Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Ова вошкиве од југ, Грциве ја вмешаа својата историја во Брегзитов, стасаа да ја уценуваат Британија :pos:

Член од
23 мај 2019
Мислења
3.692
Поени од реакции
4.358
Samo uste balkancite ostanaa fa ja smetaat rusija za faktor vo svetska geopolitika i se molat na nea.
Зошто мислев дека ги разбираш работите и си сериозна!?
.........

НАТО и по распаѓањето на СССР продолжи да прави обрач околу РФ и да се обидува да ја изолира.
Да изолираш толкава земја како РФ или си идиот или си мазохист.
Последното во што РФ успеа против демократите-атлантисти е да ги исфрли САД-истите од Блискиот Исток, и тоа само со 10-тина авиони за кои се говореше дека биле обични канти, замислете да имаа современи авиони :pos:
Ривалството помеѓу УК и РФ датира уште од времето кога Русија беше империја, дури и војуваа меѓусебно, Черчил за кој говорат дека бил нобеловец никој не сака да спомне дека е одговорен за геноцид (масакар на повеќе од 1,5 милиони луѓе), русофобијата во главно се креира во институтите на Британија и потоа преку разни канали (научна соработка и ии ) се пласира
итн итн

Туку зошто е темата отворена и понатаму, а прашањето со референдумот е веќе и формално затворено, Британија излезе од ЕУроска, не е ли време да се отвори друга тема со проблематика што понатаму.
Во Германија само САД и УК имаат свои воени бази, а во британските бази на германско тло дури и им е забранет пристап на Германците, единствен персонал се Британци, кој кого тука а?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.273
Поени од реакции
27.720
Зошто мислев дека ги разбираш работите и си сериозна!?
Gi razbiram dobro zatoa sto gledam koja e momentalnata situacija a ne onaa pred 100 godini.

Osven gasot, Rusija nema so sto drugo da pregovara.

Rusija e samo babaroga od edno zastareno vreme.

Kina e daleku pobitna vo denesnicata.
Автоматски споено мислење:

Ова вошкиве од југ, Грциве ја вмешаа својата историја во Брегзитов, стасаа да ја уценуваат Британија :pos:

Kolku se patetichni. Lol
Tolku se nesigurni vo svojata istorija sho zapnale za bistive.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.322
Поени од реакции
22.612
Се повлекува од Европа и воедно намалува број на вработени насекаде, но посебно во Лондон. Ќе се концентрирале на најмногу на Азискиот пазар и некој други пазари.

Не ми си јасен... Значи Хонг Конг Шанхај Банкинг Корпорејшн (HSBC) која постои 140 години, основана во Кина, со седиште во Лондон одбира да ја одјебе ЕУ и да остане на островот. Воедно се ослободува од непродуктивниот ЕУ пазар и вработените во тие пазари (и нивната подршка од Лондон) а се концентрира на продуктивниот азиски пазар... Збориме за 5тата најголема банка во светот, најголема надвор од Кина и најголем соработник на глобално ниво на првите 4 (сите кинески) светски банки.

Незнам колку се разбираш од банкарство и економија али ова е голем удар за ЕУ која сега останува само на Ситибанк кој најверојатно исто ќе направи, кокетираат со канцеларии во Лондон и Даблин али ако дојде да треба да направат избор јас би рекол 80/20 се шансите дека ќе го изберат Лондон (Даблин има мали шанси ради даночната политика и тоа што неколку американски гиганти се таму регистрирани али тоа лесно се решава)...

ЕУ останува со 2 француски банки во топ 10 листата од кој една е банка што углавно работи со земјоделци во франција а другата е гигантот BNP Paribas.

Тука се и регионално јаките Banco Santander (шпанско говорно подрачје), Societe Generale (француско говорно подрачје) i Deutsche Bank (уништена репутација), и холандските ING и Rabo Bank... Овие сите заедно немаат 20% од глобалниот капацитет на Citi или HSBC.

Пред брегзит беше тепачка дали Париз, Амстердам, Франкфурт или некој друг ќе биде новото сити... На крај ќе испадне егзит на гигантите од еу и ако еу банките сакаат соработка со кинеските ќе мора да тркнат до Лондон.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Па врз основа на што се утепавте од пишување песнопојки, дека УК имала поголема корист од членството во ЕУ него ли обратно. Ете јас споделив бројки, од кои се гледа дека УК повеќе плаќала него ли што добивала.
Што ве спречува и вие да споделите, за и ние да научиме општи макроекономски факти ....
Еве јас овој податок го најдов и од него се гледа повеќе плаќала, него ли што добивала:
Accounting for these receipts results in the UK making an average net contribution of £7.9 billion between 2013 and 2017.
Тоа нели е факт дека тоа што го верглате наназад се приказни и бајки...
Таа бројка е нето придонесот на УК во буџетот на ЕУ бе гениј, не е бројка која го кванитифицира нето бенефитот/трошокот за британската економија од нивното членство во ЕУ. Поголемите членки на ЕУ се нето придонесувачи кон буџетот на ЕУ, ради големината на нивната економија, бидејќи секоја земја е должна да плати 1% од своето БДП во ЕУ буџетот. И Германија и Франција и Холандија се нето придонесувач во ЕУ буџетот, не е само УК. Btw, таа просечна сума од 7.9 милијарди евра придонес во буџетот на ЕУ е околку 1% од вкупниот буџет на УК. Стварно, страшно голема сума и страшно голем товар за британските јавни финансии. Повеќе пари одат за набавка на тоалет хартија.
Плус, УК би требало да плаќа поголема сум, близу онаа која ја плаќа Германија, доколку би имала еднакви обврски како и други ЕУ членки (нели, зошто ништо сами не одлучувале и биле колонија на европската бирократија), ама Тачер при преговорите за членство во ЕУ успеала да изгура “попуст“, т.н. rebate во просечен износ од околу 4 милијарди годишно, кои другите земји-членки и го плаќаат на УК. Нормално, нема да слушнеш ни збор за ваквите привилегии од плачковците кои агитираа за leave опцијата.
Прегледај го приврзокот 234372

Сподели де бројки, не свои да си толкуваш.
И што треба графава за годишен раст на БДП од 1949 да ми покаже? Ни сам не знаеш нели? :LOL:
Просечниот годишен раст на БДП во периодот од 1949-1972/3 е поголем од периодот кој следувал, како резултат на поствоената “економска златна доба“. Истото било случај и во континетална Западна Европа и САД, не само во УК. Дури и СССР растел со ненормални стапки. Причината е обновата на европските економии пост-WWII, со помош на Маршаловиот план. Заради претрпената огромна штета во текот на војната, економиите на земјите во Западна Европа, пост-воениот период го почнале со многу мала економска база и затоа растеле со огромни стапки на раст, дури да го стигнат нивото на развој, продуктивноста и БДП-то пер капита на развиените земји, чии економии не биле толку изложени на штетата предизвикана од војната, (на пр. САД). Нормално, стапките на раст потоа постепено се намалуваат, меѓудругото и поради други фактори, како нафтената криза од 1973.
Да разбираше малку од малку ќе знаеше дека ова ти е self-defeating аргумент, бидејќи во истиот период, 1949-1973 година, економиите на ЕУ6 - земјите основачи на ЕЕЗ во просек имале двојно поголеми стапки на раст на БДП од онаа на УК во истиот период. Значи економијата на ЕУ растела многу побрзо од она на УК-вон ЕУ.
За после 1973, ти дадов бројки и претходно, али за еминентен scholar ко тебе еве и неколку линкови:
https://voxeu.org/article/how-rich-nations-benefit-eu-membership
https://journals.sagepub.com/doi/pdf/10.1177/002795011623600101
https://www.cer.eu/sites/default/files/smc2016_26april2016.pdf
https://www.bankofengland.co.uk/-/media/boe/files/report/2015/eu-membership-and-the-boe
https://assets.publishing.service.gov.uk/government/uploads/system/uploads/attachment_data/file/517415/treasury_analysis_economic_impact_of_eu_membership_web.pdf
Последните линкови ти се анализи од нивниот Трезор и Централна банка. Нормално, никој од нив не располага со “експертиза’ како ликот од кај ја имаш извадено таа графата и кој ми го постираше по приватни пораки, односно:
Martin Arthur Armstrong (born November 1, 1949) is an American self-taught economic forecaster who uses his own computer model based on pi. He spent 11 years in jail for cheating investors out of $700 million and hiding $15 million in assets from regulators. :pos:
А сега кој ќе биде мостот, Ирска, Шкотска, Гибралтар ....
Абе многу се стресоа од регулативите во ЕУ, баш и навиваат што повеќе регулативи да има во ЕУ, капиталот баш тоа го бара. Веќе неколку години истата мантра ја верглате дека ќе ја изгубела и предноста (од ЕУ) како финансиски центар, ама никако да се случи тоа.
Франкфурт, Луксембург и Париз со децении се обидуваат да земат дел од колачот на Сити оф Лондон. Нормално дека ќе ја искористат оваа прилика за да пробаат да приграбат поголем удел во европскиот пазар на финансиски услуги, преку поставување на дополнителни услови во текот на преговарачкиот процес за договор со УК, тоа секој полуписмен човек го разбира. Извозот на финансиски услуги е околу 20% од вкупниот извоз на УК и околу 6-7% од нивното БДП. Најголем пазар за финансиски услуги за финансиската индустрија на УК е ЕУ, пост-2008 година апсолутно го доминираат тој пазар и растот на овој сектор на британската економија е резултат на поголем пазарен удел на нивната индустрија на европскиот пазар. Нивните операции на овој пазар, зависат од т.н. “passporting righs“, кои на секоја земја-членка на ЕУ или на ЕЕА им дозволува слободен пристап на целиот европски внатрешен пазар на услуги, врз основа на ЕУ законодавство, без можност националните регулатори да го ограничуваат влезот на пазарот на конкретна земја-членка. Кога УК ќе биде надвор од ЕУ, финансиската индустрија на УК го губи правото на пристап до европскиот внатрешен пазар на услуги и истата ќе треба да го исполнува условот на “еквивалентност“, односно треба нивната регулатива на финансиските пазари да е скоро идентична на регулативата на ЕУ, за компаниите од УК да добијат дозвола за влез на внатрешниот пазар на ЕУ. Оценката дали некоја нон-ЕУ земја го исполнува овој услов, е дискреција на самата ЕУ и се испитува на неколку години. Толку од надежта дека УК ќе избега од red tape-от и бирократијата на ЕУ. ЕУ несомнено ќе носи регулатива која е во интерес на останатите земји-членки и со која другите финансиски центри ќе пробуваат стратешки да ја зајакнат својата позиција на штета на Сити.
Половина од компаниите кои работат во Сити се во странска сопственост. Најголем волумен на услуги, убедливо, имаат големите глобални инвестициски банки, осигурителни компании и клириншки куќи. Секоја од нив, без секунда размислување, ќе го одбере 5 пати поголемиот европски пазар од ЕУ пазарот. Предвидувањава дека најголемите финансиски институции ќе се повлечат од европскиот пазар, за сметка на пазарот на УК, во случај на no deal, ви се од гз извадени. Има изјави од висок менаџмент на JP Morgan, Goldman Sachs. Morgan Stanley, Citigroup, Barclays и останати дека веќе имаат планови да ги преместат операциите на европско тло, скоро сите веќе имаат основано подружници по Франкфурт или Париз. Само чекаат да видат на каков начин УК ќе излезе од ЕУ, дали со договор, со каков договор и дали ќе имаат непречен пристап до целиот внатрешен пазар. Голдман Сакс дури и донираше за remain кампањата. Нормално, тоа нема да се случува преку ноќ, меѓутоа со тек на време бизнис логиката ќе ги натера овие големи институции полека да префрлаат дел од операциите на европско тло. Ова е во случај УК да нема никаков пристап до внатрешниот пазар и да тргува по WTO стапки.
A survey released by Ernst & Young (EY) in June revealed more than a third of 222 large banks, insurers, asset managers and other other financial services firms based in the UK were considering or had confirmed plans to move operations and staff to the EU post-Brexit, with over 50 having already confirmed their European city of choice. If this has a severe impact on UK jobs in the sector then the effect would be more widespread because, despite London accounting for half of the UK’s industry, over two-thirds of all those employed in the sector are based outside the city.
https://www.ft.com/content/e90885d8-d3db-11e5-829b-8564e7528e54
Опциите сега им се сведуваат, да станат EEA земја и да го почитуваат европското законодавство без да имаат никаков глас во неговото донесување, да станат EFTA земја како Швајцарија, или некој сличен статус со склучување на посебен договор, каде ќе мора да го исполнуваат условот на еквиваленција, или да тргуваат по WTO стапки. Сити полоши опции од овие што ги имаа до сега. Може некој имал идеја УК да биде Швајцарија на светот, ама не сум сигурен дека на тие што гласаа за брегзит ќе им се допаѓа исходот од таа идеја.
Како тоа ги изгубија колониите.... чие влијание е во тие "поранешни" колонии, чии фирми се алфа и омега во тие "поранешни" колонии, кој го собира и каде иде капиталот од продуктивноста на тие "поранешни" колонии... Стварно тоа лордовите од што ли млатат милијарди, или па од што ги плаќаат вработените во нивните интернационални корпорации кои се формирани уште пред 100г и имаат и по 400.000 вработени :toe:.
Сигурно и Австралија е независна, без влијание на кралицата (y)

