Leo Bonnie
Кад се врате скитнице
- Член од
- 20 декември 2008
- Мислења
- 4.486
- Поени од реакции
- 5.581
Најмногу ми се допадна тоа што филмот е направен низ перспективата на главниот лик. Џокерот е во сите сцени од почеток до крај, Жоакин Феникс е филмот. Слично како во Потстанар, и овде се работи за трансформација на карактер. Зарѓан сум за рецензии, сакам само да кажам дека филмот ги задоволува сите очекувања на фановите на Бетмен франшизата, иако имам замерки во однос на дијалозите, посебно сцената со гостувањето во шоуто на Де Ниро. Очекував подобар дијалог и генерално малку повеќе линии текст за Џокерот. “You ask me if I have any negative thoughts... all I have are negative thoughts" е фантастична линија и требаше да има уште десет такви. Друга работа што не ја знаев пред да го изгледам е дека филмот чинел само 55 милиони. Очекував некаков блокбастер со многу акција во последните 30 минути. За среќа не било така и можев да уживав во личната драма на еден отфрлен човек.
Споредби со Леџер се неблагодарни затоа што тој не доживеа целосен филм за Џокерот. Жоакин Феникс доби 2 часа на располагање. Филм со Џокерот на Леџер ќе беше исто толку добар, веројатно поспектакуларен. Во секој случај, Жоакин Феникс имаше тешки кондури за носење и добро ги износи.
Филмови кои те тераат да навиваш за негативци. Кум, @wot -е мој. Кум е причината.
Филмот одлично функционира како драма за кршењето на еден лик но како за Џокер е лош. Ликот на Феникс немаше никаков капацитет да прерасне во Џокерот кој го знајме, едноставно премногу го имаат отупено. Па и хаосот шо настана беше обичен сплет на случајности а не производ на Џокерот, батето немаше дефинирани чувства за ништо шо му се дешава него или околу него. Се на се одличен Феникс ама never go full retard.