Ќе биде, така да кажам “интересно“ да се види Гвардиола во Јувентус. Сфаќам дека ги навлажнува фановите на Јувентус, сасвим разбирливо е тоа, ама јас се прашувам кои би биле причините на самиот Гвардиола да се повлече од тимот на Сити баш сеа коа на некој начин го изгради по своја мерка и перформансот му оди во нагорна линија, му носат играчи како што ќе покаже со прст, створи основа и машина која може само боља и боља да биде и можда е најблиску до тоа да нападне и ЛШ од деновите коа беше во Барселона.
Ако Гвардиола дојде во Јувентус јас би очекувал бар 400 милиони меркато, затоа што неговата философија нема што да бара во ростерот на Јувентус. Среден ред со Матуиди, Џан, Бентанкур, па еве и Погба рецимо е створена за тренер ко Мурињо или Алегри, за Гвардиола никако не е. А знаеме кои се цените денеска на квалитетни техничари средњаци. Во Јувентус нема играчи ко Стерлинг, Агуеро, Бернардо и Давид Силва, Де Брујне, па и Сане. Од Јуве, материјал за стилот на Гвардиола може да е Пјаниќ кој се спомнува за продажба, Ремзи кој е мистерија од појше аспекти, евентуално Кансело и Дибала кој исто така се спомнува за продажба и можда уште еден двајца кои би ги откопал тој сам, затоа што има увек такви падобранци. И нормално, Роналдо кој со Гвардиола ќе мора да се подвргне на тимот и колективот, работа која за него е увек тешка. И да не се разбереме погрешно. Не викам дека Јувентус нема квалитетни играчи, туку зборам за карактеристики на играчи.
Баш ме интересира планот и идејата на Јувентус и сакам да видам дали имаат визија или ова се панични и очајнички потези за да се освои проклетата Лига на шампиони и да се факторизира уште појше во Европа, работа која со Кики Ронално, будимо реални, не им успеа. Тој продава дресови, навлажнува фанови, решава сам утакмици, носи баук и квалитет, ама не донесе сам ЛШ, засега, а реално, затоа беше ангажиран. И Гвардиола сам, во краток рок, без огромен буџет или без Меси во тим, не носи ЛШ. Што уствари и се покажа низ годиниве. Дали би им се исплател Гвардиола на Јувентус во овој момент и со овој тим, во оваа конкуренција, тие си знаат. А богами и Гвардиола си знае. Од моја перспектива во моментов, премин на Пеп од Сити во Јуве за него сам би бил салто мортале. Екскурзија која не сум сигурен дали му треба во животот.
Чудно се понаша Јувентус во ситуацијава. Да го тргнеш Алегри (кој успат не го сметам за тренер кој некогаш некому ќе донесе ЛШ), а да немаш в рака решение бар на негово ниво, ако не и боље, мене ми е чудно. Поготово со циклус на средина или во ек. Ова не е завршен циклус на Јуве па као ајде, се заситија, дајте промена и свежина, као Милан и Анчелоти коа се разделуваа, ова е момент коа Јувентус мора да се држи на позиција или да оди нагоре. Ќе биде интересно да се види за кого го тргнаа Алегри и како ќе изгледа Јувентус следна сезона, дали со поголеми шанси за ЛШ, со исти или со помали. Затоа што, играта е таму, за тоа се бори Јувентус очајнички, Серие А е прошла ствар за нив, нели.
Ќе речете, глеај си го Милан, крши глава, ама анализите околу Милан више ги иам апсолвирано до таа мера да ми се дојдени преку топките, затоа малце си мозгам околу другиве, ништо страшно.