1-2 место Сити и Ливерпул. Најверојатно Сити ќе ја одбрани пак титулата. Не поради фактот што Ливерпул не направија трансфери туку поради тоа што оваа филозофија на Пеп е направена баш за вакви натреварувања. Пикање на противникот во шеснаесетинк и притисок 90мин. Екипите што се под 7-8 место немаат капацитет да се справат со тој притисок. Од 10 натпревари со овие екипи Пеп ќе се мучи со една па и таа на крај ќе ја победи.
3-4 Тотенхем и Арсенал. Тотенхем мислам дека ќе има сигурен пласман во ЛШ, ако се случи чудо во овие два дена зошто не и повеќе од 3-4 место. Ростерот за сега е ист освен промената на десната бековска поз.
Арсенал ќе бидат изненадување, можат и повеќе од ова ако не се глупираат позади. Донесоа млади надежни фудбалери и очекувам да загризат уште од почеток за да докажат дека не се преценети.
5ти Јунајтед. Одбраната мислам дека ја средија ама што правиме напред. Нив проблем им е што не прават шанси, а со тоа не даваат голови. Претежно утакмиците им се мртви за гледање. Освен Погба нема играч што знае добра топка да пушти, а Погба ти е 1 месец играм 3 се глупирам. Премногу несерозни фаци имаат во тим, посебно во нападот. Сите очекуваат со години нешто од Рашфорд и Марсијал, а тие од почетокот немаат напреднето ич.
Челзи од 6 место, а можно е и 10ти да завршат. Ако гледаме по состав тогаш и Волвс, Лестер и Евертон имаат подобар состав. Освен Канте другиве играчи нема да фатат место во појаките екипи. Ако не им тргне од почеток тогаш Лампард треба да почне да фура млади, да ги зајакне за наредните сезони.