Мој тип е дека Покетино или Сари ќе биде следен тренер на Јувентус. И како и да испадне на крај и Гвардиола да дојде, супер, ме радува што на некој начин Серие А се факторизира и станува посилна, нема да ја избегаваат големите имиња као последниве години коа бегаа као од чумата.
Гвардиола во Јувентус, реално би бил бум, факт е дека многу пари се во прашање, многу публицитет ќе донесе, ќе дигне квалитет и реков, возбудливо ќе биде да се види како би се снашол во ваква лига, со таков фудбал. Chalenge и за него сам би било прифаќање на Јувентус. Голем тренер е, форсира најверојатно најубав фудбал, секогаш е тука некаде високо, ама факт е и тоа дека после Барселона, резултатите. читај титулите, во Баерн и Сити му се единствено дома, а Јувентус домашните секако ги освојуваше.
Фудбалот стана само пари да, ама навивачите немаат ништо од парите. Ене види ги Јунајтед и нивните навивачи. Во моментов не верувам дека ги интересира тоа што се најверојатно најбогат клуб со навивачи, дресови, берза, пари коа неколку години се мачат со перформанси. Нас навивачите не интересираат титули, газдите тоа го знаат или бар треба да го знаат. И тоа како може да биде на удар Ањели ако и со вакви финансиски жртви као Гвардиола и Роналдо не успее да донесе титула од ЛШ за Јувентус. Ама тоа отом потом, или што би рекол Недвед живи били па видели. Мене ми е сасвим океј и интригантно чак тоа што Гвардиола би тренирал во Серие А.
Агенцијата АГИ објави дека Гвардиола е завршена работа. Е сеа е интересно. Јувентус е тим на берза. АГИ не е кловн профил на твитер, туку агенција. Акциите скокаат после ова и Јувентус е должен да демантира ако не е точно затоа што би платил пенали ако неодговорно остави да скокаат акциите со неточна информација. Досега не демантира, очигледно можно е стварно да има нешто.