- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.734
Некои од тие ствари се безвременски. Саган у „Светот ловен од демони“, даваше баш пример како демоните од грчкиот митос, еволуираа во демоните на христијанството кои станаа вонземјаните у 50-ти и 60-ти што им правеле анални тестирања на залутаните несреќници. Пакувањето и естетиката на „семиотските духови“ ко што ги вика Гибсон варира зависно од духот на времето, ама некои општи концепти се суштински за човечката природа и се наоѓаат у сите цивилизации.Тоа може да зборува за тогаш не за сега.
Ради тоа ќе видиш дека грчките богови праат слични пиздарии ко Вишну, Шива и Брахма, се исти шупаци и водат војни поради слични причини.
Дури самиот Педерсон верува во тоа дека еволуцијата е побрза отколку што некои претпоставуваат, што резултира со брзи социолошки промени, а тоа се одразува на културата, политиката и социологијата, што ќе доведе до уште побрзи промени откако ќе се аугментираме и ќе ја смениме својата природа.
Ја мислам дека не е прашањето дали митовите кажуваат нешто за тоа што значи да бидеш човек тогаш и сега, сигурен сум дека кажуваат. Само сумњам дека фројдовските и јунговските толкувања се добри околу тоа прашање. Бидејќи самите по себе се парадигми, им фали еклектичност. Истото срање се дешава и во литература, секое дело се толкува исто. Не е све конфликт меѓу добро/зло. Не е све конфликт меѓу маж/жена, секс/несекс, работници/сопственици и слично. Нешто е работници/сопственици, нешто маж/жена, нешто Стар Трек/Стар Ворс.