Индија ајајаја- полна со ресурси, наталитет +, ама капиталот се прашувам во чии ли раце е. А да не збориме каква им е сегашната економија
Мексико :pos:
Бразил- што се случи со БРИКС ... нели доларот ќе го сјебеа... ај ќе почекаме до 2032.
Поголема преговарачка позиција се знае кој има: Тој кај кого се парите. Појасно здравје.
Ти сеуште упорно навијачки гледаш, па да те прашам: Германија на кого ќе продава автомобили, Франција каде ќе продава вина и автомобили, зар самите ќе си пукаат во нога и ќе дозволат да ја изгубат УК како нивни најголем (еу) пазар.
Така, ги изгубија колониите. Може не си апдејтиран од 1950, ама Британската империја веќе не постои. И да, Австралија е независна. Знаеш ли ти воопшто што е Комонвелтот и каква улога има кралицата во британскиот политички систем?
УК ли ги контролира и е највлијателна во Индија, Пакистан, Канада, Јужна Африка, ХК...? Индија е најголем клиент на руската одбранбена индустрија со децении, има два пати поглема индустрија од УК која зависи од инвестиции на меѓународни индустриски конгломерати, има технолошки сектор близу интегриран со оној на САД. Пакистан веќе неколку години гради инфраструктура и економски појас со кинески пари, кои би требало во иднина да достигнат 400 милијарди долари. Канада е привезок на САД (btw веќе има договор за слободна трговија со ЕУ), Хонк Конг и Сингапур се едни од најголемите конкуренти на Сити за светски финансиски центар со години наназад. Али, најверојатно не гледаме кога идат да баци рака кај кралицата и лордовите секој месец, тие канали на информации се ексклузивно достапни на неразбрани генијалци како тебе и оној Армстронг од погоре.
Алфа и омега на тие пазари се огромни меѓународни корпорации, менаџирани од добро платени професионалци кои ги боли пенисот за надворешно-политичката иднина на УК. Нивните одлуки зависат од нивниите акционери, од инвеститорите и од светските пазари на капитал, не од британската политика. За ова и мало дете треба да биде свесно. Да, има многу британски професионалци со експертиза во оваа индустрија, на светско ниво, и секој од нив работи за пари. Тие ќе работат во интерес на тие големи корпорации, не во интерес на лордовите, кралицата и илуминатите. Исто како што има кинески и руски професионалци кои работат во фирми во Силиконска долина и американски професионалци кои работат во кинески фирми.
Прогуглај ги проекциите за следните 10 години, за големината на економијата на Индија, Индонезија или Мексико и види го нивниот сооднос со економијата на УК, пред да се смееш. Не е толку тешко да си базично информиран за работите кои се тема на муабет.
Подобра преговарачка позиција има поголемата економија, односно економијата која е поголем пазар. Тоа е случај 70 години наназад, не е нешто ново. Затоа Трамп може да води трговски војни наоколу, да се заканува со царини и да го менува договорот за НАФТА кога ќе му прдне. Прочитај малку за можните барања на американските и кинеските преговарачи, за договор за слободна трговија со УК. Американците ќе бараат непречен влез на нивните земјоделски и прехранбени производи и тргање на европските стандарди на квалитет, како и либерализација на фармацевската индустрија и здравствениот систем. Ќе искочат за џабе парите што ги вратија во NHS.
Надворешната трговија на УК во моментов се остварува благодарение на договорите за трговија и трговската политика на цела ЕУ. Откако целосно ќе бидат надвор од ЕУ, покрај договор со ЕУ, САД и Кина, ќе треба веднаш да заменат и околу 60 договори за слободна трговија, кои ЕУ ги има склучено со нон-ЕУ земји.
Трговијата на УК со ЕУ е околу 45% од нивната вкупна надворешна трговија. Трговијата на земјите членки на ЕУ, како Германија, Франција, Италија и сл, е околу 6-7% од нивната вкупна надворешна трговија. Соодносот и изложеноста се со различна магнитуда, затоа и преговарачките позиции ќе бидат многу различни. УК не е најголемиот пазар за германските автомобили и француското вино. :pos:
Далеку поголеми пазари се внатрешниот на ЕУ, Кина и САД. Од друга страна прашање е што ќе се случи со британската автомобилска индустрија и воедно целата нивна преработувачка индустрија, ако УК е надвор од внатрешниот пазар и тргува по WTO стапки, со оглед на тоа што е исклучително интегрирана во европските supply-chain-ови. За најголемиот дел од стоките кои УК ги извезува на ЕУ, ЕУ има многу високи царински стапки кон нон-ЕУ држави (се прашувам во чиј интерес било тоа).
Во право си, немам многу поима, малку имам, ама изгледа повеќе од вас. Прочитај претходно што имам јас пишувано , а што вие, исто прочитај ги вашите прогнози и моите, па ќе видиме која знаел, ако мислел дека знае :P
Чудна работа како "либертаријански блогови " точно погодуваат, за разлика од вашите академски.
ЕУ блокот - во ова што ги имаш напишано, доколку го разложиш, ќе сфатиш дека се друго што си напишал не држи вода.
Ама без грижи, тука сум, сол да ви тријам.:cool:
Знам дека немаш многу поима, се гледа тоа од друг сончев систем. Луѓето кои влечат информации и фанатично проповедаат теории што ги читаат на либертаријански блогови, се најчесто луѓето кои немаат поима од економска теорија и фундаменти. Веројатно, причината е што таму економскиот систем е објаснет како лесна за џвакање приказна, која им даваат впечаток дека го хакнале глобалниот економски систем и имаат некакво инсајдерско познавање од истиот. Претежно станува збор за вакви “улична школа“, “имав три трафики на времето, сега разбирам како функционира глобалниот бизнис“ типови.
Јас не сум експерт, кажувам прилично општопознати работи, само барам да поминуваш некој праг на базично познавање на работите, кога веќе инсистираш да се правиш паметен за нив по разни теми на форум.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.884
Поени од реакции
7.264
Таа бројка е нето придонесот на УК во буџетот на ЕУ бе гениј, не е бројка која го кванитифицира нето бенефитот/трошокот за британската економија од нивното членство во ЕУ. Поголемите членки на ЕУ се нето придонесувачи кон буџетот на ЕУ, ради големината на нивната економија, бидејќи секоја земја е должна да плати 1% од своето БДП во ЕУ буџетот. И Германија и Франција и Холандија се нето придонесувач во ЕУ буџетот, не е само УК. Btw, таа просечна сума од 7.9 милијарди евра придонес во буџетот на ЕУ е околку 1% од вкупниот буџет на УК. Стварно, страшно голема сума и страшно голем товар за британските јавни финансии. Повеќе пари одат за набавка на тоалет хартија.
Плус, УК би требало да плаќа поголема сум, близу онаа која ја плаќа Германија, доколку би имала еднакви обврски како и други ЕУ членки (нели, зошто ништо сами не одлучувале и биле колонија на европската бирократија), ама Тачер при преговорите за членство во ЕУ успеала да изгура “попуст“, т.н. rebate во просечен износ од околу 4 милијарди годишно, кои другите земји-членки и го плаќаат на УК. Нормално, нема да слушнеш ни збор за ваквите привилегии од плачковците кои агитираа за leave опцијата.

И што треба графава за годишен раст на БДП од 1949 да ми покаже? Ни сам не знаеш нели? :LOL:
Просечниот годишен раст на БДП во периодот од 1949-1972/3 е поголем од периодот кој следувал, како резултат на поствоената “економска златна доба“. Истото било случај и во континетална Западна Европа и САД, не само во УК. Дури и СССР растел со ненормални стапки. Причината е обновата на европските економии пост-WWII, со помош на Маршаловиот план. Заради претрпената огромна штета во текот на војната, економиите на земјите во Западна Европа, пост-воениот период го почнале со многу мала економска база и затоа растеле со огромни стапки на раст, дури да го стигнат нивото на развој, продуктивноста и БДП-то пер капита на развиените земји, чии економии не биле толку изложени на штетата предизвикана од војната, (на пр. САД). Нормално, стапките на раст потоа постепено се намалуваат, меѓудругото и поради други фактори, како нафтената криза од 1973.
Да разбираше малку од малку ќе знаеше дека ова ти е self-defeating аргумент, бидејќи во истиот период, 1949-1973 година, економиите на ЕУ6 - земјите основачи на ЕЕЗ во просек имале двојно поголеми стапки на раст на БДП од онаа на УК во истиот период. Значи економијата на ЕУ растела многу побрзо од она на УК-вон ЕУ.
За после 1973, ти дадов бројки и претходно, али за еминентен scholar ко тебе еве и неколку линкови:
https://voxeu.org/article/how-rich-nations-benefit-eu-membership
https://journals.sagepub.com/doi/pdf/10.1177/002795011623600101
https://www.cer.eu/sites/default/files/smc2016_26april2016.pdf
https://www.bankofengland.co.uk/-/media/boe/files/report/2015/eu-membership-and-the-boe
https://assets.publishing.service.gov.uk/government/uploads/system/uploads/attachment_data/file/517415/treasury_analysis_economic_impact_of_eu_membership_web.pdf
Последните линкови ти се анализи од нивниот Трезор и Централна банка. Нормално, никој од нив не располага со “експертиза’ како ликот од кај ја имаш извадено таа графата и кој ми го постираше по приватни пораки, односно:
Martin Arthur Armstrong (born November 1, 1949) is an American self-taught economic forecaster who uses his own computer model based on pi. He spent 11 years in jail for cheating investors out of $700 million and hiding $15 million in assets from regulators. :pos:

Франкфурт, Луксембург и Париз со децении се обидуваат да земат дел од колачот на Сити оф Лондон. Нормално дека ќе ја искористат оваа прилика за да пробаат да приграбат поголем удел во европскиот пазар на финансиски услуги, преку поставување на дополнителни услови во текот на преговарачкиот процес за договор со УК, тоа секој полуписмен човек го разбира. Извозот на финансиски услуги е околу 20% од вкупниот извоз на УК и околу 6-7% од нивното БДП. Најголем пазар за финансиски услуги за финансиската индустрија на УК е ЕУ, пост-2008 година апсолутно го доминираат тој пазар и растот на овој сектор на британската економија е резултат на поголем пазарен удел на нивната индустрија на европскиот пазар. Нивните операции на овој пазар, зависат од т.н. “passporting righs“, кои на секоја земја-членка на ЕУ или на ЕЕА им дозволува слободен пристап на целиот европски внатрешен пазар на услуги, врз основа на ЕУ законодавство, без можност националните регулатори да го ограничуваат влезот на пазарот на конкретна земја-членка. Кога УК ќе биде надвор од ЕУ, финансиската индустрија на УК го губи правото на пристап до европскиот внатрешен пазар на услуги и истата ќе треба да го исполнува условот на “еквивалентност“, односно треба нивната регулатива на финансиските пазари да е скоро идентична на регулативата на ЕУ, за компаниите од УК да добијат дозвола за влез на внатрешниот пазар на ЕУ. Оценката дали некоја нон-ЕУ земја го исполнува овој услов, е дискреција на самата ЕУ и се испитува на неколку години. Толку од надежта дека УК ќе избега од red tape-от и бирократијата на ЕУ. ЕУ несомнено ќе носи регулатива која е во интерес на останатите земји-членки и со која другите финансиски центри ќе пробуваат стратешки да ја зајакнат својата позиција на штета на Сити.
Половина од компаниите кои работат во Сити се во странска сопственост. Најголем волумен на услуги, убедливо, имаат големите глобални инвестициски банки, осигурителни компании и клириншки куќи. Секоја од нив, без секунда размислување, ќе го одбере 5 пати поголемиот европски пазар од ЕУ пазарот. Предвидувањава дека најголемите финансиски институции ќе се повлечат од европскиот пазар, за сметка на пазарот на УК, во случај на no deal, ви се од гз извадени. Има изјави од висок менаџмент на JP Morgan, Goldman Sachs. Morgan Stanley, Citigroup, Barclays и останати дека веќе имаат планови да ги преместат операциите на европско тло, скоро сите веќе имаат основано подружници по Франкфурт или Париз. Само чекаат да видат на каков начин УК ќе излезе од ЕУ, дали со договор, со каков договор и дали ќе имаат непречен пристап до целиот внатрешен пазар. Голдман Сакс дури и донираше за remain кампањата. Нормално, тоа нема да се случува преку ноќ, меѓутоа со тек на време бизнис логиката ќе ги натера овие големи институции полека да префрлаат дел од операциите на европско тло. Ова е во случај УК да нема никаков пристап до внатрешниот пазар и да тргува по WTO стапки.

https://www.ft.com/content/e90885d8-d3db-11e5-829b-8564e7528e54
Опциите сега им се сведуваат, да станат EEA земја и да го почитуваат европското законодавство без да имаат никаков глас во неговото донесување, да станат EFTA земја како Швајцарија, или некој сличен статус со склучување на посебен договор, каде ќе мора да го исполнуваат условот на еквиваленција, или да тргуваат по WTO стапки. Сити полоши опции од овие што ги имаа до сега. Може некој имал идеја УК да биде Швајцарија на светот, ама не сум сигурен дека на тие што гласаа за брегзит ќе им се допаѓа исходот од таа идеја.

Така, ги изгубија колониите. Може не си апдејтиран од 1950, ама Британската империја веќе не постои. И да, Австралија е независна. Знаеш ли ти воопшто што е Комонвелтот и каква улога има кралицата во британскиот политички систем?
УК ли ги контролира и е највлијателна во Индија, Пакистан, Канада, Јужна Африка, ХК...? Индија е најголем клиент на руската одбранбена индустрија со децении, има два пати поглема индустрија од УК која зависи од инвестиции на меѓународни индустриски конгломерати, има технолошки сектор близу интегриран со оној на САД. Пакистан веќе неколку години гради инфраструктура и економски појас со кинески пари, кои би требало во иднина да достигнат 400 милијарди долари. Канада е привезок на САД (btw веќе има договор за слободна трговија со ЕУ), Хонк Конг и Сингапур се едни од најголемите конкуренти на Сити за светски финансиски центар со години наназад. Али, најверојатно не гледаме кога идат да баци рака кај кралицата и лордовите секој месец, тие канали на информации се ексклузивно достапни на неразбрани генијалци како тебе и оној Армстронг од погоре.
Алфа и омега на тие пазари се огромни меѓународни корпорации, менаџирани од добро платени професионалци кои ги боли пенисот за надворешно-политичката иднина на УК. Нивните одлуки зависат од нивниите акционери, од инвеститорите и од светските пазари на капитал, не од британската политика. За ова и мало дете треба да биде свесно. Да, има многу британски професионалци со експертиза во оваа индустрија, на светско ниво, и секој од нив работи за пари. Тие ќе работат во интерес на тие големи корпорации, не во интерес на лордовите, кралицата и илуминатите. Исто како што има кинески и руски професионалци кои работат во фирми во Силиконска долина и американски професионалци кои работат во кинески фирми.
Прогуглај ги проекциите за следните 10 години, за големината на економијата на Индија, Индонезија или Мексико и види го нивниот сооднос со економијата на УК, пред да се смееш. Не е толку тешко да си базично информиран за работите кои се тема на муабет.
Подобра преговарачка позиција има поголемата економија, односно економијата која е поголем пазар. Тоа е случај 70 години наназад, не е нешто ново. Затоа Трамп може да води трговски војни наоколу, да се заканува со царини и да го менува договорот за НАФТА кога ќе му прдне. Прочитај малку за можните барања на американските и кинеските преговарачи, за договор за слободна трговија со УК. Американците ќе бараат непречен влез на нивните земјоделски и прехранбени производи и тргање на европските стандарди на квалитет, како и либерализација на фармацевската индустрија и здравствениот систем. Ќе искочат за џабе парите што ги вратија во NHS.
Надворешната трговија на УК во моментов се остварува благодарение на договорите за трговија и трговската политика на цела ЕУ. Откако целосно ќе бидат надвор од ЕУ, покрај договор со ЕУ, САД и Кина, ќе треба веднаш да заменат и околу 60 договори за слободна трговија, кои ЕУ ги има склучено со нон-ЕУ земји.
Трговијата на УК со ЕУ е околу 45% од нивната вкупна надворешна трговија. Трговијата на земјите членки на ЕУ, како Германија, Франција, Италија и сл, е околу 6-7% од нивната вкупна надворешна трговија. Соодносот и изложеноста се со различна магнитуда, затоа и преговарачките позиции ќе бидат многу различни. УК не е најголемиот пазар за германските автомобили и француското вино. :pos:
Далеку поголеми пазари се внатрешниот на ЕУ, Кина и САД. Од друга страна прашање е што ќе се случи со британската автомобилска индустрија и воедно целата нивна преработувачка индустрија, ако УК е надвор од внатрешниот пазар и тргува по WTO стапки, со оглед на тоа што е исклучително интегрирана во европските supply-chain-ови. За најголемиот дел од стоките кои УК ги извезува на ЕУ, ЕУ има многу високи царински стапки кон нон-ЕУ држави (се прашувам во чиј интерес било тоа).

Знам дека немаш многу поима, се гледа тоа од друг сончев систем. Луѓето кои влечат информации и фанатично проповедаат теории што ги читаат на либертаријански блогови, се најчесто луѓето кои немаат поима од економска теорија и фундаменти. Веројатно, причината е што таму економскиот систем е објаснет како лесна за џвакање приказна, која им даваат впечаток дека го хакнале глобалниот економски систем и имаат некакво инсајдерско познавање од истиот. Претежно станува збор за вакви “улична школа“, “имав три трафики на времето, сега разбирам како функционира глобалниот бизнис“ типови.
Јас не сум експерт, кажувам прилично општопознати работи, само барам да поминуваш некој праг на базично познавање на работите, кога веќе инсистираш да се правиш паметен за нив по разни теми на форум.
Ти благодарам (сериозно) за времето потрошено да го напишеш постот.
Баш добар доказ ќе биде, дали теоретичари имаат појма од реалноста, или кутрите не знаат ни кибрит да продадат.

Инаку доколку си прочитал кој се се консултира во последни 30год со Армстронг, кој се му плаќа за совети, и зашто го шибнале во затвор, немаше да се исмејуваш како :D . Ама како што и тој самиот кажува, нема шанса мнозинството да го прифати, па затоа неговите предвидувања се остваруваат без промашај.

Замисли имаме еден куп интелектуалци како тебе, ама пак има кризи, рецесии, советуваат дури и негативни каматни стапки, квантитативно олеснување 10години, а никако да мрдне економијата, или тоа што го верглаш врска нема со реалноста или Илуминатите се виновни.

Отворањето филијали значело дека ЕУ станеле финансиски центар :pos:

Индија купувала од Русија оружје и тоа значело дека УК не ја цица, а Франција што им гради носачи на Русите, изгледа и тие станале нивна колонија.

Ајде издржи на форумов до 2024 па да ни објасниш што се случи, што твоите сегашни објаснувања не го дадоа резултатот.

Бидејќи си доста начитан (теорија), мој совет ти е следно побарај за Репо криза, последиците од неа и државните долгови дали можат бесконечно да се задолжуваат :kafence:
 
Фала на советот, не бев запознаен со овие теми. Сега ќе одам да правам муабет со ѕидот, зошто подобро ќе се разберам со него.
Моето “верглање“ нема врска со бум-баст циклусите, рецесии, финансиската криза од 2007, должничката криза, монетарната политика на ЕЦБ, Фед или Bank of England и сл., тоа е сосема друга тема. Претпоставувам дека и за тоа имаш подеднакво цврсти ставови.
И што ќе се случи во 2024 и што е тоа што ќе треба да го објаснам? Распадот на ЕУ и новата империја на УК? Крајот на ЕУ ќе значи ќе значи и крај на 300-годишната приказна на континентот Европа, како голем (порано доминантен) политички и економски играч во светот. Свесни ли сте за што навивате? Кога тоа би се случило, УК нема да се закотви кај Северна Америка и да стане дел од Нафта, туку ќе ги трпи последиците заедно со континентална Европа.
Никој не вика дека УК ќе пропадне надвор од ЕУ, ни дека ЕУ ја чека блескава иднина без УК. Меѓутоа, излезот од ЕУ ќе остане историска грешка на оваа генерација на британската политичка елита и во 2022 и во 2024 и во 2030 година. Ништо не добиваат од таа одлука.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.884
Поени од реакции
7.264
И што ќе се случи во 2024 и што е тоа што ќе треба да го објаснам? Распадот на ЕУ и новата империја на УК? Крајот на ЕУ ќе значи ќе значи и крај на 300-годишната приказна на континентот Европа, како голем (порано доминантен) политички и економски играч во светот. Свесни ли сте за што навивате? Кога тоа би се случило, УК нема да се закотви кај Северна Америка и да стане дел од Нафта, туку ќе ги трпи последиците заедно со континентална Европа.
Да, точно така, ќе треба да објасниш зашто ЕУ се распаднала, а не останала "доминантен" играч, зашто не ги презела финансиите од УК, зашто при преговори со УК не и го начукува (како што со години верглате).
УК нема потреба да се закотвува, туку како и последни 300год, само ќе си собира кајмакот низ светот.

Никој не вика дека УК ќе пропадне надвор од ЕУ, ни дека ЕУ ја чека блескава иднина без УК. Меѓутоа, излезот од ЕУ ќе остане историска грешка на оваа генерација на британската политичка елита и во 2022 и во 2024 и во 2030 година. Ништо не добиваат од таа одлука.
Како тоа никој не вика.... Па 82 страни што пишувавте, додуша тебе не те памтам, другите ги снема, иако некои беа школувани на тема ЕУ, еден од нив и се освести @Ne_sum_ja и не водеше инает.
А и сега пишуваш дека УК ќе страда повеќе од ЕУ.
Тоа ќе беше така, ако ЕУ беше формирана како САД, арно ама не е.
Прашав, можеш ли да купиш ЕУ обврзница, спремни ли се банките да си помагаат, а овде викаат дупката била поголема:

Како ли ќе го решат проблемот со пензиските фондови, со државните долгови, банкарскиот систем...

Излезот од брод кој иде во пропаст е најдобро решение, а не грешка, бидејќи другите ќе потонат, а тие што напуштиле, ќе можат услови какви сакаат да постават, за да ги спасат давениците, а не обратно.
Немој сега со ѕидот, има време, а кога ќе дојде времето, ќе те потсетам :D
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Англичаните се царови за политика.Причините зошто тие излегоа од ЕУ покрај овие што сите ги гледаме ќе излезат после некое време и обичниот човеќ ќе ги види кога ќе се удри од нив.Дотогаш тие се ќе направат тоа да е така и сите тие анализи на ѓоамити експерти се во таа функција,со една мала разлика за самите тие експерти а тоа е дека едните се платени да пишуваат што ќе им се каже а другите се кориснм идиоти па пишуваат од убеденост.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.322
Поени од реакции
22.612
Патетика ...

epten... kanada, usa, aus, nz, juzna afrika ti e pazar so golemina kolku EU duri i so kupuovna mok ko niv... dodaj 1 miljarda indijci rastecka ekonomija na koj mozes da im prodavas servisi, edukacija plus si sekako povrzan so niv tradicionalno... epten pateticno, podobro ke im bese so bugarite, poljacite i slovacite
 
Коч, кочо, полека со САД и Индија, прво треба да скокнат после да речат ОП ...

Канада, Австралија, Нов Зеланд, реално е патетика, затоа што и самите држави сега си се ставаат во еднаква положба со Британија.

Не е ова 1970 година.

Британија без договор со САД, ЕУ и Кина, е ништо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom