Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Амерочки филмој немом да гледам појќе холивуски се исти се досадни безвезе акција ,барам некој од други држави да гледам ,пробав руски од советски период ама некако не ми се свиѓат.
Едно време на Телма даваја итљански секој четврток многу интересни беа,Го гледав на јутуб еден интерсна комедија овај

https://www.youtube.com/watch?v=ntLbORx64EA

немат лоши филмој итаљанит , препорачајте некој интересни слични од други држави не амерички .
На прв скрол и гледаше преку ретровизор меѓу нозе на втор скрол ова, навистина интересна комедија
1570292776362.png
 
Да ептен, јас не можев да дочекам да одам и заминав со претходна умисла да го плукам овој џокер зошто нели носталгија и по тоа колку многу му остави впечаток џокерот на Леџер, ама колку само беше спектакуларно и совршено и без маана и не можев да најдам една мини минималистична утка некоја да речам аха еве срање е не чини знаев јас.

Никогаш не ми било помило зошто не сум била во право. Прекрасно искуство, посебно за мене како чудно ама фан сум на душевни болести на екран, ова беше како бебенце на бејби џејн и таксистот, уживав во секоја секунда, не беше само џокерот, беше и еден осамен живот, едно смрдено општество и еден лабилен човек кој пукна под притисокот под кој би пукнал и секој нормален. Јас пукнав малку во себе кога доживував се што доживуваше Артур.

Ептен се соживеав и јас поминував низ голготата, срце ме стегаше од жал, од неправди, од глупи разгалени богати луѓе, му идеше да ставам и јас маска на кловн и да протестирам од револт. Како и да е не беше обичен филм, разбуди во мене секакви чувства, глумата феноменална, кога заврши филмот аплауз доби во кино прв пат тоа го видов ама вредеше, Феникс да ти бил полн погодок, после ова ќе го гледам како вонсериски талент, сигурно дека ќе одам да го гледам уште еднаш и како што кажа некој погоре ова кино искуство не смее да се пропушти.
 
Најмногу ми се допадна тоа што филмот е направен низ перспективата на главниот лик. Џокерот е во сите сцени од почеток до крај, Жоакин Феникс е филмот. Слично како во Потстанар, и овде се работи за трансформација на карактер. Зарѓан сум за рецензии, сакам само да кажам дека филмот ги задоволува сите очекувања на фановите на Бетмен франшизата, иако имам замерки во однос на дијалозите, посебно сцената со гостувањето во шоуто на Де Ниро. Очекував подобар дијалог и генерално малку повеќе линии текст за Џокерот. “You ask me if I have any negative thoughts... all I have are negative thoughts" е фантастична линија и требаше да има уште десет такви. Друга работа што не ја знаев пред да го изгледам е дека филмот чинел само 55 милиони. Очекував некаков блокбастер со многу акција во последните 30 минути. За среќа не било така и можев да уживав во личната драма на еден отфрлен човек.

Споредби со Леџер се неблагодарни затоа што тој не доживеа целосен филм за Џокерот. Жоакин Феникс доби 2 часа на располагање. Филм со Џокерот на Леџер ќе беше исто толку добар, веројатно поспектакуларен. Во секој случај, Жоакин Феникс имаше тешки кондури за носење и добро ги износи.

Филмови кои те тераат да навиваш за негативци. Кум, @wot -е мој. Кум е причината.
 
Во врска со Џокер.

вчера го изгледав, сметам дека треба да се изгледа барем уште еднаш за да се долови цела замисла на филмот.
Филмот беше тежок, тензичен, на моменти напнат.
Беше опишан распадот на еден човек,
чекор по чекор, и од внатре и од надвор. Тоа ме бендиса и сметам дека Феникс е глумец и пол и му даде поголема длабочина на карактерот, одлична интерпретација на ликот.
еден од другарите шо го гледавме филмот имаше добра забелешка за џокерот дека факторот mad genius беше невидлив и мислам дека воопшто не изгледаше како високо интелегентна личност што е одлика на Џокерот, тоа недостигаше.
Неможам да го споредам со Леџер бидејќи дарк најт беше многу подобар филм, по избалансиран. сепак одлична работа заврши Хоакин, секоја чест.
 
Филмов те тера да го мразиш Бетмен... ти го ебам тоа богатото инфлуенсерско копиле :mad:
Не се сложувам.

Ок, има и хумор во коментаров, ама ај кога веќе се почна муабет за филмов па да кажам и ја нешто :D

Мислам дека филмов има најдобар ориџин стори за Бетмен што било кога и било каде се прикажал.


Само дете е Брус. Неговите родители се скапани. И тој наместо да оди по нивен пат и да не му е гајел за обичните луѓе, наместо да прифати да живее богат живот - решава да стане симбол на надеж.

Завршува филмот во хаос.

Улиците горат. Народот е несреќен. Спремни се сите за класна војна.

Но. Знаеме дека ќе се појави надеж за Готам. Ќе се појави симбол. Ќе се појави Бетмен.

И пази, на Артур Флек никој не му обрнува внимание.

Кога Артур Флек го викна Брус...детето си дојде и (како најголем идиот) седеше додека овој му правеше трикови.

Брус не го третираше Артур како сите други што го третираа. (да, малце беше глупо што детево кежуал доаѓа странец да му пика прсти во усти али јбг)


Артур Флек пораснал без родител и со мајка што не се грижела за него.


Општеството од него очекува да биде лузер и...тој станува токму тоа. Лузер што е огорчен од општеството.


Брус Вејн ќе порасне без родители. Двајцата се убиени пред него од страна на човек што ги мрази богаташите.

Општеството од него очекува да стане ист како татко му и да биде човек што не му е гајле за обичните луѓе.

Тој станува баш спротивното. Човек што се бори против неправдите.


Овој филм имаше најдобар ориџин стори за Бетмен.

Бетмен и Џокер се различни страни на иста паричка, но кога се соочени со неправдата двајцата реагираат на различен начин.
 
Најмногу ми се допадна тоа што филмот е направен низ перспективата на главниот лик. Џокерот е во сите сцени од почеток до крај, Жоакин Феникс е филмот. Слично како во Потстанар, и овде се работи за трансформација на карактер. Зарѓан сум за рецензии, сакам само да кажам дека филмот ги задоволува сите очекувања на фановите на Бетмен франшизата, иако имам замерки во однос на дијалозите, посебно сцената со гостувањето во шоуто на Де Ниро. Очекував подобар дијалог и генерално малку повеќе линии текст за Џокерот. “You ask me if I have any negative thoughts... all I have are negative thoughts" е фантастична линија и требаше да има уште десет такви. Друга работа што не ја знаев пред да го изгледам е дека филмот чинел само 55 милиони. Очекував некаков блокбастер со многу акција во последните 30 минути. За среќа не било така и можев да уживав во личната драма на еден отфрлен човек.

Споредби со Леџер се неблагодарни затоа што тој не доживеа целосен филм за Џокерот. Жоакин Феникс доби 2 часа на располагање. Филм со Џокерот на Леџер ќе беше исто толку добар, веројатно поспектакуларен. Во секој случај, Жоакин Феникс имаше тешки кондури за носење и добро ги износи.

Филмови кои те тераат да навиваш за негативци. Кум, @wot -е мој. Кум е причината.
Филмот одлично функционира како драма за кршењето на еден лик но како за Џокер е лош. Ликот на Феникс немаше никаков капацитет да прерасне во Џокерот кој го знајме, едноставно премногу го имаат отупено. Па и хаосот шо настана беше обичен сплет на случајности а не производ на Џокерот, батето немаше дефинирани чувства за ништо шо му се дешава него или околу него. Се на се одличен Феникс ама never go full retard.
 
Еве за фановите на Матрикс и Вачовски:

AQUAMAN star Yahya Abdul-Mateen II, has been cast in one of the lead roles in THE MATRIX 4.

He will join Keanu Reeves and Carrie-Anne Moss in the film.

Lana Wachowski had been meeting with actors for the role over the last few weeks.

Wachowski is directing, having written the script with Aleksandar Hemon and David Mitchell.
Production is expected to begin early next year.
Source: Variety
1570640519384.png


Искрено кога слушнав дека планираат нов филм мислев уште еден од оние "а бе не би било лошо да се направи филм" идеи се, пошто милијарда вакви има (ете Тарантино во животов има најавено 10+ филма што ги нема направено), и мислев ова брзо ќе се заборави, ама ете, изгледа ќе се прави Матрикс 4.

Лично сметам деак нема потреба, ама па и не сум ја некој огромен фан на Матрикс така да...

П.С. Браќата Вачовски се најуспешните женски режисери во историјата на бокс-офисот :)
 
Во каква ситуација го доведе не ми се верува погледнете го Фениксот на 9:09.
Ова се моменти каде глумата не проаѓа навистина една многу непријатна ситуација.

 
Во каква ситуација го доведе не ми се верува погледнете го Фениксот на 9:09.
Ова се моменти каде глумата не проаѓа навистина една многу непријатна ситуација.

https://screenrant.com/joker-movie-joaquin-phoenix-angry-failed-prank-director/ Аммм, наводно е пренк на Финикс видеово и циркулира веќе со денови...
 
Одличен е Joker (y) (y) (y) Супер филм, скоро секое очекување ми го исполни. Хоакин Феникс :cuc::cuc::cuc: Перфектна изведба. Оскарот не смеат ни да помислат да не му го дадат. Буквално тој го прави филмот.

Е сега за содржината на филмот, секако без спојлери. Треба да му се пристапи како на психолошка драма а не како на обичен суперхеројски филм, пошто стварно и не е тоа. А како драма нуди ептен моќна приказна и не може човек да остане рамнодушен. Одлично е склопено целата приказна, баш за комплетно да ја сфатиме мотивацијата на Артур. Тоа што праќа порака за денешните настани и денешното општество си доаѓа по дифолт, пошто се знае дека секоја ваква приказна за психотичен криминалец ќе повлече таква дискусија. Дури и ова да не беше филм за познат лик од стриповите туку за некој рендом истрауматизиран лик, и да не се случуваше во Готам туку во Детроит, на пример, пак ќе беше одличен филм.

Од мене оцена 9/10. Синоќа го гледав па ќе треба време малку да ми мине првата возбуда и да ми легнат впечатоците. Сигурно пак ќе го гледам таму некаде пред Оскарите. Вака на прва ќе речам дека крајот можеби можеше да биде подобар. Јас барем помислив на малце поинаков крај што за мене некако ќе беше пологичен, ама за тоа друг пат...

Споредба меѓу Хит Леџер и Феникс нејќам да правам. Двете изведби ќе останат легендарни. Други филмови се и друг пристап па тешко се споредува.
 
Одамна му се думав на Knight of Cups. Конечно го изгледав.
Филмов толку добро ме извози и ме исполни, од музика, до нарација, до камера, онака целосно. Мистерија ми е зошто има толку ниска оценка.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom