Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи во аптекиве нема етанол/алкохол.....купив неколку дезодоранси и прскам све што сум дофатил со рака, како и гардеробата пред да влезам дома

бидејќи во дезодорансот најголем процент е алкохолот.....мислам дека е соодветна замена за него
Сериозен си?
 
По 30 кеси макарони,сапун,зејтин на секоја куќа и ке јадеме леб и шпагети месец дена ама ке се очисти вирусов под услов да не се протнат нови заболени преку граница
 
Треба да се престане со генерализацииве, народот е стока насекаде низ светот тоа се докажа и со пандемијава на начин на кој прогресира а има дебили кои што се уште велат дека не е сериозно и слободно си се движат низ град ко ништо да не :mad:
Па не е баш така.
Секаде има вакви или онакви поединци, ама процентот на нивната застапеност во општата популација сред некоја национална, религијска и т.н. група, е различен. Си има градација.
Генерализацијата служи да го долови тоа, таа не значи дека сите се исти.

На пример, каурите во Скопје имаат повисока општествена свест од Ромите, околу вирусов. Факт оф лајф, слики како оние од вчера, на пазарот во Шутка. нема на претежно каурски пазари. Тоа не значи дека сите Роми се исти.
 
ја па на интернет прочитав дека,104 имаат.
не дека треба а се угледаме на нив.
Ама и да не чекаме да дојде јајцето на гзот, па да биде касно.
Србите мислам дека доста покасно од нас почнаа со мерките, освен што ограничија движење пред нас, ама им работеа кафичите.
Една србинка што ја знам, пред недела дена имаше ставено слика од Франција на скијање, така да и таму кога ќе им се вратат тие и ќе помине инкубацијата ќе скокне бројот. Го слушаа докторот дека треба да шетаат.

Кај нас ако се видат бројките, можда 10-15% од случаевите се заради Србите кои биле кај нас, колкави се шансите да од тогаш можда 50 срби инфицирани , 2ца да дојдат кај нас?

Статистиката е погрешна и неспоредлива меѓу земји, освен можда за смртните случаи.
 
Сериозен си?
а што ќе правиш кога некој ти диши над палтото....или над тебе? а немаш никакви антибактериски препарати по аптеки

мислиш Кичево е центарот на фармацијата?

најмногу ги прскам кесите од маркетите...бидејќи незнам касиерката со нараквиците што и кого допрела пред мене
 
Џабе прскаш, треба да е 60 % алкохол за да дезинфицира
 
штом министерот пред малку на ТВ кажува дека има и посебни операциони сали за заразени со Ковид 19, јасно е дека тоа ќе потрае, т.е. ќе мора да си живееме со него, исто како што во некој држави од Африка и Азија си живеат со Маларија,Колера, Ебола и други тропски болести...
Друг, специфично наш проблем во здравството, е што сме мал пазар а со крути правила, па многу тешко е да се продава лек кој не е вообичаен, т.е. прво мора да се регистрира а тоа е скапо за увозникот... Србија на пример набрзина донесе некој кубански вакцини за рак на бели дробови, ете сега набрзина ке донесе и лекови за коронавирус од Кина или други места... Бугарија пак самат има широк диапазон на лекови, дури и лекови што само они ги имаат....
Кај нас пак може да снема и обични витамини, ете се потрошиле а не увезол увозникот... се сеќавам пред околу 9 години во Поградец купував обични неуробион витамини, кај нас во цела држава немаше никаде...
 
Ова е за тие неиживеаните што се собираат и прават забави, како и за оние малски ликови што дремат со 2л пиво на клупа.
Ако стават од 18 ќе има проблем со враќање од работа. Многу фирми работат сега со скратено работно време до 18часот. Плус на овие од администрација што се враќаат по другиве градови ќе им треба време.
Ма да ширење вака не се сопира. Преку ден сите на работа, контакт со милион луѓе, тука е главниот проблем. Ама не е само Македонија, скоро сите држави немаат забрана за движење преку ден.
Неможиш и нив да ги спречиш. Пример ќе одат во 8 и пол таму и ќе си одат сабајле после 6 или покасно.
Иначе озбилно некој се надеваше дека полицискиот час ќе трај повеќе од 10h? Очекувано беше ова дека ќе биди од 20-21 до 5-6 сабајле. И шо добиваме со ова? Ништо. Исто како шо реков и за вонредната состојба, ништо плус нема да е од претходната недела. Едина мерка сега е да ги заострат мерките до максимум за тие ретардираните стоки дојдените од страна шо треба да се во само изолација и се расшетават кај ќе стигнат, да се спречат да мрднат од дома. А за овие останатите шо се журкат, јбг, господ на помош, неможиш да му туриш со инка во главата на 20+ години.
 
а што ќе правиш кога некој ти диши над палтото....или над тебе? а немаш никакви антибактериски препарати по аптеки

мислиш Кичево е центарот на фармацијата?

најмногу ги прскам кесите од маркетите...бидејќи незнам касиерката со нараквиците што и кого допрела пред мене
Најдобра и најсигурна дезинфекција е да се соблечиш и да ја потуриш облеката со бензин
Автоматски споено мислење:

штом министерот пред малку на ТВ кажува дека има и посебни операциони сали за заразени со Ковид 19, јасно е дека тоа ќе потрае, т.е. ќе мора да си живееме со него, исто како што во некој држави од Африка и Азија си живеат со Маларија,Колера, Ебола и други тропски болести...
Друг, специфично наш проблем во здравството, е што сме мал пазар а со крути правила, па многу тешко е да се продава лек кој не е вообичаен, т.е. прво мора да се регистрира а тоа е скапо за увозникот... Србија на пример набрзина донесе некој кубански вакцини за рак на бели дробови, ете сега набрзина ке донесе и лекови за коронавирус од Кина или други места... Бугарија пак самат има широк диапазон на лекови, дури и лекови што само они ги имаат....
Кај нас пак може да снема и обични витамини, ете се потрошиле а не увезол увозникот... се сеќавам пред околу 9 години во Поградец купував обични неуробион витамини, кај нас во цела држава немаше никаде...
мене ми личи дека србија се согласи да биде полигон за тестирање биолошко оружје
 
Тегнел, Министерот за епидемиологија во Шведска, оној кој го “диктира” темпото и уште црврсто стои на тезата за колективен имунитет, веќе е идол кај многу. :)
Денес добил букети со цвеќе и преку 500 мејла со поддршка и благодарност од жители во Шведска, за сите мерки што ги превземаат и за бавното ширење на вирусот. :)

Се надевам на сите овие штом им е идол ќе одат самоиницијативно да се заразат, за да му ја поткрепат тезата. :)

Каролинска веќе е полна. 69 на интензивна. Ама на сите пресови кажуваат дека се е под контрола и веќе е сменета паролата на шведите во превод “без стрес” во “ не шири паника”.
И ние не сме биле Кина, Кореја, Русија, ние сме биле демократска држава и не може на никој да му забраниш движење! :tapp::icon_lol:

Ќе почекаме да ги видеме прогнозите на аналитичарите, дека Шведска ќе “збесне” после 25.03 ...
 
Леле луѓе читам на нет Италија воведува нови мерки, ограничено движење, се затвараат паркови :shook:
Па добро бе секојдневно им умираат по 500 луѓе, дури сега им текна да воведат вакви мерки ???? Јас мислев во целосен карантин се.
И после се чудиме зошто секојдневно бројките растат кај нив, значи убаво викаше тој Кинезот вчера на прес дека затекнал многу луѓе кои си шетаат слободно, си џогираат без маски, па дали се нормални бе.
Не очекувајте кај нив за брзо бројките да се намалат затоа што како шо реков и претходно, К од карантин не е она кај нив.
Јавниот превоз дури сега ќе го регулираат, замислете дневно им се заразуваат по 6000 луѓе тие допрва мерки ќе носат, ние испаѓаме Кина за нив бе
 
Џабе прскаш, треба да е 60 % алкохол за да дезинфицира
Кога ќе размислам, добра му е идејата. По тоа што го читав, дезодорансите обично содржат 85-95% етил алкохол, што е супер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom