Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.867
- Поени од реакции
- 52.940
На страна (за мене) разочарувачкиот исход на крај од епизодата, после второ гледање мора да повторам дека се што водеше до тоа беше можеби перфектно направено. Кога ќе изгледаш и колку труд е вложено во сето тоа, и во какви се услови работеле за да го направат, добива уште поголема тежина.
Моментот со Дотраките беше одличен. Им дадоа надеж со магијата на Мелисандре за многу брзо потоа да ги снема. Кадрите дур сите гледаат како огинот се гаси беа перфекција. Не можеше да има подобар WE ARE FUCKED момент. Да не заборавиме дека на 99.9% од луѓето прв пат ги гледаат мртвите. Перфектно ја долови масивноста на армијата на мртвите, покажувајќи дека и голема коњаница со јаки воини може да проголта како ништо.
Планот на овие никогаш не им беше да ја победат армијата, јасно им беше дека немаат никакви шанси. Планот беше да ги задржат колку што можат, па потоа и да ги сопрат што подолго со огнената ограда, со надеж дека Најт Кинг ќе стигне кај Бран и ќе го убијат на време. Они тоа и чекаа таму на страна со змејовите и не требаше воопшто да се вмешуваат дур не го видат Најт Кинг со змејот како оди кон Бран, ама Денерис не издржа откако виде дека лесно и умира војската.
Музиката беше пак феноменална, ама навикнати сме на тоа веќе.
Имаше многу јаки моменти низ целата епизода, нема што. Ќе ми остане безвезе исходот доколку не се навратат на тоа и ова е стварно крајот за ВВ и Најт Кинг, затоа што ќе испадне дека воопшто не беа вистински битни за се што ќе се случи на крај. Исто и за Бран ако нема убаво објаснување за што прави цело време и која му е вистинската цел него. А од привјуто за наредна епизода, и интервјуата од видеата што ги објавија, ми делува ко да немаат намера да се вратат на мртвите. Останува да видиме.