Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Следува долг пост каде што има и теории од реддит, кои не сум глуп па да не ги разликувам од leaks, но ако треба нека ме банираат од темата ако една од 8497517917 теории се оствари.

А сега како стручњак по сите побарани стандарди тука, ќе искоментирам за епизодата, исто како што правме цели 8 години на истава оваа тема.

Прво како кинематограф. Уживав во епизодата од тој аспект, воопшто не ми пречеше ова со темнината. Сепак the night is dark and full of terrors и бар тоа беше одлично доловено.

Борбите на змејовите, Wun Wun и малата, херојството на Џорах, палењето на Мелисандре, бурата на NK, и музиката, особено „немата“ музика на крај кога беа условно поразени беа врвот на телевизијата, беа на ниво на GoT, на ниво на најдобрата серија на сите времиња.

И толку беше.

Од аспект на воен генерал со титули во Џенералс, Тотал Вор и Ејџ оф Емпајрс - ова беше измачување.
Океј што Дотраките ги испоебаа за џабе, иако ги исхајпаа јако кога ги запали Мелисандре, но што беше улогата на Unsilied во биткава? Па Сем беше покорисен од нив. Што правеа они освен што за 3 минути успеаа да ги одвлечат зомбињата?
Зошто не им ги запалија нив копјата, па тогаш застанеа во фаланга формација, за да бидат прва линија на отпор но линија на отпор која ќе ги запали мртвите и нема да овозможи нивно повторно воскреснување.

Сега ќе речете: Немаа доволно време да се спремат. Не ме јебете. Две сезони се спремаат за оваа битка.

Едино понормално објаснување е дека Мелисандре нема толкава сила да го стори тоа.

За неискористеноста на змејовите и тоа што они можеа со три здива да ја сјебат пола војска на NK е излишно да се коментира.

Немање апсолутно никаква заштита на ѕидовите на Винтерфел? Е како бе никому не му текна едно буре со барут да спушти. Океј, немаше да помогне пошто видовме дека ги има премногу, но сепак, да се обидеа.

Од аспект на метеоролог, ледената бура беше добар момент и одличен заеб од NK.

Од аспект на реддит теоретичар, мислам дека Арја може и да не е изборот на D&D, туку она да е одбрана и во оригиналната замисла од GRRM. Старото дебело милион пати има кажано дека Арја му е омилен лик, Арја е исто така со warg способности во канонот, како и сите Старкови деца, така да мислам дека и во книгите ќе биде ова некое комбо Bran + Arya + Jon. Има многу работи кои ја прават Арја идеален кандидат за ова што го стори.

Секако дека сум разочаран од тоа што не дознавме ништо подетално за Night King и White Walkers, но од друга страна можеби е и позитивно што тоа ќе остане мистерија.

Но едноставно во последните сезони не добиваме никакво обработување на ликови какво што постоеше во претходните, па затоа можеби не ми се чини толку „трагично“ што така лесно го скинаа NK.

Веројатно и пророштвото за Азор Ахаи ќе испадне само бабини деветини, освен ако не се деси нешто у следниве епизоди со Џејми или Џон.

А мислам дека ќе се случи некој таков твист. Затоа што од старт ни кажаа дека крајот ќе биде bittersweet. Досега нема ништо bitter, а убивање сите од страна на Церсеи ќе биде биттер за сите освен за феминистките и за @wot дефинитивно пошто не знам кој друг не е напзиден од нејзината заштита која ја добива од сценаристите.

Исто така сигурен сум и дека некако ќе се обидат да „објаснат“ во што Бран се варгна епизодава. Теоријата за NK = Bran in the past уште може да се оствари. Сетете се на Hold the door.

И на крај од аспект на фан на шоуво, криво ми е што толку многу падна со квалитет но колку и да падна, ќе остане запаметена како најдобрата серија на сите времиња, односно ко нешто што го смени светот на ТВ сериите.
 
