Serie A 2018/2019

Дали Скудетото ќе остане во рацете на Јувентус?

  • Да

    Гласови: 82 50,3%
  • Не

    Гласови: 32 19,6%
  • Интер

    Гласови: 28 17,2%
  • Рома

    Гласови: 7 4,3%
  • Наполи

    Гласови: 7 4,3%
  • Милан

    Гласови: 20 12,3%
  • Фиорентина

    Гласови: 5 3,1%
  • Лацио

    Гласови: 4 2,5%
  • Друг тим

    Гласови: 3 1,8%

  • Вкупно гласачи
    163
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.041
Поени од реакции
6.069
Да не требаше од бразилците да напишам?
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Потегот на Јувентус да го доведе Кристијано во своите редови беше пред се од финансиски аспект а потоа и за освојување на ЛШ али на евреите првенствена цел им се парите. Цела сезона стадионот е ко театар, само семкари, нема никакво навивање , рипнати цени на карти, рипнати акции на клубот. Роналдо му носи пари на Јувентус и се додека носи ќе седи во клубот се дур сам не сака да проба нешто ново. Борбата за негово донесување беа парите и ништо друго. Па Ањели лично отиде во Грција при потпишувањето на договорот. Едноставно човекот го крена Јувентус на тоа поле, самиот тој е бренд. Летово бев Бугарија немаше дете а да не носи дрес од Роналдо и тоа копии а камоли дресови од официјалните продавници. Новите дресови се толку многу лоши што никогаш не би го купил. Ама ете америве сакале такви, направија такви, не се прашуваат веќе фановите за ништо. Фудбалот станува се повеќе и повеќе пластичен а така и ќе продолжи. Да има и еден промил шанса Гвардиола да биде тренер на Јуве, ќе биде.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.256
Поени од реакции
113.214
Киелини, Шчезни не идат нигде да не се лажеме. Џан исто би бил корисен. Бентанкур и Рамзи такоќе, Сандро и Кансело би газеле. Коста ијако ко што рече нема мозок, би го уклопил јас мислам. Манџу прв би бил што ќе лета, не се у најдобри односи уште од Баерн ко шо памтам. Кедира, Манџу, Квадрадо сигурно би иделе, за нив секако се збореше дека ќе идат. Матуиди можеби, ма да не верувам.

Не би требало да има толку голема реконструкција по мое, 2-3 играчи што би му биле по ќејф и тоа е тоа.
Што ќе го уклопува Коста кога он го продаде од Баерн ако не се лажам. Нејке Пеп неодговорни играчи што летаат само напред, а Коста е се само не одговорен и дисциплиниран играч. Знам јас дека нема да си одат Киелини и Шчежни, ама онака хипотетички муабет правам дека у системот на Пеп не се уклапаат, нарочито не носоња.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Што ќе го уклопува Коста кога он го продаде од Баерн ако не се лажам. Нејке Пеп неодговорни играчи што летаат само напред, а Коста е се само не одговорен и дисциплиниран играч. Знам јас дека нема да си одат Киелини и Шчежни, ама онака хипотетички муабет правам дека у системот на Пеп не се уклапаат, нарочито не носоња.
I za fernandinjo bese istiot muabet, pa vidovme sto bide ovie tri sezoni, koga se komentirase sto kje pravi pep so fernandinjovci i fernandovci vo sostav.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.746
Поени од реакции
17.162
Можда Пеп знае дека Сити ке го јаде банот, а можда е и ова медиумска патка. Секако на сите кои не навиваат за оној црно-бел клуб од Торино им е чудно зошто би го напуштил Сити.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Што ќе го уклопува Коста кога он го продаде од Баерн ако не се лажам. Нејке Пеп неодговорни играчи што летаат само напред, а Коста е се само не одговорен и дисциплиниран играч. Знам јас дека нема да си одат Киелини и Шчежни, ама онака хипотетички муабет правам дека у системот на Пеп не се уклапаат, нарочито не носоња.
Јес да си има свој стил на игра и преферира одреден тип на играчи, али ипак флексибилен е. Станува збор за еден од најдобри тренери у свет ако не и најдобар. А и ко шо реков, не дека Јуве нема играчи кои би му одговарале. Со исклучок на 3-4, другите сите би ги уклопил. За Коста, не знам, можеби си у право кога ќе размислам.

