Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Епа најверојатно е тој.
Кажи дали знеш ли каде се наоѓа шампионче или расадник во Кисела Вода ????
 
Може некој што повеќе се разбира од автомобилска опрема да ми објасни накратко како функционира ASR системот, кои се неговите предности, карактеристики итн...
 
Несмее да се гази колата првите 3000 километри мислам барем така беше за мојата. Инаку колку пари наплаќаат пералните за полирање на бојата?
 
Може некој што повеќе се разбира од автомобилска опрема да ми објасни накратко како функционира ASR системот, кои се неговите предности, карактеристики итн...

ASR е исто што и ТCS (traction control). Го спречува пролизгувањето на погонските тркала. Сo АSR колку и да сакаш не можеш со чкрипка да тргнеш. Доколку системот примети дека претеруваш, сам ќе одземе гас/малку ќе ја одвои потисната плоча. Предностите на користење на таков систем се повеќе:

1. При лизгаво време, посебно во кривини, можеш да додаваш гас без опасност дека ќе пролизгаат погонските тркала и со тоа да изгубиш правец.

2. (можеби најважно) Качувањето по лизгави угорници може да се трансформира од „потполно невозможно“ во „најлесно нешто у свет“. Погледни го клипчето од 4:35 па натаму.

3. Ги штедиш гумите пошто не можеш да ги чкрипиш и да сакаш.

Што значи porsche sistem-от на постарите модели на сеат со 1.5 мотор ?

Откако VW го купи Сеат сакаше набрзина да направи количе кое ќе го исполни пазарот помеѓу Голф и Поло наменета за поефтиниот тогаш настанат европски пазар (Шпанија и околината таман влезени во ЕУ). Бидејќи не успеале на време да ги консолидираат силите и да ја направат колава како што треба и неквалитетот на првите модели, VW лансираат серија на Ибици наречени Порше систем кои имале италијански дизајн на каросерија и мотори од "Порше". Првите верзии до кај 93-94 биле многу неквалитетни за подоцна Сеат да застане рамо до рамо по квалитет со VW (денес можеби и поквалитетен од VW, којзнае?).

Ако си заинтересиран за колава...Јас не би ти ја препорачал. Не поготово од 1992.
 
Не сум за колава него ме занимаше за порше системот ... значи цел мотор е од порше ? боксер да не е ?
 
Не е боксер...тоа уствари само им беше маркетинг финта...Мотори направени од Порше за Сеат...Ама нормално не се извадени од 922 или 924 :wink:
 
Да де...колку ова што е Ферари... Lancia Thema Ferrari
800px-Lancia_thema_8.32_engine.jpg
 
Каде би можел да најдам делови за Опел Кадет на старо?
Знае ли некој каде растураат опели по Скопјево? :D
 
на голф 3 караван ме заебава мењачот, не влегува во 5та. скоро е сменет со половен. сите брзини ги мења одлично, само 5та не фаќа. понекогаш ја погодувам после неколку обиди и мавање во трета

шо може да му е? и колку од прилика би чинела поправката?
 
Синхрото? Штом е скоро менуван, можеби некој од држачите не е добро стегнат па моторот при големо забрзување се помрднува па петтата не ја фаќа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom