Како и што се очекуваше, Интер стандардно дава повеќе од еден гол против Фабрегас, и останува овој само на една утакмица каде неговата екипа успеала да му даде гол на Интер во лига. Многу ни одговара неговиот стил на игра, како и фактот што не знае да постави одбрана а и фактот што на тој дел од теренот има тежок просек од фудбалери.
Тоа што е добро за Интер е откако се повреди Лаутаро, имаат само 1 пораз и све друго добиени утакмици, поразот е од Милан, дерби, за кое реков е меч каде однапред никогаш не можеш да искалкулираш 3 поени под дифолт, ама сите други такви утакмици ги добија, следи пауза па Аталанта која сезонава е многу лоша ама сепак и како такви, важат за незгоден противник иако против нив во последниве неколку години немаат апслутно никакви проблеми.
Спенс почна да се вклопува во екипава, играчиве после Милан далеку подобро изгледаат на терен и гинат за секоја топка, Барела ми делува дека денеска 20 километри истрча, на секој дел од теренот го имаше, одбрана стуб 2ра утакмица по ред каде не дозволуваат шанси на противникот, све на све склопено Ова е реакцијата што сите ја очекуваа после Милан и тимот достави. Иако следи најмизерниот период од сезоната кога има пауза на репки би рекол дека за нас ова е добредојдено, надежно без повреди на клучните играчи.