Каде да се обратам или ако може некој да го направи тоа место мене? Да се забрани Водно и Кејот од сега па дур не се среди ситуацијата, во текот на сите 24 часа од денот. Сериозна е работава, и не е можно и на шуто и рогато да им текне да билдаат имунитет, да водат здрав живот и слично. Океј, сами ако одат, нели ништо страшно, избегаваат контакт, не се поздравуваат не се бацуваат, и све ќе биде топ. Свеж воздух за билдање имунитет, супер.
Е сега, сите така индивидуално сакаат, ама веќе премногу души ја имаат таа индивидуална идеја.
Пример, одам сам на кеј - супер, еден човек, ништо страшно
Други 100 посебни луѓе -"одам сам на кеј да се раздвижам"
И веќе доаѓаме до бројка каде што 101 човек трчаат или тепаат време на кеј.
Да се 500 такви, ќе имаме 500 индивидуалци. Ако е така нема потреба од полициски час, индивидуално ќе пиеме кафе, индивидуално ќе пазариме у маркет, индивидуално ќе играме баскет, индивидуално ќе возиме коли, индивидуално ќе идеме на работа, индивидуално ќе седиме у маало, на секоја клупа по еден индивидуалец.
Сите од кеј, ќе се пребацат на Водно, и пак ништо не правиме. Треба сите да се свестат дека не се работи за индивидуалноста, туку за целото општество!!!! Ако не умреш ти, друг ради тебе ќе умре од корона, пошо си сакал да трчаш на кеј. Здрави луѓе и спортисти имале отпорност на корона, епа ете, у многу светски тимови има коронаши меѓу нив, пошо ете многу се здрави. Можам да замислам колку заразени има по светов у клубови кои не се ни малку медиумски познати.
НЕ ВЕ ОСЛОБОДИЈА ОД РАБОТА И ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДА ИДЕТЕ НА ВОДНО И КЕЈ. АКО Е ТАКА ШВАЈЦАРИЈА, ИТАЛИЈА И ГЕРМАНИЈА НЕМАШЕ ДА СТАВААТ РЕСТРИКЦИИ, ТУКУ ЌЕ ГИ МОТИВИРАА ЛУЃЕТО ДА ОДАТ НА АЛПИТЕ ДА БИЛДААТ ИМУНИТЕТ, БИДЕЈЌИ ЧИСТ ВОЗДУХ НА АЛПИТЕ ИМА БАРЕМ 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ВОДНО!