Вториот филм во Рокиевата франшиза во кој главен лик е синот на големиот Аполо Кирд - Адонис. Во првиот филм гледавме како Адонис пробува да се протне до боксерската голема сцена со помош на големиот "frenemy" на татко му - Роки. За жал Сталоне не доби Оскар за таа улога, но сепак и во првиот филм за Адонис, а и во овој, стариот Слај докажува дека he still has it!
Како фан на Роки, искрено првиот филм не ми беше нешто посебно. Дури и би го ставил како најлош од сите Роки филмови (за мој вкус) Мајкл Б Џордан ми беше неверојатно антипатичен, и едноставно тешко е да се навива за овој лик. Доказот дека не сум бил толку далеку од моето мислење за Мајкл Б Џордан е и тоа што најголемата улога на Мајкл Б Џордан во кариерата му е негативец во Блек Пантер (и одличен беше таму)
Овој филм е многу подобар од првиот. Овој филм има повеќе душа и срце и повеќе "Рокизам" во него. Рокизам е... нешто што сега го измислив и треба да асоцира на претходните Роки филмови. Додава битки надвор од рингот низ кои што Крид треба да помине. А многу често и тие битки се многу поопасни од боксерските. Можеби не се сите работи во филмов на највисоко ниво, и има неколку работи кои што можеби не би ве "фатиле" ако не сте внесени во филмов уште од старт, ама се на се филмот delivers таму каде што треба.
Крид во филмов е добар, Роки не е во главна улога и тотално се гради Адонис како главен лик на новава франшиза. Душата на Роки филмовите е тука, одличните борби се тука (неколку луѓе во киното се држеа за уста и реагираа како вистински да се борбиве), badass тренинг монтажите се тука.
Секогаш е предобро да се види Долф Лундгрен во филм, особено ако репризира познат лик од минатиот век. Иван Драго е кул како и секогаш. Добро е во филмов што им обрнаа мало внимание и на "негативците" кои добиваат и backstory и се внесува емотивност на ликовите чисто колку да бидат барем малце повеќе од "русин машина нема емоции baaaaaad", што е добра работа.
Крајот на филмот/битката е сосема ок.
Каде ќе одат понатаму со франшизава? Немам појма.
Тоа што имам појма е дека Крид 2 е се што сакав првиот филм да биде, и тотално delivers тоа што треба. Има работи што можеа и подобри да бидат, ама се на се добива лајк од мене филмов и го препорачувам на сите фанови на Роки што сметале дека првиот филм не е нешто посебно (иако не беше лош и тој ама фалеше нешто за да биде во Роки стил)
За крај:
Секоја пофалба за Холивуд, што имаат црнец главен лик во филмот. Мислам ајде... франшиза за Италијанец??? Па преку кур од фрашнизи за италијанци милион ги има!!!! Одлично е што Холивуд се грижи за репрезентација на малцинствата и што ни овозможија да видиме црнец во главна улога.
Освен тоа што главна улога е црнец, прогресивноста на Холивуд и репрезентирање на малцинства се манифестира преку тоа што девојката на Крид има проблеми со слушање.
И сето тоа е супер, ама прогресивноста на Холивуд не запира тука. Секоја чест за Холивуд што направија филм во кој што Русите се негативци и се прикажани како роботски суштества што се растени на улица како кучиња и што се полни со омраза. Тотално никогаш не сме го виделе ова во ниту еден филм порано, тотално добра репрезнтација на Русите.
И фала богу Холивуд си ја научи грешката. Откако Скарлет Јохансот беше избркана за да не глуми транс личност поради тоа што не е транс, Холивуд веднаш реагира со тоа што Швеѓанец и Русин глумат луѓе од СССР.
Особено внимание треба да се даде на салите во кои што тренираат Швеѓанецот и Русинот за чие создавање било потребно макотрпна работа од 2 минути гуглање "Russia in 20 century" за да се долови тој точен изглед на Русија во 2018.