Хаос било на бугарска граница. Не знам за бројка, ама претежно студенти стигнале во десет вечерва, со најава во амбасада претходниот ден, со сите информации за тоа од каде доаѓаат, кога планираат да стигнат на граница...
На граница им рекле дека ќе мора да почекаат за да се снабди комбе, полициска придружба и да бидат прегледани пред да ги пратат во карантин во Демир Капија. Еден саат после тоа, значи кај 23:00 им викаат дека прегледот ќе биде јавување по телефон со некој епидемиолог и одговарање на прашања. Се праи скандал и дел од групава инсистира да бидат прегледани на лице место пред да ги товараат во комбе, оти може да се испозаразат уште пред да стигнат.
Ги затвараат во некое кафуле таму. Чекаат до 04:30, стасува епидемиолог и...им мери температура. Ги прашува како се осеќаат, дали имаат замор, проблеми со дишење... такви некои мутави прашања. Мутави оти кој не носел храна, не добил храна. Не добил информации. Затворени чекале 6 саати во кафуле, на граница, жедни/гладни. Нормално дека ќе бидат и малаксани и отепани. У пет саат(15мин пред да го пишам постов) конечно тргнуваат за Демир Капија.
Да повторам, за тоа дека две групи доаѓаат околу десет часот имало најава, знаеле. Имале цел ден ипол да донесат и комбе и доктор и тестови. Ако веќе постои тој сериозен чекор за праќање луѓе 14 дена во карантин, им било кажано на дечките дека ќе одат во карантин и нема бегање, они го прифатиле тоа без инциденти и јавувања по луѓе и институции, најмалку шо можело да се направи е да се прегледаат и товарат у комбе непосредно по пристигнување, ама такви сценарија веројатно има само на пресови без новинари.
Full disclosure, имам близок во таа група и они беа набркани од државите кај шо студираат оти им ги секнаа стипендиите, им наплатија станарина и им рекоа да се исчистат од таму. Без кревање фама се согласија на карантин овде и им се случи тоа шо се случува секогаш кога си принципиелен и нејќеш „да се двоиш“.
Мислам дека некоја, цитирам „инфлуенсерка од Прилеп“ се јавувала во Алфа, се фалела дека и ветиле репортажа, па може да има денес нешто за срањево.