Некогаш, кога ќе налетам на некој филм за кој се чудам како е можно до толку да не знам ништо за него, како прв пат да го среќавам насловот, а кој потоа ќе ме освои, воодушевувањето е мултиплицирано неколку пати. Така сега, со Warrior, филм од 2011, кој веројатно цело време сум го мешал со Wrestler на Аронофски, мислејќи дека е ист филм, па затоа испадна ко прв пат да дознавам дека постои. Филмот е од една страна спортска драма (какви што обично мразам), нормално, полна со клишеа, и од друга страна семејна драма за едно скршено семејство кое се обидува повторно да биде семејство, дел кој буквално ме освои. Емоциите победија тука над клишеата. Јас останав без зборови. Па уште и "oh, captain, my captain" моментот од филмов, кој секогаш ме освојува... Па, па, па... Филмов за мене е вистински masterpiece!