Jordan Peterson

Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Sakam da si fatam devojka, ama se sramam da im prijdam. Se osecam kako slabak, i mn mi e nezgodno posto ne znam koja ima decko a koja nema i mn e nekako neli sube da ja prasam ne sakam da me odbie sum cul deka Jordan dava soveti za optimisicki da gledas na zivotot i deka evolutivno mozelo da se podobri vakviot odnos.
Pomaga li ova?
Ako te zdrvi so imam decko odbij, odma daj i kontrareplika i Pelister imase golman pa go primi, prosledeno so edno naglaseno hehe i smekersko namignuvanje.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ја гледавте дебатата меѓу Жижек и Питерсон? :D

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
У животов имам потрошено вкупно 5 минути за гледање на видео од Питер Џордансон, Славој Жмижак, Хичинс и тој еден Јапанац и тој шо ви е исто најбољи црнец Тајсон или така нешто. 5 минути укупно за сите нив.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Педерсон со токсичната машкост ги нервира феминистките
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Не, добар е иако скоро му се случило ударац.
Тоа е проблемот со сите како тебе што се пристрасни. Ти ќе го сереш Питерсон и кога има и кога нема право, исто ко тие што го сакаат и според нив само злато му излага од устата.
Ти мислиш дека тоа е кечерска борба. Ликовите, ако не забележа, се сложија скоро за све.

Имаше пред некој ден на Филозофски Факултет проекција на дебатата и требаше да се најдат логички грешки. И двајцата кажаа милион глупости. Питерсон, за чудо, иако е лаик за Марксизам (што се глеа по некои фактографски глупости што ги тресеше), аргументите против Манифестот, како на пример тој против класниот редукционизам, му беа на место. Жижек тресеше ноторни глупости за биологијата, етиката и среќата.

Ама тебе ти е кул Жижек, не е ко овој „притаениов наци инцел", па не можеш да бидеш непристрасен. :D
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Тоа е проблемот со сите како тебе што се пристрасни. Ти ќе го сереш Питерсон и кога има и кога нема право, исто ко тие што го сакаат и според нив само злато му излага од устата.
Ти мислиш дека тоа е кечерска борба. Ликовите, ако не забележа, се сложија скоро за све.

Имаше пред некој ден на Филозофски Факултет проекција на дебатата и требаше да се најдат логички грешки. И двајцата кажаа милион глупости. Питерсон, за чудо, иако е лаик за Марксизам (што се глеа по некои фактографски глупости што ги тресеше), аргументите против Манифестот, како на пример тој против класниот редукционизам, му беа на место. Жижек тресеше ноторни глупости за биологијата, етиката и среќата.

Ама тебе ти е кул Жижек, не е ко овој „притаениов наци инцел", па не можеш да бидеш непристрасен. :D
Зашто бе пристрасни?
Едноставно толку му е капацитетот на Педерсон, нон-стоп користи две премиси од кој вади аматерски заклучок (кога зборуваме за логика) соочувајќи се со батка кој учел марксизам уште од средна школа. Мислам човекот излезе на дебата само да си ја рекламира книгата.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Случајно скролав низ темиве па го начекав ова и си викам ајде ќе искоментирам.

Вака, мене реално ми се свиѓаат неговите предавања, посебно кога зборува за индивидуата и советите кои ги дава за подобар живот, како да се подобриме, да надминеме некои лоши моменти/карактеристики и тн. Од друга страна, има интересни поенти и неговото "политичко гледиште". Но, има и лоши моменти.
Но општо и генерално не ми се допаѓаат неговите политички искази. Зошто? Бидејќи го прави истото што го прават левичарите. Sugarcoating и суптилност. Ти го пакува десничарството во една поубава и посимпатична верзија и уште толку го стимулира десничарството како прибежиште од екстремното сеприсутно левичарство, при што несвесно ги јакне крајните десничари и им дава уште поголема причина да бидат уште по радикални.

Он како интелектуалец е злоупотребен од десницата со цел да се "омекнат и рационализираат" позициите на истата политичка опција и идеологија и да се приближи истата идеологија до помладата и урбаната популација. Досега тоа тешко им одеше, бидејќи неможеа да најдат некој рационален десничар кој нема да биде хардкор екстремен во она што го збори и истовремено да е толку енормно популарен.
Муабетот е што 90% од неговите политички искази на интернет се стрикно и строго КОНТРА far leftist и identity politics. Верувам, и сигурен сум дека он не ги подржува ни десничарите, ама никогаш не посветува 90% од своите јавни настапи на ругање на десничарството, кое и те како е канцерогено, исто ко и левичарењето кое го критикува. Се форсира еднострано негово гледиште, а се игнорира и запоставува друго (што би било според мене, медиумска злоупотреба)

Што се однесува до слободата на говор и одбивањето да ги прифати оние наметнати pronouns за трансџендер популацијата - скроз се согласувам.

Поентата е да не се заслепуваме со некои персони ко него, пошто он е фрлен во оган да биде новиот концептуалист на модерната десница, која се трудат и сакаат да ја мејнстримизираат и да биде прифатлива за секој човек (а не само за white supremacist белците). И мислам дека тоа е исто штетно како и екстремното мејнстрим левичарење.
Генерално, доста добри критики упатува кон крајните левичари, работи коишто стварно држат вода. Ама не треба да се фатиме за неговите политички убедувања ко слеп за стап.

Многу повеќе уживам во неговите предавања за психологија отколку во неговите политички излагања.

Книгата (12 правила) му е релативно океј, очекував многу повеќе пошто ептен е хајпан некако.Али генерално, солидна книга за читање.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Ех судбина, уште еден инфлуенсер со еба мајката, очигледно неслушајќи ги своите совети, а ги делеше ко од ракав.


На почетокот на февруари 28-годишната ќерка на Питерсон, Микаела, објави кратко драматично видео во кое тврдеше дека таа и татко ѝ биле во Русија во потрага по нестандардна терапија за неговата физичка зависност од лекот клоназепам.
Според неа, тој речиси умрел на неколку пати во текот на третманот, а после неколку недели на интензивна нега не можел ниту да зборува, ниту да пишува.


Целата сага главно е покриена од конзервативни медиуми, кои се потпираат на приказната на Микаела, нутриционистички „инфлуенсер“ без медицинско образование, која тврди дека си го излечила јувенилниот артритис и клиничката депресија јадејќи само месо и пиејќи само вода. Питерсон ја промовираше глупата диета на ќерка му темелена на будалаштини и бабини деветини, а има изјавено (во јули 2018) дека и самиот не јаде ништо друго освен говедско и салата. Не е јасно дали тој продолжил да ја следи оваа екстремна диета и дали таа придонела за влошување на неговото здравје.
Клоназепамот на Питерсон му го препишал семеен доктор во 2017 заради вознемиреност, а потоа ја зголемил дозата откако неговата сопруга била дијагностицирана со рак на бубрези во април 2019. Тој наводно не сфатил дека станал зависен од лекот додека не ги почувствувал ужасните симптоми кога се обидел да прекине со него. Во англиската медицинска терминологија сепак се прави разлика помеѓу физичка зависност (physical dependence) и генерална зависност (addiction) која се дефинира како „компулсивна употреба на некоја супстанца и покрај штетните последици“. Во случајот со Питерсон ќерка му тврди дека станува збор за првото. Без оглед на ваквата нијанса, многумина ја забележуваат иронијата - дека клиничкиот психолог кој промовира стоицизам, моќ на волјата и преземање одговорност за сопствениот живот, самиот не успеал во сето тоа.
Проблемот со седативи од групата бензодиазепини (во кои спаѓа и кај нас почесто користениот дијазепам) е во тоа што тие можат да бидат многу корисни доколку станува збор за краток период, но нивниот ефект се намалува доколку се користат секојдневно во тек на подолг период. За само четири недели можат да развијат зависност, а наглото откажување може да предизвика тешка вознемиреност па дури и животозагрозувачки грчеви. Вообичаената лекарска процедура е да ја намалуваат дозата за 25% секои две недели, што би требало да овозможи успешно одвикнување во 80-90% од случаите. Но доколу некој се обиде сам да го стори ова, со дозирања на своја рака, како што тоа најверојатно го направил Питерсон, тогаш следниот пат откажувањето ќе биде уште потешко (тн. kindling effect - ефект на прегорување). Капак на сето ова, Питерсон имал и парадоксална реакција на седативот, кој, наместо да го смирува го правел екстремно вознемирен, состојба наречена акатисија, кога пациентот постојано мрда, се преместува, се лула, накратко - не го држи место. Ваквата реакција на бензодиазепини е многу ретка и се случува кај 1-2% од пациентите.
Доколку сето ова е точно, тогаш Питерсон едноставно бил во стапица - не можел да зема лекови, а не можел ни да не ги зема. Третманот кој го добил во Русија, а кој е во најмала рака нестандарден, се состои од „итна детоксикација“ која во случајов подразбирала ставање на пациентот во индуцирана кома. Освен ако комата не била заштитна мерка за Питерсон да не се повреди самиот себеси или да не добие инфаркт или мозочен удар од преголема вознемиреност.
Микаела ја обвинува западната медицина за состојбата на татка си. Херојскиот наратив, толку често присутен во предавањата на Питерсон, и тука како да игра улога. Но откажувањето од тешки лекарства кои создаваат зависност можеби е таков проблем кој не подразбира (само) херојство, туку и научно потврдени практики.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom