Се сомневам дека Фараж е неинформиран, затоа што тој е типичен бирократски стаорец во ЕУ паралментот. Мислам дека тој сакаше да ја избегни поголемата ЕУ интеграција која што е неминовна.
Мое мислење е дека Брегзитот започна во едно друго време на глобализација во подем и Британциве се чувствуваа заробени од правилата на ЕУ.
После се случи референдумот кој беше исклучива грешка на Камерон, кој сакаше да ги елиминира сите што му правеа проблем во партијата и плус УКИП кои растеа секоја година. Тој беше сигурен дека референдумот нема да помини затоа и го распиша. Русија тогаш активно работеше на минирање на западов и го поттурна малце референдумот со своите фарми на тролови, и резултатот ни е познат.
За жал на Фараж и на Џонсон, иако тие многу се радуваа, на ист начин дојде Трамп на власт.
И така Глобализацијата појде у курац
Сега Британциве изгубија sweet spot, практично беа офшор американска држава, нешто што го постави Черчил, а во исто време ја имаа најмоќната позиција во ЕУ, нешто што го постави Тачер. Буквално можеа што сакаат да прават.
И сега сето тоа се нулира, и треба да се почни одново, и плус тоа треба да го прави Џонсон, и притоа и брат му и сестра му го напуштија заради Брегзитот
Видиш
@Bafra моите надежи не се без основа.
Народот беше неинформиран, на него мислев. И тоа зачудувачки неинформиран за што одлучува на референдумот и колку се кредибилни позициите на двете страни меѓукои требаше да избира. Ден после референдумот, во УК најпребарувано било прашањето “Што е ЕУ?“. Смешна несериозност од гласачко тело, кое хистерично си го бара суверенитетот назад и се гордее со својата традиција на парламентарна демократија. Сега нека ги чекаат уште милијардите во NHS.
Фараж беше многу добро информиран за се, затоа одма аплицираше за германско државјанство. Ова беше и останува само игра за кловн како него, ни некоја далекусежна визија беше во прашање, ни некое патриотско чувство.
Иначи, јас сум убеден дека референдумот за Брегзит позадински го иницираше и го извади од нафталин лобито на финансиската индустрија од Сити, меѓутоа намерата им беше да го користат само како инструмент за заплашување на ЕУ, поконкретно на Еврозоната, а не вистински да ја извадат УК од ЕУ. Скептицизмот во Британија кон членството во ЕУ било присутно уште од 1973 година, кога станале членка на ЕУ. Секогаш имало прилично силни политички струии, кои иднината ја гледале во потесни врски со Комонвелтот, а не со континентална Европа. Што поради imperial residue во нивната политичка култура после распадот на нивната империја, што ради стравот од моќта на унифицирана Германија после Мастрихт, што ради противењето на подлабоката интеграција во ЕУ.
Причината беше што земјите од Еврозоната почнаа да ги реализираат плановите за банкарска унија и почнаа да градат институции за поголем надзор на ЕЦБ врз работата на финансиските институции, кои оперираат на европскиот пазар и експресно изгласаа регулатива за два од трите столба кои беа првично предвидени. Тоа ја остави британската финансиска индустрија без глас и без влијание во обликувањето на регулатива која ќе има огромен ефект врз нивното работење на нивниот најголем пазар, европскиот. Па затоа го испратија Камерон да се заканува со референдум по состаноци со останатите лидери на ЕУ, без вистински да сакаат истиот да се одржи. Камерон, откако блефот во Европа не му поминаа, распиша референдум ради негови внатрешно-политички борби, убеден дека ќе го добие. Гневниот, реакционерен дел од гласачко тело, кое полека се зголемуваше 30 години наназад, ја дочека својата шанса да го истури негде својот бес, и тогаш веќе стигнаа во добро познатата shit hits the fan ситуација.
Не е случајно што Лондон гласаше 70% за останување во ЕУ, не е случајно што целата финансисика и експертска елита ја помина целата кампања во проповедања на дум енд глум сценарија, затоа што знаеја што е влогот во целата игра. Или можеби немаа експерти како
@Bafra на располагање да им ја објаснат фантастичната иднина што ги чека, сеедно.
Интересното е што, на крај, тачеризмот кој беше катализатор на огромниот раст на финансиската индустрија во УК и што ја создаде таа елита која ја почна играта околку референдумот, истовремено ја создаде и групата на “заборавените“ од нејзината нео-либерална политика, која таа игра ја заврши. Има некоја космичка иронија во целата таа работа.
Инаку, според мене, не правеше разлика ако глобализацијата продолжеше под полна пареа, наместо светот да се сврти кон протекционизам, како сега, бидејќи секако би имале многу малку да добијат од излегување од ЕУ. Подобра позиција во глобалната економија, од онаа која ја имаа од 1973 па наваму, не ни можеа да обезбедат, што се гледа и по перформансот на нивната економија за овој период. Тежиштето на меѓународната трговија и глобалната економија, секако полека се поместува од Атлантикот кон Пацификот, а врз тоа УК не може да влијае, ниту пак може особено да ќари од тоа.
Имаш бројки да покажеш дека во ЕУ им било поубаво или приказни и бајки ....
Ај ќе ви покаже времето кој тропал глупости, ем економски неинформирани, ем кукурикаат.
УК ќе биле
послаба преговарачка страна
Исто како што ќе и платеше на ЕУ 50 милијарди
УК е во ЕУ од 1973 година, и формално уште го почитува нивното законодавство и уште е дел од внатрешниот пазар. Како може некој во овој момент да ти даде бројки, за тоа дали им е подобро внатре или надвор? Тоа ќе го видиме по крајот на годината, со каков договор ќе излезат и дали воопшто ќе излезат со договор. Можеме да збориме за ефектот кој референдумот го имаше досега, а тоа е загубен раст на БДП, кој сега ги става во рангот на растот на Германија и Франција, за разлика од претходно кога беа скоро цел процентен поен понапред, пад на фунтата, планирана дислокација на голем број на компании во континетнтална Европа и сл. За проекциите во иднина со хард и софт брегзит, има еден куп на статии и литература онлајн, треба само да прогугплаш малку.
Ако прашањето ти е што добила Британија од членството во ЕУ и дали ќе и било подобро надвор, еве неколку бројки за тебе. Пред да влезе УК во ЕУ, нејзиниот БДП пер капита во просек растел скоро двојно помалку од останатите членки на тогашната ЕЗ, од нејзиното влегување има најголем просечен раст на БДП пер капита од сите стари членки на ЕУ. Сметано од 1973 година, УК го има за повеќе од двојно зголемено БДП пер капита, што ги прави апсолутни рекордери меѓу земјите во Западниот свет, подобри и од САД. Доколку УК никогаш не влегла во ЕУ, проценките се дека ќе имале од 10-25 % помал реален доход пер капита, отколку што имаат сега.
Ова беа многу актуелни теми после референдумот и има многу онлајн ресурси за ова, треба само да побараш.
Годината кога Британија влезе во ЕУ, следуваше по 50-ите и 60-ите години кога ги изгубија и последните колонии низ светот, нивната индустрија го загуби монополскиот пристап кон определени пазари и беа заглавени со стагнирачко и неконкурентно индустриско производство, многу национализирани индустрии, гломазна welfare state, агресивни синдикати и намалена продуктивност. Тоа беше причината зошто влегоа во ЕУ, не ради некакви идеали. И внатрешниот пазар на ЕУ и привилигираниот статус кој го имаа во неа, ја трансформираше УК во тоа што е денес. Да не го имаа внатрешниот пазар на ЕУ на располагање, тешко дека Тачер ќе ги спроведеше своите реформи и тешко дека финансиската индустрија ќе им беше таму каде што е денес, на нејзе да отпаѓа околку 15% од нивниот БДП и да го движи растот на целата британска економија со децении наназад.
Нивниот успех се должи на тоа што, со децении, беа мост меѓу двата најголеми потрошувачки пазари во светот, САД и внатрешниот пазар на ЕУ. Затоа се тресат сега на најавите за големи реформи во регулативата на пазарот на финансиски услуги во ЕУ, што ќе ги направи ефективно неконкурентни.
И да, УК ќе биде послабата преговарачка страна, во скоро сите преговори. Во моментов имаат околу 7.5 пати помала економија од САД, околу 5 пати помала економија од ЕУ како блок и 4.5 пати помала економија од Кина. Во иднина и држави како Индија, Индонезија, Мексико и Бразил ќе ги прешишаат. Кој мислиш дека ќе има поголема тежина во преговорите, според твоја слободна проценка? Кој ќе има поголем простор за маневар и кој ќе може да поставува повеќе услови? Трите најголеми потрошувачки пазари на светот, или држава со пазар од 70 милиони?
Повеќе од 45% од надворешната трговија на УК е со ЕУ, а повеќе од 55% со земји од Европа, кои се овака или онака поврзани со ЕУ. Илузијата дека овој пазар ќе го заменат со држави од Комонвелтот, на кои моментално отпаѓа 5-7% од вкупната трговија на УК, или држави како Јапонија (околу 2%), е смешна за секој кој знае барем базични работи од макроекономија.
Ти уствари и немаш многу поима од работиве кои се тема на муабет, нели? Си имаш врзано неколку работи во крпче, имаш став оформен од неколку либертаријански блогови и едноставно ти се пишуваат мислења на форум.