Cinedays

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Криво ми е што нема да го даваат Roma. :notworthy:
Рома прв пат ќе биде премиерно на 21ви ноември во САД, така да скоро и невозможно беше да дојде на Синедејс.
Белки до крајот на декември ќе го дочекаме во Синеплекс, пред да излезе на Нетфликс.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Рома прв пат ќе биде премиерно на 21ви ноември во САД, така да скоро и невозможно беше да дојде на Синедејс.
Белки до крајот на декември ќе го дочекаме во Синеплекс, пред да излезе на Нетфликс.
Лани и The Shape of Water и Three Billboards беа на Синедејс пред официјалната премиера во САД.[DOUBLEPOST=1541087944][/DOUBLEPOST]Има убави филмови, но малку се разочарав кога видов дека дури 6 од гала програмата веќе ги имам гледано: Darkest Hour и Phantom Thread беа номинирани за Оскар за 2017, for God's sake. Плус и Isle of Dogs, Happy Prince, Don't Worry He Won't Get Far on Foot и BlacKkKlansman. Не знам...[DOUBLEPOST=1541099535][/DOUBLEPOST]И програмата, толку никој да не ја објави до сега? Бујрун:
 

Attachments

Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
фино...

11ti nedela 20 00 Cold War (2018), The House That Jack Built (2018)
13ti vtornik 20 00 Shoplifters (2018), Everybody Knows (2018)
14ti sreda 20 00 Loro (2018), The Image Book (2018)
15ti cetvrtok 20 00 BlacKkKlansman (2018)
16ti petok 20 00 The Favourite (2018), Dogman (2018)
17ti sabota 17 30 Double Lives (2018), The Wild Pear Tree (2018),

болд сигурно, поцртан италик можда


 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
фино...

11ti nedela 20 00 Cold War (2018), The House That Jack Built (2018)
13ti vtornik 20 00 Shoplifters (2018), Everybody Knows (2018)
14ti sreda 20 00 Loro (2018), The Image Book (2018)
15ti cetvrtok 20 00 BlacKkKlansman (2018)
16ti petok 20 00 The Favourite (2018), Dogman (2018)
17ti sabota 17 30 Double Lives (2018), The Wild Pear Tree (2018),

болд сигурно, поцртан италик можда

Освен за BlacKkKlansman, за другите, горе-долу се поклопуваме. Се гледаме во Милениум.

Моите:

10.11 сабота 20:00 The Man Who Killed Don Quixote 22:30 Sunset
11.11 недела 20:00 Cold War 22:30 The House that Jack Built
13.11 вторник (Фросина) 21:00 Touch Me Not
14.11 среда 15:00 Shoplifters 17:30 Everybody Knows
14.11 среда 22:30 The Image Book
16.11 петок 20:00 The Favourite 22:30 Dogman
17.11 сабота 17:30 Double Lives 20:00 The White Pear Tree 23:00 Suspiria[DOUBLEPOST=1541148618][/DOUBLEPOST]P.S. Cold War на Павликовски го имало на rutracker. Уште еден помалку.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Инаку изгледа од годинава нема да има студентски попуст да си знаете... :(
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Да не ќе оди вечер некој на косовскиот „Брак“?

Јас си купив карти и за Sunset, The House that Jack Built, Suspiria, The Wild Pear Tree, Everybody Knows и The Favourite.
Сакам да ги гледам и Touch Me Not, Ana By Day и уште некои други, ќе видам како ќе бидам со излегување од работа за тие репризните проекции.
Многу ми се гледа српскиот Товар, ама ми се поклопуваше со некој друг поважен.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Мајло ќе ме гледа мене преку ден, а јас ќе го гледам Мајло преку ноќ на Триер, Лантимос и Суспириа
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Sneak peak за тоа какви филмови ќе има на Синедејс во 2069 :D

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Заврши уште едно издание на Синедејс, па да направиме мала ретроспектива што сме гледале:

1. Todos lo saben / Everybody Knows - Asghar Farhadi - Шпанија / Франција / Италија

1.jpg

Мене ми се допадна. На Фархади сите кои сум ги гледал до сега се граничат со мелодрама, па и овој не изостануваше. Но тука имаше елементи и на трилер, и на неизоставната семејна драма. Но за разлика од неговите ирански филмови, во првиот шпански се забележуваше малку повеќе топлина, малку повеќе од медитеранската топла крв. До душа имаше моменти кога по малку потсетуваше на латиноамериканска серија, но минливо беше. Направив неколку паралели меѓу The Salesman и овој, како и меѓу A Separation и овој. Не може да не се заклучи дека Фархади целел кон прикажување на универзалноста на темите и човековите одлуки во одредени ситуации, со што сака да каже дека и покрај сите разлики, каде и да сме на планетата, сите сме исти.
Што се случува: мајка (Пенелопи Круз) и нејзините 2 малолетни деца одат на свадба кај роднини во малечко шпанско гратче во кое пораснала. Таму се среќава со љубовта на својот младост (Хавиер Бардем) и со еден куп семејни тајни за кои само секунди делат од испливување на површина, и за кои, иако се тајни, „сите знаат“. Филм за семејството, за општествените норми, за моралот, за родителството, за љубовта... Прекрасно режиран, нормално, прекрасно одглумен од маестралните Круз и Бардем, но и од сите останати... Мене ми беше баш уживање, како и секој на Фархади. 8/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
2. Manbiki kazoku / Shoplifters - Hirokazu Koreeda - Јапонија

2.jpg

Освојувачот на Златна палма во Кан годинава. Еден многу тивок, смирен приказ за родителството и за љубовта кон децата. Дали само оние кои можат да родат и кои имаат деца се (добри) мајки? Што ја прави мајката мајка? Филмот баш експлицитно одговара на овие прашања притоа оставајќи го гледачот со подзината уста. Она што малку ми сметаше тука е првата половина од филмот каде нештата се одвиваа пребавно. Но веќе при крај копчето почнува да се отплеткува и ударот е навистина силен. Ми беше меѓу 7 и 8, но му ставив послаба зашто ги гледав со тој погоре едн по друг, а некако тој ми остави посилен впечаток. Значи 7/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
3. The Favourite - Yorgos Lanthimos - UK / Ирска / САД

3.jpg

Од-ли-чен! Веројатно најдобриот на Лантимос до сега. Сѐ ми се допадна тука, од глума, режија, приказна, сценарио, сетинг... А веројатно најмногу од се, камерата. Ќе навивам за овој да земе Оскар за кинематографија. Имаше некои многу интересни, чудни дисторзии кои го закривуваа просторот, ко камерата да е сместена во некое шише, или ко да гледа низ некое шише. Плус, и во многу кадри каде некоја од дамите беа прикажани во преден план, камерата беше поставена многу ниско, на нивото на градите на актерката, па се добиваше впечаток како тој што снима да клечи пред кралицата или другите лејдис. Исто така, одлично вметнат хуморот, во речиси секоја сцена. Имаше навистина многу смешни моменти. Дијалозите беа одлично напишани, проникливи и интересни, со голема доза на иронија и сарказам во репликите. Лантимос си го осставил својот печат во филмов. Иако не е со некоја мрдната тема како предходните 2, сепак кој ги гледал нив, може веднаш да забележи дека и овој е негов. Право бонбонче!
Приказната: еден вид биопик за некоја британска кралица, Ана (Оливија Колман), која владеела 5-6 години во раниот осумнаесетти век. Но некако како да нема многу желба да владее, па сите одлуки и ги препуштила на сопругата на нејзиниот прв генерал на армијата, Сара Марлборо (Рејчел Вајс). Додека таа ја води државата, во дворецот се појавува нов лик, младата Абигејл (Ема Стоун) која има претерано болни амбиции за чие остварување не бира средства.
Тука, пак, единствено што не ми се допадна беше крајот. Ми фалеше нешто таму, ми остана некако недокажан, незавршен. Но сепак, од сегашна перспектива, мислам дека осмицата која му ја дадов тогаш, е малку. Затоа ќе ја заменам со една голема 9/10. Најдобриот на Cinedays годинава!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
4. Ahlat Ağacı / The Wild Pear Tree - Nuri Bilge Ceylan - Турција / Македонија / Франција / Германија / Босна и Херцеговина / Бугарија / Шведска

4.jpg

Уште еден прекрасен филм! Јас Нури Билге Џејлан го знам само по Winter Sleep, и тој филм се сеќавам дека ме мрдна од убавини, а ништо помалку не е ни овој. Да, 3 саати трае, да, предолго е, и не се издржува, плус, неговите филмови се без некое дејство, повеќе се само дијалози, дијалози и дијалози (и тоа какви дијалози во обата случаи) но режисерот успеал во текот на тие 3 саати да начне толку многу теми, да праша толку многу прашања, што мене во ниту еден момент не ми беше досаден (ете, освен можеби сцената со имамите кога дискутираа за религиите и за Исламот). Инаку, филмов говори за семејството, за децата, за родителството, за бракот, за љубовта, за убавината, за уметноста, за светот околу нас, за објективноста, за моралот, за религиите, за книжевноста, за политиката, за Турција и местото на Турција во светот, за луѓето, за животните, за филантропијата и мизантропијата... Прекрасно филозофско дело кое поттикнува на размислување. Мој фаворит за Оскар од неанглиско говорно подрачје!
Приказната: млад писател кој штотуку дипломирал во големиот град се враќа назад во малото селце каде ги презира сите до еден - дури и неговите најблиски, особено татко му со кој не може да се поврзе никако, затоа што тој има чудни начини да пристапи кон него. :D Не можејќи да се прилагоди назад, и не знаејќи што да прави со себеси, мора да донесе одлуки што понатаму во животот, при тоа собирајќи пари за издавање на неговиот прв роман - „Дивата круша“. Филмов изобилува со многу метафори, прекрасни кадри, убава режија и глума... Сѐ на сѐ, многу ми се допадна. 8/10
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom