- Член од
- 31 јануари 2014
- Мислења
- 404
- Поени од реакции
- 1.211
Читам по нетов изјави по натпреварот, главно утешителни од типот секогаш одиме по потешкиот пат, Австрија не е ништо посебно ќе ги тепаме, ретко некоја самокритика, ама хајлајт е Жаре со големата мисла од малиот мозок "немавме среќа..." Која среќа ти е крива мајсторе од Бундеслига, кога најстариот играч ни е најдобар, 11/13 шут, 4-5 асистенции и уште најмалку 5-6 чисти додавања за зицери од 6 метри од кои гол неможе да се погоди, кога играме како без голман, кога крилата во кои се крстевме потфрлија во реализација на чисти шутеви, кога селекторот од софтверот што го користи за анализа и силните стратегии не гледа што му се случува пред очи на терен, кога другарчињата твои од Бундеслига, посебно пичено битолско без мозок и срце влегуваат во сала, кога Н. Марковски во решавачки напад сам на 6 метри вади некое фрлање (не шут) ала Ванчо Димовски и неможе голот да го погоди... Не е до среќа. Кире за документарец, Столе борбен и корисен како секогаш но со (по)слаба реализација, Мишевски позитив на денот, Танковски добар но неискористен, другото со се селекторот само на желба и изјави по медиуми.
Има шанса за пласман понатаму, мора да ги поддржиме тоа е повеќе од јасно, ама мора бе нешто и да се одигра. А како тргнало, кога Кире ќе се пензионира ова ќе го играме: http://eurohandball.com/wch/men/2021/round/2/Qualification+Europe
До тогаш, надежта за успех последна умира.