базирани на алкохол.
Вирусот останува на површините и до 3 дена (некои студии даваат информација дека на метални површини останува дури до 6 дена), затоа по допирање со било која потенцијално контаминирана површина (пари, кваки, копчиња во лифт, гелендери, итн.) темелно измијте ги рацете со сапун и вода или исчистете ги со дезинфициенс.
Во меѓувреме, НЕ СЕ ДОПИРАЈТЕ ПО ЛИЦЕТО!

  • Како да го спречиме ширењето на вирусот?
Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.

Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.

Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.

Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.

Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.

Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.

Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.

Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.
  • Се сомневам дека имам коронавирус, каде да проверам?
НЕ ОДЕТЕ НА ЛЕКАР!
Доколку се сомневате дека можеби сте заразени со коронавирусот и имате покачена температура и треска, кашлица, отежнато дишење, понекогаш малаксаност, мускулни болки, дијареа, јавете се на некој од следните телефони во Службата "Ало докторе":
o ЦЈЗ Битола 071 261 330​
o ЦЈЗ Велес 071 219 278​
o ПЕ Гевгелија 078 545 444​
o ЦЈЗ Кочани 071 373 913​
o ЦЈЗ Куманово 070 215 851​
o ЦЈЗ Охрид 070 723 029​
o ЦЈЗ Прилеп 076 475 747​
o ЦЈЗ Скопје 071 289 614​
o ЦЈЗ Струмица 072 235 543​
o ЦЈЗ Тетово 075 240 464​
o ПЕ Гостивар 076 365 161​
o ЦЈЗ Штип 078 365 613​
o ИЈЗ Скопје 078 387 194​
o ЗД "Ало докторе" 02/15 123​

Во меѓувреме, следете ги препораките за самоизолација.
Домашната изолација подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена:
❖ престој во посебна просторија (по можност),​
❖ задолжително носење на заштитна маска (хируршка маска),​
❖ самопроверка - мерење на телесна температура најмалку два пати дневно,​
❖ комуникација со домашните на растојание од минимум 2 метри,​
❖ зачестено, темелно миење на рацете во траење од најмалку 20 секунди, и​
одржување на личната и општата хигиена во домот,​
❖ зачестено проветрување на домот, особено просторијата каде престојува лицето​
во домашна изолација,​
❖ редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор,​
❖ возрасните да не одат на работа,​
❖ децата да не посетуваат настава и предучилишни установи​

Доколку ви е потребна психолошка поддршка може да се јавите на:
- 072 912 676 за родители на деца на предучилишна и училишна возраст
- 072 919 009 за возрасни лица во самоизолација
- 070 241 807 за граѓаните на Дебар и Центар Жупа
  • Што е вистина, а што кажа сестрата на комшиката на братучетката на тетка ми?
Официјалните информации од Министерството за Здравство можете да ги најдете на следниот линк.

Бидете многу претпазливи со информациите за „народни лекови“, број на заразени, теории на заговор, итн.
Сите сме доволно исплашени, битно е рационално да се разграничи помеѓу вистинска информација и лажни вести.


Дополнително, сликовит приказ зошто треба да се приклучите на движењето #СедиДома #СедиСиДома @stayhome #QëndroNëShtëpi
Автоматски споено мислење:

Последни информации за состојбата во нашата држава:

- Прес конференцијата одржана на 19.03.2020 во 18 часот.

- Резиме на состојбата
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Состојбата со коронавирусот во земјата до 10.00 часот - 19 новозаболени на коронавирус - бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус беа тестирани 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид - дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Update од 15 часот:
- 70 вкупно заболени
- Заболени сега има од Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид
- Има 120 респиратори во државата, набавката за повеќе е во тек, а се финализира и донацијата од Кина
- 3 нови позитивни од 43 тестови направени денес. Од почетокот се направени 880 тестови, 1400 тестови се преостанати во моментот.
- По 1000 нови тестови ќе бидат достапни секоја недела за ИЈЗ и по 300 во секое вреке во Жан Митрев
- Од Понеделник ќе има 2 пункта за тестирање во поликлиниката Чаир и Јане Сандански, ќе се закажуваат тестирања преку МојТермин и телефонски


Отворен и нов телефон за пријавување на угостителски објекти во кои има гости и драстично покачени цени на основни продукти и средства за дезинфекција.

191 Државен пазарен инспекторат


Дополнително отворен и телефон за пријавување на лица кои прекршуваат самоизолација

0800 00 201
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

EEE4DFAB-A976-4191-8547-D14BCB2225B8.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката.
532AF055-E620-4DC0-AD14-78CEAE868282.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Од денеска е во функција и call центарот - 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви - материјали во Поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, кадешто веќе е распределен стручен кадар.


Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот Мој Термин, а после јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во call центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат - да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта.

***********
Ќе го оставам и следното видео тука, можеби ќе допре до „nastinka e brat galje mie hhhhh“.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани со воведување на полициски час.

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија се донесе одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот.

Мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата. Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање.

#ЗаштитиСе #СедиДома

728825D0-ADB5-4EA8-8D75-DB5522C21F53.png
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна - добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.

 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање.

Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“. Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите.


Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (88)
- Дебар (40)
- Куманово (8)
- Штип (7)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Гостивар (1)

Поради собирање на податоците до 12:00 часот, за деталниот извештај ќе информираме секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.


Автоматски споено мислење:

Како правилно да носиме маска и дали треба сите да носиме маска?

Маските не се потребни за луѓето кои немаат никакви симптоми.

Кому е потребна маска?
- Ако имате треска, покачена температура, кашлица или растечен нос.
- Ако се опоравувате од заболување.


Како се носи маската?
  1. Маската треба да ви ги покрие устата, носот и брадата и притоа обоената страна на маската да биде од надвор.
  2. Притиснете ја металната жичка на маската така што маската ќе „легне“ убаво на страните на носот и образите. За да проверите дали е добро наместена земете длабоко воздух и издишете низ уста, доколку е добро наместена не треба да почувствувате како излегува воздух накај очите.
  3. Маската отстранете ја фаќајќи ја САМО ЗА ЛАСТИЧИЊАТА.
  4. За да ве заштитува ефикасно треба да ја менувате редовно или доколку се извалка или е влажна.
  5. Измијте ги рацете со сапун и млака вода по фрлање на маската. Маската фрлете ја во затворена канта за ѓубре.
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.



Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!

Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.

  • Забрана за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.
  • Забрани за движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.
  • Ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.
  • Забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме.



 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.738
Поени од реакции
7.446
Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (123)
- Дебар (43) од кои 2 починати
- Куманово (15) од кои 1 починат
- Штип (8)
- Велес (3)
- Охрид (3)
- Кавадарци (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
- Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.
9E4EFFED-52B7-4C66-B064-C66319753D14.jpeg


❗Апел до сите граѓани:
Применувајте примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба.
Почитувајте ги стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување.
Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови домови. Лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.

❗Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РСМ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom