Имам чувство дека многу усти ќе заќути Жозе во следниот период. Многу нефер негативен публицитет доби после работата во Јунајтед, беше искористен како scapegoat за многу работи што беа вон негова контрола. Смешно е човек со такво резиме, да се нарекува готов во топ левел фудбалот.
Тоа што му даваат толку долг и добар договор, значи дека е донесен за да го однесе клубот на следно ниво, не за да пополни место. Со должна почит кон Покетино, кој е одличен тренер, Мурињо е друг левел. Кога клубот застанува 100% позади него, он дава резултати за возврат.
Јас мислам дека се баш добра комбинација Мурињо и Тотенхем. Ростерот што го има Тотенхем одговара за неговиот фудбал и за тоа што го бара од играчите како тренер. Има многу работници во тим и има многу талент во тим. Плус, Тотенхем е во категоријата на клубови, во кои Мурињо историски вадел најдобри резултати. Клуб кој е блиску до врвот, кој нема реноме на елитен клуб, кој може да троши и околу кој нема многу политика со разни струји, кои влечат на различни страни. Тогаш може да си ја тера top dog персоната во јавноста и да биде гласот на клубот, без да му се обесуваат бивши играчи, агенти и се останато.
На Тотенхем му треба некој кој ќе го трансформира во клуб што освојува титули. Подобри тренери за таа цел од Мурињо и Алегри нема да имаат достапни во блиска иднина.
Така да, мене ми има комплетна логика овој потег. Задоволство е во трите најдобри клубови по ростер во ПЛ, да се гледаат тројца од топ 5те најдобри активни тренери во светот.