Здраво,
Планирам да купам половен автомобил во границата меѓу 4500-5500 еур
Сакам совет од вас (бидејќи не се разбирам многу во автомобили) каков би бил вашиот избор со ваков буџет.
Бидејќи немам конкретен избор, единствено услови би биле колата да биде со мала потрошувачка и прилично ефтина за одржување.
Можеби Голф 5, Ауди А3, Сеат Леон или некој Опел....
Ви благодарам однапред
Ауди А3 е највисока класа и со најквалитетни материјали. Многу подобро од сите овие.
Опел Астра H e доста лошо возило. Комоција нула.
Леон е исто убава кола, но има полоши материјали и од Голфот oсобено во ентериерот. На Леон мана му е што и тешко се продава. Па ако сакаш да го продадеш незнам после 1 година или 2 ќе треба да се помачиш. И не држи цена како Ауди и Голф
Сепак јас би земал Сеат Леон, бидејќи е убаво возило,
Ауди А3 и Голф 5 се коли кои најмалку им паѓа вредноста, држат цена, па ништо чудно, иста цена да имаат и после 1 година, па дури и да си во ќар ако ги најдеш евтино.
Друга предност е што најлесно се продаваат.
Треба да бараш само добар примерок. И по можност да не биде Од плац, бидејќи сите тие коли се оставени на Запад на плац тогаш кога им доаѓаат скапите сервиси (за смена на ребрасти, менувач, чукнати или некоја друга поскапа мана)
Ако сакаш убаво и сочувано Ауди А3 за евтина цена, пиши ми порака ќе ти дадам број од човек. Ништо да не чепкаш со сите големи сервиси направени.
Дечково секоја недела носи коли од Германија скапи, и имаше едно Ауди А3 земено во размена. Му го оставија Ауди А3 ката и му доплатија за Ауди А5ка
Важно е што сите сервиси ги направил минатиот сопственик бидејќи си ја возел колата.
Незнам дали ја огласил за продавање, бидејќи ја размени пред 1 недела колата и веднаш потоа замина за Германија. Вчера се врати па ако ја има уште поубава понуда немаш
Ако веќе бараш од плац Ауто Милано има убави коли, но планирај си во брзо време пари за голем и мал сервис, без разлика од кој плац да ја земеш.
[DOUBLEPOST=1542758622][/DOUBLEPOST]
Според вас што е подобро Golf 5 1.9 TDI 105 кс ili Аudi A3 1.9 TDI 105 кс?
Која е поисплатлива во однос на потрошувачка и одржување?
Мислам дека со цените се тука некаде
Ако биде Ауди А3 2.0 ТDI е подобар избор. Појак мотор oд 1.9, троши не повеќе од 0.5 литри на 100км . Многу побрз мотор и цели 35 коња повеќе снага
Ако е Голф 5 пак би одел на 2.0 ТDI , а можеш и 1.9 ТDI , но само со 6 брзини. Тие со 5 брзини се прилично истрошени и многу веројатно е дека ќе треба да менуваш ламела ако не е менувана.
А таа не е баш евтина. Исто така за на отворен пат си треба 6-та брзина.
Значи голф 5 или 1.9 ТDi со 6 брзини или 2.0 TDI ако сакаш да избегнеш потенцијален проблем.
Немој да те плаши 2,0 ТDi Тој e лош мотор само во раните верзии на Пасат 2004-2007 , . Секаде на друго место е одлично погоден и во голфот, и во Ауди, и во Леонот.
Тој е наследник на 1.9ТDI koј веќе не се прави.
Промашени мотори на VW групација се 1.4 во голф 4 и сите други коли од таа година. И се разбира 2.5 Тди кој беше катастрофа. Затоа веќе и го нема.
Се друго е погодено.
[DOUBLEPOST=1542758765][/DOUBLEPOST]
Ајде и јас да си прашам нешто...за пежо 207 кои се филтри е потребно да се сменат како за кола на која си нов сопственик?

а за масло читав дека производителот препорачува Тотал 9000 5-40.
Јави се во Пежо Еуроимпекс. Често имаат промоции и даваат добри цени на масло и филтри. Ако фатиш таква акција, тогаш ќе поминеш поевтино и од обичен мајстор[DOUBLEPOST=1542758929][/DOUBLEPOST]
Cenata e 2800 evra
Isto ima i pezo 206 sedan
2009
Benzin plin
55kw
3200 evra
Pa neznma sto da zemam
Ne se razbiram mnogu od kolive
Пежо 206 седан е покажана кола, со убава вожња. Пази да не налеташ на некое од такси само. Тие 99% за такси ги земаа на времето.