сите сме фанови, а дека не треба мозок за теорија, па не би рекол. да препишеш теорија од редит, јутјуб и да ја претставиш ко своја, не треба мозок. ама да имаш став и да го браниш со свои мислења и те како треба мозок. Инаку за се подоле во постот се слагам :)
Поентата ми беше дека воопшто не е тешко да креираш теорија кога веќе си толку навлезен во серијава, заради тоа и пишав дека не е потребен богзнае колку мозок за да претпоставиш што може да се случи. Е сега, има теории и теории, плус невозможно е да избегнеш спојлери и теории пошто се насекаде. Имаш ликови кои си го остаиле детството на серијава и книгите, ги знаат сите факти и детали и кога таков човек ти презентира теорија нормално е да те заинтересира или да те наведе на исход кој е возможен.
 
Поентата ми беше дека воопшто не е тешко да креираш теорија кога веќе си толку навлезен во серијава, заради тоа и пишав дека не е потребен богзнае колку мозок за да претпоставиш што може да се случи. Е сега, има теории и теории, плус невозможно е да избегнеш спојлери и теории пошто се насекаде. Имаш ликови кои си го остаиле детството на серијава и книгите, ги знаат сите факти и детали и кога таков човек ти презентира теорија нормално е да те заинтересира или да те наведе на исход кој е возможен.

Го кажуваш истото што и јас, само со други зборови. Има теории и теории, и критики и критики. Тоа што иритира се оние што симулираат критика и пласираат теории за на сила да се одвојат од толпата што се пали на се и сешто. Тоа што не го рачунаат тие луѓе е дека тоа се гледа од авион и дека делуваат смешно.
 
,
Зошто не им ги запалија нив копјата, па тогаш застанеа во фаланга формација, за да бидат прва линија на отпор но линија на отпор која ќе ги запали мртвите и нема да овозможи нивно повторно воскреснување.
Затоа што нема потреба, копјињата им се со обсидијански врвови.

Мислам дека во серијата обсидијанот средува и wight-ови.
Мислам дека во серијата обсидијан и валириски челик средуваат и wights и ww. Го упростиле некако (може и грешам за ова)
Во книгата, валириски челик и обсидијан се за ww, а wights сеедно, може и со обичен челик и со оган, не им праи разлика.

Како и да е, на сите оружјата им се со обсидијан обложени на сечилата, врвовите, ударните делови, кој го м'кнеа од Драгонстоун.
 
_52a3fa80-6a52-11e9-adf4-e14f82ec3649.jpg


MVP MVP MVP MVP
 
Во недостиг од нова книга и креативен талент од рангот на Џорџ Мартин, се решија профитерски да сервираат тоа што моментално вади најмногу пари на филмскиот пазар, односно марвел тип на епизода (а најверојатно и цела сезона) со medieval авенџери.

Текот на епизодата е истиот со скоро секој марвел суперхерој филм. Се соочуваат со непријателот, ситуацијата изгледа безнадежно, храбро се борат ама непријателот е пресилен. на крајот веќе се паднати на колена и кога веќе се изгледа дека е готово, жданг! Од негде се дава некој и му ја крши кичмата на главниот, и со тоа магично победуваат, сонце огрева и чулулиги пеат.
Буквално 95% од секое super hero movie сценарио.

Тука се medieval авенџерите, пет шест души кои храбро се борат убиваат по илјада непријатели секој од нив, иако цело време се опколени од стотина зомбиња кои ваљда ги гушкаат и си ги тријат зомби курињата од нив. Бриен десет пати се ваља на земја со зомбиња, ја гризат ја пустат па стана пак ги коле. Џон пред замокот кога Најт Кинг ги дига мртвите е опколен од десет илјади зомбиња, за во наредна сцена да има само десетина зомбиња кои споро се движат накај него. Ај може дека тазе разбудени зомбињата па полека се движеле да се растегнат малку.

Сега веќе знаеме како ќе иде, кога им се виде степенот на креативност. Серси ќе победува и ќе се јача две епизоди за на крај од безизлезна ситуација со некоја пресвртница да ја тепаат.

Тоа се продава најдобро, тоа ќе се сервира.
 
Последно уредено:
Е како бе никому не му текна едно буре со барут да спушти.
каков бре барут?

Али да, можеа нешто ужарено да сипаат, ко у Среден Век.[DOUBLEPOST=1556573130][/DOUBLEPOST]
Старото дебело милион пати има кажано дека Арја му е омилен лик,...
Не. Поише пати има кажано дека Тирион му е омилен лик. Али да, има кажано друг пут дека Арја му е омилен лик. Свашта он кажува.
 
Затоа што нема потреба, копјињата им се со обсидијански врвови.

Мислам дека во серијата обсидијанот средува и wight-ови.
Мислам дека во серијата обсидијан и валириски челик средуваат и wights и ww. Го упростиле некако (може и грешам за ова)
Во книгата, валириски челик и обсидијан се за ww, а wights сеедно, може и со обичен челик и со оган, не им праи разлика.

Како и да е, на сите оружјата им се со обсидијан обложени на сечилата, врвовите, ударните делови, кој го м'кнеа од Драгонстоун.

Секако дека помислив на тоа, но еве според епизодава не е така, немаше ефект драгонглассот врз wights речиси никаков. Дури и штитовите и дрвените ѕидови мислам дека им беа со драгонгласс, ама значаен ефект на тој драгонгласс/обидијан не видовме. Фактички испадна дека џабе тетеравеа до Драгонстоун и донекаде џабе што Џон клекна пред Калисито.


Не. Поише пати има кажано дека Тирион му е омилен лик. Али да, има кажано друг пут дека Арја му е омилен лик. Свашта он кажува.

Повеќе пати сум прочитал за Арја, а за Тирион и Сем, дека се препознава во нив.
 
Добро бе, знае ли некој Бран зашто варгна у гавраните?

mislev varga za da prai nekoi finti ali neli samo koga varga moze NK da go gleda kaj e
pa moze samo da go namami kaj drvoto, mu titna kaj e

aj objasni mi za religijata, arya od team many faced god a i pomaga lord of the light
ko ja ko hristijanin da palam vesterki i posle smrtta 72 devici op :D


prav si, a ist li e zborot i za wyvern?

--

najgolem let down ke bide tyrion ako ne javne zmej
u prvite knigi do kaj so imam citano go zborea kolku gi obozaval kako dete, se gubel u biblioteka citajki za niv i kisnel dole u podrumot so nivnite kosturi, pa koga go spoea so dany...
 
За многумина серијава е станата too mainstream to enjoy.
Егото ќе се обиде тоа да им го скрие со „брат, ми ја вреѓа интелигенцијата, брат ова е за проста раја, ова е за новите генерации, crowd pleaser“ и слично.

Како бе никој важен омилен лик не ви умрел? Навивав за Најт Кинг да го освои престолот :(
Еден другар ми рече „не умреле некако многу ликови епизодава“
Друг другар ми рече слично, мислел ќе умреле повеќе ликови епизодава
:D
 
Изгледа и Ghost е жив, го има на трејлерот за наредната епизода.
 
prav si, a ist li e zborot i za wyvern?

Не. Wyvern е змеј со две нозе, Dragon ти е змеј со четири нозе. Змејовите во ГоТ не се dragons туку wyverns. Мартин повеќе му се допаѓале оние со две нозе од тие со четири (ерес!) и затоа тие ги имаме. Ламја може да се опфати повеќе типови на змеј, од најобичен/класичен до змеј со три глави и што ти не.

1457626615300.jpg
 
Можеби поарно ќе беше тоа барикадите да ги наполнат со вода некако, умрениве не можат да пливаат, just my 2 cents :unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom