Не знам кое е најидеалното сценарио за Интер од моментална перспектива, дали трампа дибала за икарди, или баталување целосно на јуве, пуштање на гомното во рома ( или наполи ), а Интер да атакува на јако име во средина ( смс се спомнува како опција ).
За Перишич моментално како стојат работите се финализираат преговорите со Баерн така да постои голема веројатност Бираги да дојде од Фиорентина кој е дете на Интер и ќе може да се пријави за ЛШ у таа листа на играчи кои мора да се од младинска школа.
За Џеко веќе 3 дена активно се преговара и него го очекувам у Интер, односно од сите споменати до сега за него давам најголеми шанси.
За дибала конкретно у моментов имам поделено мислење, бев ол ин на старт од лето ама сега кога Јуве го бркаат и им се створи ко проблем, штознам ... нека си го решаваат на друг начин истиот, плус, во 352 формација кај нас каде би играл у случај тука да е и џеко плус мартинез, лукаку сигурно ќе игра, овие двајца нема теорија да прифатат клупа, место у друг дел на теренот за дибала во оваа формација и нема. Конте ќе треба да менува формација, да модифицира што не верувам дека би се случило бидејќи цело лето ги спрема за неговиот трејдмарк формат.
Во моментов у трансфер буџетот и у поглед на ФФП има место за Џеко, во меѓувреме ако се продадат икарди, перишич, марио ( за далберт е дискутабилно у моментов ради конте ) ќе постои простор за уште еден јак трансфер, барем таква некоја математика вчера направиле gazeta delo sport, до душа они ја земале во предвид само продажбата на Икарди плус ослободувањето од неговата плата, овие другиве што ги набројав би биле и дополнителен финансиски буст.