Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Уште подобро, ти кажи ми зошто, со аргументи секако, Коцев не го изглуми Макбет солидно.
Немаше никаква дикција, монолозите му беа брзозборки со додадено дерење демек за драматичност, несоживеаност со ликот, ужасна глума со апла вештачка трагичност, никаква хемија со останатите глумци....
Спореди го само со Хамлет на Лилиќ и ништо повеќе не треба.
 
Тајната Состојка/Исцелител дали го има некаде да се купи онлајн или па да се симне?
Ги контактирав на фејсбук и ми одговорија дека ќе го има на HBO ама тоа беше некаде пред година ипол.
 
Тајната Состојка/Исцелител дали го има некаде да се купи онлајн или па да се симне?
Ги контактирав на фејсбук и ми одговорија дека ќе го има на HBO ама тоа беше некаде пред година ипол.
Го има на trackermk
 
Знам дека таму го има ама мислев да не го извадил некој бесплатно некаде да се гледа.
Марсело ако толку сакаш да го гледаш филмот мислам дека вреди да дадеш 150 денари.
У Венето Фредо капучино е 190...
 
Јок, освен ако режисерот, кој што сега мислам е главен уредник на Алфа, не го пушти на телевизија.

Туку и онака излегуваат по два-три играни филма годишно, не ми е јасно зошто не ги пуштаат по фестиваливе наши за да ги изгледаат што повеќе луѓе. Многу ми смета што еден Манаки како фестивал што сега слави 40 години не се отвора со македонски игран филм.
Во секоја земја во регионов, си имаат фестивал кај што ги даваат сите домашни филмови што излегле од затварање на претходното издание до сегашното плус премиери на нови филмови. Во Хрватска тоа е Пула, во Србија е ФЕСТ, Босанците се промовираат на Сараевскиот итн, само ние сме најотепани, себичен, да-му-умре-козата-на-комшијата народ.

Лани, самиот режисер Митко Панов, го понудил Сведок да се прикажува на Манаки, ама го одбиле. Филмот може содржински не ми се допадна, ама визуелно беше бонбона (што е и самата поента на фестивалов, кинематографите) и можеа да го дадат во чест на Бруно Ганц кој неколку години претходно го имаа за гостин на фестивалот. За срамота.

Место да учат од помладиот и поуспешен Сараево, они си тапкаат во место секоја година, па уште се фалат Фатих Акин го довеле.
 
Последно уредено:
Некој што го има гледано филмот Збор да даде мислење и кратка рецензија?
 
Некој што го има гледано филмот Збор да даде мислење и кратка рецензија?
Ништо посебно не е колку што се сеќавам јас.Би го оценил со просек македонски филм.Најмногу од се вредат мудростите на крајот кој ги кажува главниот актер(Сенко Велинов)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom