Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Автоматски споено мислење:

22 на терен + 15+ на клупа

Ако има и камермани и слично...

Башка еве веќе има заболени играчи, што ако префрли играчот на некого?
Што ако некој од постарите менаџари се разболи? Или нема врска една екипа со тренер, другата без?
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.860
Поени од реакции
7.086

Немам пристап до статијата, не знам како размислуват да го изведат ова, има муабети дека серие а и ла лига ќе ја поништат сезонава, не ме фаќајте за збор, како шо реков само муабети :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.462
Тек кога ке почнат да се собираат околу стадионите за време на утакмици. Се зависи како ке се справи Англија со вирусов. Многу оптимизам дека сезонава ке се доигра. Ке видиме.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Тек кога ке почнат да се собираат околу стадионите за време на утакмици. Се зависи како ке се справи Англија со вирусов. Многу оптимизам дека сезонава ке се доигра. Ке видиме.
Според бројките сега за сега добро се држат Англичаните, немаат надминато троцифрен број на заболени/дневно. Јас мислам Јуни сигурно ќе ја продолжат. Е сега проблем ќе биди новата сезона, наводно нема да се пролонгира. Кога ќе имаат одмор, preseason (околу месец дена)? Ова фактички ќе дојди како нова сезона, еве ви имавте одмор 2 месеци сега одиме турбо :)

Иначе периодот најмногу кризирам за спорт, имаш чувство како да умре спортот, па враќаш и гледаш нон стоп ретро снимки у пм
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Тоа што бројките и се мали само значи дека назад им е проблемот!
Ќе ни се изреди на сите овој вирусов, кому порано кому покасно! Мислам дека оптимизмот на енглезите не им е на место. Има црни прогнози дека и година-две ќе трае бранот, пу пу недајбоже.
Тешко дека ќе ја завршат оваа сезона, за другата здравје!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Автоматски споено мислење:

22 на терен + 15+ на клупа

Ако има и камермани и слично...

Башка еве веќе има заболени играчи, што ако префрли играчот на некого?
Што ако некој од постарите менаџари се разболи? Или нема врска една екипа со тренер, другата без?
Од 550+ ПЛ играчи, менаџери и први помошици, колку се заразени до сега?
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Од 550+ ПЛ играчи, менаџери и први помошици, колку се заразени до сега?
Уф, искрено немам појма.
15ина?
Автоматски споено мислење:

Знам на што целиш ама погрешно ти е размислувањето.

Од 20 екипи три-четири екипи имаат заболени.

Тие три четири нема да може да играат мечеви.
Тоа се 3-4 меча во едно коло.

Тоа е дополнително комплицирање на ситуацијата.

И нели, логично е тука да се каже кога сите ќе оздрават да се продолжи лигата.

Ама, вирус е.
Помошникот на Бурнемаут ќе дојде дома, ќе се гушне со жена му што несакајќи била во контакт со заразен, ќе се зарази тој без да знае, ќе отиде на тренинг утре, и оп..
Пак, се од нула.

Дур не се знае се 100% сигурно...

Еве и британциве воведоа карантин од вечерва, ќе видиме како ќе резултира ова, да се надеваме ќе биде добро
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Прво, тимовиве во моментов се надвор од колективен тренажен систем. Значи несериозно е и кога да продолжи сезоната, да нема барем 1 недела колективни тренинзни.
Второ, во моментов има, а и во иднина ќе има играчи кои ќе треба да бидат во самоизолација поради контакт со некој што го има вирусот, а тоа може да значи и потенцијален колективен карантин.
Трето, се додека кривата на прогресија на вирусот не почне да опаѓа нема логика да се размислува за продолжување на сезоната, а во моментов таа е со прогресивен раст така да...

Ако ФА има волја да го одложи почетокот на следната сезона и да дозволи фудбал до средина на Јули, тогаш според мене има некоја можност, но...

Како и да е, прекинов ја мрдна работата и во формата и во многу други фактори кои влијаат на епилогот на сезоната и според мене финиш како финиш може да биде и нереален ако се спореди со досегашните резултати. Дип Ливерпул има висока предност и нереално е да се размислува така, ама ете хипотетички по прекинов може да има пад на форма...ете кога би била помала разликата може некој од 2/3 кои играле топло-ладно досега, тек сега да упалат и да им поматат сметките.
Или еве ние во битката за топ 4, некое пореално сценарио...баш сега во овој период ја избилдавме формата и ја подобривме играта што ни даваше за надеж сериозна битка за топ 4 поготово со Челзи кој беше неконстантен. Сега може да се случи таа наша форма да е закопана, а Челзи да блесни. Или ете Тотенхем кои беа десеткувани без Кејн, Сон...да им се вратат во тој период и да ги прескокнат и Челзи и Јунајтед. Во битката за опстанок може да се случи иста ситуација.

За жал, самиот прекин ќе даде незаслужени победници и губитници и под кое било сценарио да се случи тоа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нема шанси да продужи сезоната, се лажат сите што веруваат во тоа, пред се самата ФА.

UK влегува во целосен локдаун, они ќе се спремале да ја продужат сезоната, тешка работа тоа.

За жал, кое и решение да се донесе на крај за детерминирање на позициите за ЛШ и за испаѓање нема да биде фер кон некој. За шампион мислам дека нема да има проблем, поголем дел од клубовите ќе се согласат Ливерпул да ја добие титулата на хартија дури и математички неосвоена.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
@ziak92 Мислам дека нема шанси да се одложи новата сезона, Европското треба да почни 11 Јуни, ако се пролонгира ќе треба да се игра најрано до Јуни... не е изводливо никако
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
@ziak92 Мислам дека нема шанси да се одложи новата сезона, Европското треба да почни 11 Јуни, ако се пролонгира ќе треба да се игра најрано до Јуни... не е изводливо никако
Не си во тек со ситуацијата, ЕП е одложено за 2021
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom