S01>>>>S02
Искрено да ви кажам, првата сезона мене ми беше revelation во споредба со вторава. Ако зборуваме најреално, сезонава не понуди ништо ново во однос на првата и сај фај жанрот воопшто. Се потпираат на слава стара со измешаните тајмлајни, на кои овде веќе бевме навикнати и уходани, никаков пресврт или мајндфак на ниво на сезона. Најголемиот твист беше што Акечета цела епизода и раскажувал на Мејв а не на ќерка и, што од аспект на дејство е тотално небитно. Делот со трансфер на свест беше новитет, ама сепак ништо спектакуларно, зашто цела сезона се вртеа околу него, па не беше ептен изненадување. Во врска со ликовите, премногу ја местат Долорес во центарот на дејството, што веројатно им одговара на луѓето што ја сакаат. Мене не е тајна дека ме нервира ликот, а почна и актерката најверојатно заради ликот, а и заради тоа што некој имал генијална идеја EWR да зборува како да има тумор на гласни жици. Не знам за вас, мене интонација на глас многу ми влијае на севкупен впечаток во однос на глума, и од такт се вадев коа ќе ја слушнев со очигледно неприроден длабок глас да зборува. Со истиот тоналитет почна да зборува и новата црна Долорес што значи нема спас од тоа во трета сезона. Не можат сите да извадат husky voice и нека не ми глумат лудило. Премногу ги форсираа жените и феминизмот сезонава што исто не ми беше ептен по мерак, ама можам да поминам преку тоа ако ликовите се иснпиративни. Овие не беа, и Долорес е садист и психопат и далеку од херој во приказнава. Се на се, имаше некои одлични епизоди сезонава индивидуално, ама како целина ме разочара, наспроти првата која имаше лоши епизоди индивидуално ама како целина импресионираше.