Би било интересно у секој случај како би играл Јуве кога би дошол Пеп, која трансформација би било тоа... Мада ја ипак мислам дека ќе биде Покетино или Инзаги на крај.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Oперацијата инфилтратор продолжува.. После Асамоа и Марота, доаѓа уште еден јувенташ во интер.. Ако не можеме по дипломатски пат да ги отпаднеме у Сериа Б, ондак со наши луѓе да го допрат дното :icon_lol:
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.972
Поени од реакции
9.514
Oперацијата инфилтратор продолжува.. После Асамоа и Марота, доаѓа уште еден јувенташ во интер.. Ако не можеме по дипломатски пат да ги отпаднеме у Сериа Б, ондак со наши луѓе да го допрат дното :icon_lol:
Само немојте Моџи да ни го пуштите.. Он чартер носи у Б.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Мој тип е дека Покетино или Сари ќе биде следен тренер на Јувентус. И како и да испадне на крај и Гвардиола да дојде, супер, ме радува што на некој начин Серие А се факторизира и станува посилна, нема да ја избегаваат големите имиња као последниве години коа бегаа као од чумата.
Гвардиола во Јувентус, реално би бил бум, факт е дека многу пари се во прашање, многу публицитет ќе донесе, ќе дигне квалитет и реков, возбудливо ќе биде да се види како би се снашол во ваква лига, со таков фудбал. Chalenge и за него сам би било прифаќање на Јувентус. Голем тренер е, форсира најверојатно најубав фудбал, секогаш е тука некаде високо, ама факт е и тоа дека после Барселона, резултатите. читај титулите, во Баерн и Сити му се единствено дома, а Јувентус домашните секако ги освојуваше.

Фудбалот стана само пари да, ама навивачите немаат ништо од парите. Ене види ги Јунајтед и нивните навивачи. Во моментов не верувам дека ги интересира тоа што се најверојатно најбогат клуб со навивачи, дресови, берза, пари коа неколку години се мачат со перформанси. Нас навивачите не интересираат титули, газдите тоа го знаат или бар треба да го знаат. И тоа како може да биде на удар Ањели ако и со вакви финансиски жртви као Гвардиола и Роналдо не успее да донесе титула од ЛШ за Јувентус. Ама тоа отом потом, или што би рекол Недвед живи били па видели. Мене ми е сасвим океј и интригантно чак тоа што Гвардиола би тренирал во Серие А.

Агенцијата АГИ објави дека Гвардиола е завршена работа. Е сеа е интересно. Јувентус е тим на берза. АГИ не е кловн профил на твитер, туку агенција. Акциите скокаат после ова и Јувентус е должен да демантира ако не е точно затоа што би платил пенали ако неодговорно остави да скокаат акциите со неточна информација. Досега не демантира, очигледно можно е стварно да има нешто. :)
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.041
Поени од реакции
6.069
Тогаш со Роналдо излегоа со следна изјава, поради толку многу шушкања, пишувања, шпекулации и слично, што предизвика раст на акциите.
Изјавата беше следна.

Turin, 06 July 2018 – Upon Consob’s request, following recent media coverage, Juventus Football Club S.p.A. clarifies that during the transfer campaign the Company evaluates many market opportunities and, if any agreement should be defined, a press release will be issued in compliance with the regulations.

И деновиве има некаков пораст, но дали е предизвикат од шпекулацииве, не знаеме.
Дали и сега ќе излезат со нешто слично. Што и да се деси, не мора да има некакво значење дека би се случил тренерски трансфер.
Убаво е што се поврзува Гвардиола, и се надевам нешто ќе испадне. Платата што се спмнува за него, ќе биде огромен скок од Алегри, 23м+ кои се многу за лигава. И за Роналдо беа, но ете. Останува да видиме.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.382
Поени од реакции
86.731
Гвардиола во Јувентус, ....................возбудливо ќе биде да се види како би се снашол во ваква лига, со таков фудбал.
Лигата ќе се реши уште во Септември
:kafence:
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.041
Поени од реакции
6.069
Изјавава е дадена на ЕДЕН ден пред финалето со Watford. Без разлика дали ќе остане у Сити, ќе отиде у Јувентус, или пак, можеби ќе се случи некое чудо и отиде у трет клуб,
што очекувате да изјави? Дека ќе си оди? Секако дека ќе дава изјави за останување. Дали излажал или не, негово си е. Ниту ќе биде првиот, ниту последниот.

Кај Алегри и ситуацијата со напуштењето, објавено е во момент кога титулата во лигата е решена, и Јувентус нема други купови каде што би се борел за трофеј, иако во тој момент останаа уште 2(Аталанта и Сампдорија) кола до крај, истата е дадена во соодветен момент, пред одигрувањето на последниот домашен натпревар на Јувентус.

Повеќе страни ја користат AGI како извор за тоа дека ова е Done Deal?
AGI можеби се водечка новинска агенција во Италија, но дали и колку се релевантни?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom